Контакт

Забава

„Дизни“ го одложи датумот на објавување на филмовите на Марвел

Објавено пред

„Дизни“ го смени распоредот на филмовите од Марвеловиот киноуниверзум за 2022 година и пошироко.

Забавната компанија најави бројни промени во својот оригинален распоред, што значи дека повеќе високопрофилни филмови од студиото Марвел ќе се појават во кината подоцна.

Doctor Strange in the Multiverse of Madness („Доктор Стрејнџ во мултиверзумот на лудилото“) ќе биде објавен на 6 мај, наместо на 25 март, како што беше првично планирано.

Thor: Love and Thunder („Тор: Љубов и гром“) во режија на Таика Ваитити е поместен од 6 мај до 8 јули, додека со нетрпение очекуваниот Black Panther: Wakanda Forever („Црн Пантер: Ваканда засекогаш“) е поместен од 8 јули на 11 ноември.

Уште еден од најочекуваните филмови на „Дизни“, новиот филм за Индијана Џонс, се одложува речиси една година.

Проектот во кој Харисон Форд ќе го репризира титуларниот лик сè уште нема официјален наслов и е преместен на нов датум, 30 јуни 2023 година.

79 -годишниот Харисон претходно изјави дека едвај чека да се врати на улогата.

„Видовме како ликот се развива и расте во одреден временски период и е сосема соодветно да се врати повторно со одличен филм“, рече тој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Битлси“ се вратија во британските Топ 40 по документарецот на Питер Џексон

Објавено пред

Албумот Let It Be на „Битли“ скокна во Топ-40 хитови во Обединетото Кралство (UK Top 40) по објавувањето на документарната мини-серија на Питер Џексон, насловена Get Back.

Седумчасовната серија од три дела, која почна да се емитува на „Дизни плус“ во ноември, моментално ја уживаат фановите кои ги пофалија согледувањата на Џексон за култниот бенд.

„Дојдов мислејќи за нив како пристојни, разумни момци“, изјави Џексон за британски „Индепендент“ за своите откритија додека го продуцираше документарецот.

„Имаат несогласувања, имаат различни амбиции. Но, нема его, нема примадона (однесување).“

Според најновиот извештај на „Билборд“, Let It Be оваа недела скокна од 62. на 22. место на листата за албуми во Обединетото Кралство.

Во својата рецензија со пет ѕвезди за The Independent, Ед Каминг документарецот го нарече ремек-дело.

„Тоа е споменик на Битлси, огромен и откривачки, кој делува како бедем против бескрајните книги и написи и брборења за нив. Документарната серија едноставно ги прикажува какви што биле“, напиша тој.

Прикажи повеќе...

Забава

Алек Болдвин избриша еден од профилите на Твитер по емотивното интервју

Објавено пред

Алек Болдвин избриша еден од своите два профили на Твитер, неколку дена по емотивното интервју за „Еј-би-си њуз“ во кое тој за првпат зборуваше за фаталното пукање на снимањето на Rust.

Сега избришаниот профил на Алек, @AlecBaldwin, претходно се користеше за официјални изјави во врска со инцидентот од 21 октомври. Профилот на фондацијата на Алек, @ABFalecbaldwin, исто така, го нема од понеделникот наутро. Профилот на неговата сопруга Хиларија Болдвин исто така е избришан.

Инстаграм-профилите на двете ѕвезди остануваат активни.

На 2 декември, во своето прво интервју по пукањето, Болдвин му кажа на ТВ-водителот Џорџ Стефанопулос што точно се случило на денот на инцидентот и се расплака додека се сеќаваше на сниателката Хачинс. Тој рече дека не сака да чека да завршат тужбите или истрагите пред да ја каже својата страна од приказната.

Американските медиуми пренесуваат дека Алек го држел пиштолот што испука и ја уби Халина Хачинс  и го повреди режисерот Џоел Соуза на сетот на филмот Rust. Еден месец подоцна, тој и другите продуценти на вестернот беа именувани во тужбата поднесена од супервизорот на сценариото Мејми Мичел, која наводно стоела на линијата на огнот кога пукнал пиштолот. Истрагата е во тек.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Вучиќ одигра пријателски натпревар со американскиот амбасадор Годфри

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ одигра „пријателски натпревар“ во фудбал на маса со американскиот амбасадор Ентони Годфри во Државниот центар за податоци во Крагуевац.

Видеото го објави Вучиќ на својот Инстаграм профил.

„ Сините секогаш ги победуваа црвените! Пријателски натпревар „против“ американскиот амбасадор Ентони Годфри“, напиша Вучиќ под објавеното видео.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

Путин и Бајден преку видео-врска за бројни прашања

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за бројни...

Свет1 час

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет2 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите низ Хаваите....

Топ13 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион14 часа

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет15 часа

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион15 часа

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија16 часа

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет19 часа

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија19 часа

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија22 часа

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија22 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион23 часа

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија23 часа

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа23 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет23 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа1 ден

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа1 ден

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет2 дена

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет2 дена

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Досие