Забава
Директорот нема да вработи некој што не го положил неговиот таен тест со шолја кафе

Трент Инес, директор на компанијата „Ксеро Австралија“, вели дека нема да вработи некој што нема да го положи неговиот тест со шолја кафе.
Тој објасни дека за време на интервјуто за работа во еден момент го носи потенцијалниот вработен во канцелариската кујна, каде што му нуди шолја кафе, чај, сок или вода, а потоа набљудува дали лицето на крајот ќе ја врати користената шолја во кујната, пренесува „Дејли мејл“.
„Можете да имате разни вештини, знаење и искуство, но на крајот сè се сведува на вашиот став. А ставот што го сакам на крајот се сведува на тоа дека сте подготвени да исчистите зад себе. Го смислив тоа за да знам дека, без оглед на она што го работите во компанијата, имате култура на однесување. Тоа е начин да проверам дали ќе се вклопите кај нас. Видете ги нашите кујни, ќе видите дека тие секогаш се беспрекорно чисти“, рече тој додавајќи дека само 10 отсто од потенцијалните вработени нема да понудат да ја вратат шолјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По 40 години изумирање, носорозите се вратија во Мозамбик

Повеќе од четири децении откако изумреа локално, носорозите повторно талкаат во дивината на Мозамбик, кој носи загрозени видови од Јужна Африка во обид да вдахне нов живот во своите паркови и да го поттикне локалниот туризам.
Група ренџери ги фатиле црно-белите носорози, им дала седативи за да може да ги преместат на над 1.600 километри оддалеченост во Националниот парк „Зинаве“ во Мозамбик, кој зафаќа повеќе од 400.000 хектари и има повеќе од 2.300 други донесени животни.
„Носорозите се важни за екосистемот, што е една од причините зошто ги селиме на толкава оддалеченост и ги правиме сите овие напори за да ги донесеме тука“, рече Кестер Викери, конзерватор кој го надгледува целиот процес.
Групата Peace Parks Foundation (PPF), која ја води операцијата, има за цел да премести повеќе од 40 носорози во следните две години во Мозамбик. Проект-менаџерот Ентони Александер изјави дека групата веќе донела некои предатори и многу слонови во паркот, а сега на ред се носорозите.
Оваа иницијатива е дел од кампањата за спас на загрозените видови со нивно преместување во безбедни засолништа, каде што имаат можност да ја зголемат својата популација.
Викери се надева дека за 10 години ќе види просперитетна популација на бели носорози во паркот Зинаве.
Забава
(Видео) Ова куче научило да лае тивко за никому да не му пречи

Во летните месеци многу луѓе сакаат да одат на одмор со своите миленици. Сепак, кучињата на некои места се непожелни бидејќи нивното гласно лаење понекогаш ги вознемирува луѓето. Затоа ова куче, кое стана вирално на социјалните мрежи, научи тивко да лае за никому да не му пречи.
Видеото е објавено на „Редит“ под наслов „Додека бевме во стан во кој е забрането лаење, ова куче научи да лае со шепот“. Кучето прво лае нормално, а потоа сопственикот го предупредува дека треба малку потивко. Таа му објаснува дека мора да лае како да шепоти, на што тој веднаш реагира.
„Тоа е едно слатко и паметно куче“, „Имав куче што се обиде да лае така, но звучеше како да кашла“, „Дарвин мора да е горд“, „Некој ве молам да ги научи моите корги да лаат така“, пишуваат луѓе во коментари.
Забава
Гинисов рекорд: 86-годишна жена работи како стјуардеса веќе 65 години

Жeна од Бостон го собори рекордот како стјуардеса со најдолг стаж во светот, потврди Гинисовата книга на рекорди, пренесуваат американски медиуми.
Бет Неш (86) почна да работи како стјуардеса во 1957 година за Eastern Airlines („Истерн ерлајнс“), потоа продолжи да работи за American Airlines и сè уште е таму без никакви прекини во работниот однос.
Неш откри дека поголемиот дел од својата кариера го поминала на релација Њујорк-Бостон-Вашингтон бидејќи тоа ѝ овозможува ноќта да се врати дома и да се грижи за својот син со хендикеп.
„Гинис“, кој го потврди светскиот рекорд на 1 јули. наведува дека Неш моментално е најстарата стјуардеса во светот. Прославувајќи ја својата 60-годишнина со компанијата во 2017 година, Неш рече дека бизнисот значително се променил со текот на годините.
„Требаше да имаш одредена висина, требаше да имаш одредена тежина. Порано беше ужасно. Доколку качиш некој килограм мораш да се мериш, а ако останеш така ти ја намалуваа платата“, изјави таа за WJLA-T