Контакт

Забава

Диди ја одби спогодбата: му се заканува доживотен затвор

Објавено пред

Судот во Њујорк потврди дека Шон (Диди) Комбс го отфрлил договорот за признавање вина од федералните обвинители, кој би му дал намалена затворска казна во замена за признавање на вината, објави „Еј-би-си њуз“. Одлуката е донесена само три дена пред почетокот на неговото судење, кое вклучува сериозни обвиненија за рекетирање, трговија со луѓе и организирање проституција.

Судијата Арун Субраманијан лично го праша музичарот дали ја одбил понудата на обвинителите. „Да, да, Ваша чест“, одговори Комбс на сослушувањето.

Деталите за одбивањето не се објавени. Судењето почнува в понеделник со избор на порота, а воведните зборови се закажани за 12 мај.

Комбс се соочува со доживотен затвор доколку биде прогласен за виновен по сите точки од обвинението.

Обвинителите тврдат дека познатиот продуцент со години принудувал жени на сексуални односи. Во обвинението се тврди дека тој водел криминална организација, која систематски злоупотребувала повеќе жртви во целата земја.

Еден од клучните сведоци ќе биде неговата поранешна партнерка, пејачката Кеси Вентура, која јавно го обвини за силување и долготрајна злоупотреба во 2023 година. Тој случај бргу беше решен надвор од судот, а деталите од спогодбата не се познати.

Адвокатите на Комбс најавуваат одбрана врз основа на тврдењето дека станува збор за свингерски начин на живеење, што нивниот клиент не го сметал за проблематичен бидејќи, според адвокатот Марк Агнифил, тоа било вообичаено и општествено прифатено во одредени кругови.

За време на судењето се очекуваат исклучително шокантни сведоштва. Обвинителите најавија сведочења за години физичко малтретирање, принудни сексуални маратони и повеќекратни силувања.

Комбс е во притвор во Бруклин од апсењето во септември 2024 година. Тој беше уапсен откога властите ги претресоа неговите луксузни вили во Лос Анџелес и на Мајами, каде што наводно беа пронајдени автоматски пушки „АР-15“ и илјадници шишиња лубрикант.

Се очекува судењето да трае помеѓу осум и десет недели.

Најново

Црна хроника52 секунди

Охриѓанец со стаклен предмет ја нападнал снаата

Полицијата го приведе Р.К.(49) од Охрид. „Според пријавеното, околу 19:30 часот во домот каде што живее тој со неговиот татко...

Црна хроника3 минути

Пожар во Кисела Вода, маж пренесен во болница поради вдишување чад

Синоќа во полицијата било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода избувнал пожар, при што била зафатена жива ограда од...

Црна хроника6 минути

Тепачка меѓу две групи во Тетово, двајца 20-годишници избодени со нож

Пред угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово настанала физичка пресметка меѓу две групи, при што бил употребен и...

Црна хроника9 минути

Велешанец ја нападнал партнерката во домот и ѝ се заканувал со остар предмет

На 7 август во 22:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.К.(40) од село...

Црна хроника12 минути

Пет малолетни деца живееле без основни услови во дом во Велес, МВР соопшти дека родителите се лишени од слобода

На 7 август во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ѓ.Ш.(33) и 29-годишната...

Црна хроника15 минути

38-годишен штипјанец пронајден починат во својот дом

Вчера во полицијата било пријавено дека во домот бил пронајден починат А.П.(38) од Штип. Лекар од Итната медицинска помош констатирал...

Регион25 минути

Со виљушкар спасувал патници од возот во Хрватска: „Тоа беше моја граѓанска должност“

Во 10:05 часот меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци, се случил судир на товарен воз на...

Регион31 минута

(Видео) Судир на патнички и товарен воз во Хрватска, 20 лица повредени – шестмина потешко

Два воза се судрија утрово во Хрватска, меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци. Во судирот учествувале...

Македонија44 минути

(Видео) СДСМ бара мораториум за нови комерцијални дата центри, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Националниот дата центар е во корист на граѓаните

СДСМ побара мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода, оценувајќи дека во...