Контакт

Забава

Диктаторот опседнат со секс има 9.000 автомобили и златен „боинг“

Објавено пред

Со лично богатство од околу 28 милијарди американски долари, султанот од Брунеи е вториот најбогат монарх во светот, по тајландскиот владетел.

Брунеи има 415.000 жители и владата обезбедува бесплатно образование, здравствена заштита, пензии и кредити со ниски камати за купување куќи и автомобили. Нафтата е извор на целото богатство. Списанието „Форбс“ ја рангираше како петта најбогата земја. Алкохолот е забранет и воопшто нема ноќен живот или културни настани. Султанот Хасанал Болкиа и неговите браќа Џефри и Мохамед се придржуваат кон исламскиот закон, но сè друго што прават е спротивно од Куранот и законите што ги вовеле.

И покрај строгиот шеријатски закон, самиот султан живее крајно развратно. Уште во 1997 година се дозна за раскошниот живот и оргиите во дворецот на султанот. За тоа проговори поранешната мис на САД, Шенон Маркетиц, која подоцна ги тужеше султанот и неговиот брат Џефри. На судските поднесоци, таа тврдеше дека агенцијата за таленти ѝ посредувала работа за 3.000 американски долари во Брунеи за лични настапи и промотивна работа. Наместо тоа, рече Маркетиц, тие ја држеле како сексуална робинка. Таа морала да танцува секоја вечер во приватниот ноќен клуб на султанот од 10 до 3 часот наутро, каде што ја третирале како проститутка. Таа за списанието „Пипл“ изјавила дека била дрогирана и злоупотребена, и кога конечно се вратила во САД, ги тужела за 10 милиони американски долари за ментална болка од кошмари, несоница и други трауми. Браќата побарале дипломатски имунитет, а султанот за обвинението рекол дека е полошо од убиство. Случајот бил отфрлен, според „Њујорк пост“.

72-годишниот султан владее повеќе од половина век – дури 52 години, и се дружеше со многу светски монарси, вклучувајќи ги кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип. Тој е познат по тоа што поседува околу 7.000 скапи автомобили. Исто така поседува неколку авиони чиј ентериер е украсен со злато. Султанот  троши  35.000 американски долари за да патува со приватен авион кај неговиот омилен стилист кој ќе му ја истриже косата и брадата. И тој тоа го прави еднаш неделно.

Султанот сака свадби, па затоа си организирал и финансирал дури три од нив. Секоја, се разбира, чинела десетици милиони долари. Тој е татко на дванаесет деца и е многу внимателен во врска со нивните бракови. Секоја од раскошните свадби на неговите пет деца траела повеќе од една недела и секоја чинела најмалку 10 милиони долари.
Но, сето тоа е незначително во споредба со одбележувањето на неговиот 50. роденден во 1996 година.

Прославата траела две недели и чинела речиси 40 милиони долари. За време на прославата се играл и поло натпревар, а потоа поканил 3.000 гости во палатата на гала-вечера на која бил сервиран кавијар од белуга и се пиел најскап шампањ. Мајкл Џексон пеел три пати за време на прославата и добил 25,8 милиони долари. На крајот на прославата секој гостин отишол дома со прилично голем златник.

Султанот живее во палатата Инстан Нурул Иман, која е најголемата кралска резиденција во светот. Нејзината изградба траела две години и чинела нешто помалку од 2 милијарди американски долари. Има 1.788 соби и 257 купатила. Опкружена е со украси од злато и дијаманти, има пет базени, сала за банкет за повеќе од 5.000 гости и џамија со простор за 1.500 верници.

Како магнат, султанот има голема склоност за брзи и луксузни автомобили. Неговата колекција од илјадници автомобили вклучува и повеќе од 500 различни модели на „мерцедес“, 450 „ферари“, 380 „бентли“, повеќе од 100 „коенигсег“, 21 „ламборџини“, 11 „астон мартин“, 179 „јагуари“ и 209 „бе-ем-ве“. Но, исто така има и 600 „ролс-ројса“, од кои едниот е целосно позлатена лимузина Silver Spur која се користи само за свадби. Вкупната вредност на автопаркот е околу 10 милијарди долари.

Подеднакво завидна е и флотата на султановите летала, која вклучува „боинг 747“ со дневна соба, спална соба  со злато и дијаманти. Бањите во авионот од 233 милиони фунти, исто така, содржат мијалници од чисто злато.

Забава

Живеј и остави ги другите да возат! „Астон Мартин“ направи реплика на возилото на Бонд

Објавено пред

„Астон Мартин“ создава реплика на еден од своите најиконични автомобили за љубителите на Џејмс Бонд, но, за жал,  ДБ5 нема да биде легален за патување, а цената ќе се движи околу 3,3 милиони фунти.

Фановите на Бонд веднаш се залетаа по новото прескапо возило опремено со митралези, димни екрани и штит за заштита од куршуми, но премногу опасно за возење.

Првите автомобили треба да бидат доставени до нивните сопственици подоцна оваа година, иако не можат да се возат на патишта.

Оригиналниот „Астон Мартин ДБ5“ првпат го возеше Шон Конери во филмот „Голдфингер“ од 1964 година. Покрај Конери, и други двајца 007 агенти – Пирс Броснан и Даниел Крејг – возеа ДБ5 во филмовите за харизматичниот таен агент Џејмс Бонд.

 

Однадвор автомобилите ќе изгледаат точно како оној што го возеше Шон Конери во Голдфингер.

Ентериерот го копира филмскиот автомобил, со низа копчиња и гаџети, иако седиштето за исфрлање е оневозможенo.

ДБ5 на Даниел Крејг во претстојниот „Не е време за умирање“ (No Time To Die) е опремен со поголеми митралези на фаровите.

Автомобилите ќе бидат опремени со реплика митралези кои создаваат автентични звуци, но секако, без куршуми.

Прикажи повеќе...

Забава

Џорџ Клуни напиша есеј за расните немири во САД

Објавено пред

Оскаровецот Џорџ Клуни напиша моќен есеј за расните немири во Америка, предизвикани од трагичната смрт на Џорџ Флојд во рацете на полицијата во Минеаполис.

„Постои мал сомнеж дека Џорџ Флојд е убиен“, почна Клуни  во текстот објавен во „Дејли бист“ (Daily Beast) во понеделникот. „Расизмот е нашата најголема пандемија. Ги инфицира сите, и по 400 години ние допрва треба да најдеме вакцина.“

Текстот е напишан во време кога Америка влегува во уште една недела на граѓански немири, кога политичките лидери се борат да го контролираат излевањето  бес предизвикан од полициската бруталност, се наведува во медиумите што го цитираат текстот.

Говорејќи за „системски расизам што е вграден во ткивото на американската историја“, актерот додава: Гневот и фрустрацијата што повторно ги гледаме на нашите улици е само потсетник за тоа колку малку пораснавме како земја од нашиот прв грев на ропство.

„Потребна ни е системска промена во спроведување на законот и во системот на казнена правда, односно казнено-правниот систем. Ни требаат креатори на политики и политичари кои одразуваат темелна праведност спрема сите свои граѓани подеднакво “, продолжи Клуни.

Јасно обраќајќи се до претседателот Трамп, тој додава дека на Америка не ѝ требаат лидери што поттикнуваат омраза и насилство

Прикажи повеќе...

Екологија

Откриена нова двојка од најзагрозениот вид мајмуни во светот

Објавено пред

Откривањето на нова двојка мајмуни од видот хајнански гибон дава надеж за опстанок на овој најредок вид  примати, кој се наоѓа на списокот на стоте најзагрозени видови и беше на работ на истребување.

Поради уништување на шумите и ловокрадството, овој вид мајмуни денес живее исклучиво во дел од шумата на кинескиот остров Хајнан.

Во педесеттите години на минатиот век во светот имало околу 2.000 од нив, но во текот на 70-тите тој број опаднал на само десет, пишува Би-би-си.

Според последниот попис, за трипати е зголемен бројот на хајнански гибони (Nomascus hainanus), што значи дека сега се 30, кои живеат во пет одделни групи.

Ваквото закрепнување на загрозениот вид е резултат на напорната работа на луѓето кои работат на проектот за зачувување на хајнанските гибони. Проектот го водат фармата Кадори и ботаничката градина во Хонгконг.

„Не можам ни да замислам како би изгледале шумите кога би ги изгубиле овие прекрасни животни и нивното убаво пеење“, вели Филип Ло, експерт за заштита на животните.

Познато е дека гибоните се движат многу грациозно низ крошните на дрвјата, испуштајќи гласни крикови за обележување на нивната територија. Возрасните гибони обично „пеат“ во двојки за време на зората, со што ги зајакнуваат своите врски.

Гибоните живеат во заедници или семејства кои обично се состојат од еден мажјак, две женки и нивното потомство. Откривањето на петтата двојка што е засебно семејство влева надеж дека овој вид примат нема да исчезне.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион17 минути

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет54 минути

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Македонија2 часа

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија4 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија5 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија6 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија7 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион9 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија10 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион10 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет11 час

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет11 час

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт12 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа12 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет12 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет24 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет24 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија1 ден

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија1 ден

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Досие