Забава
Диета со варени јајца: трае 14 дена, а килограмите не се враќаат
Доколку сакате брзо да ослабете без да се изгладнувате, диетата базирана на варени јајца може да биде вистинското решение за вас.
Иако оваа диета дозволува мал број производи, научно е докажано дека овој тип на диета може да го забрза вашиот метаболизам и да согорува масти.
Диетата со варени јајца трае 14 дена, и ако строго се придржувате до неа, изгубените килограми нема да се вратат.
Заедно со специфично мени, треба да пиете многу вода, што ќе помогне во процесот на елиминирање на токсините, а диетата дава уште подобри резултати ако вежбате барем половина час дневно со неа.
Задолжително почитувајте ги овие три правила:
– Воопшто не смеете да јадете брза храна.
– Алкохолот и засладените пијалоци се забранети.
– Намалете го внесот на сол и шеќер на минимум.
Мени за првата недела
Појадокот е ист секој ден: 2 варени јајца и половина цитрусно овошје (портокал, грејпфрут или цела мандарина)
Понеделник
Ручек: 2 мали варени компири и 2 јаболка
Вечера: Голема порција салата и парче пилешко
Вторник
Ручек: Зелен зеленчук и салата од пилешко
Вечера: Салата од зеленчук, 1 портокал и 2 варени јајца
Среда
Ручек: Сирење со малку маснотии, 1 домат и 1 сладок компир
Вечера: Салата по ваш избор и парче пилешко
Четврток
Ручек: Овошје по ваш избор
Вечера: Салата и пилешко на пареа
Петок
Ручек: Варен зеленчук и 2 јајца
Вечера: Салата и чадена риба
Сабота
Ручек: Овошје по ваш избор
Вечера: Пилешко и зеленчук зготвени на пареа
Недела
Ручек: Салата од домати, зеленчук на пареа и пилешко
Вечера: Зеленчук на пареа
Мени за втората недела
Појадокот е ист како и првата недела: 2 варени јајца и половина цитрусно овошје (портокал, грејпфрут или цела мандарина)
Понеделник
Ручек: Салата и пилешко
Вечера: Портокал, салата и две варени јајца
Вторник
Ручек: 2 варени јајца и варен зеленчук
Вечера: Салата и риба на скара
Среда
Ручек: Салата и пилешко
Вечера: Портокал, салата и две варени јајца
Четврток
Ручек: Варен зеленчук, малку сирење со малку маснотии и 2 варени јајца
Вечера: Салата и пилешко
Петок
Ручек: Салата од сардини
Вечера: Салата и 2 варени јајца
Сабота
Ручек: Салата и пилешко
Вечера: Овошје по ваш избор
Недела
Ручек: Варен зеленчук и парче пилешко
Вечера: Исто така варен зеленчук и парче пилешко
Оваа диета речиси и да нема јаглехидрати, а тоа е една од причините зошто секој треба да успее, пишува Brightside.me.
За секој случај, консултирајте се со вашиот лекар пред да ја спроведете оваа диета, бидејќи дури и ако нема да бидете гладни од оваа диета, тоа е радикална промена што може да влијае на вашето здравје.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

