Забава
Добар почеток за „Даунтон опатија: Нова ера“ на благајните

Семејството Кроли сè уште го има кралскиот допир на киноблагајните.
Downton Abbey: A New Era („Даунтон опатија: Нова ера“) – второ филмско продолжение на популарната британска драмска серија – заработи 16 милиони долари од речиси 3.800 киносали во Северна Америка на своето домашно деби.
Иако помалку од првичните прогнози, ова означува охрабрувачки почеток во време кога повозрасната публика е селективна за одење во кино.
Постоеше разбирлива загриженост за филмот во поглед на комерцијалните перспективи, а не затоа што долгогодишните фанови на серијата беа уморни од проголтување на интригите во палатата во ТВ-серијата.
Освен „Куќата Гучи“ и новиот филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“, многу филмови од ерата на пандемијата наменети за повозрасна публика (како што се римејкот на „Приказна од западната страна“ на Стивен Спилберг и спортската драма со Вил Смит, „Кралот Ричард“) се бореа да продадат билети и покрај позитивните рецензии.
Значи, не е мал подвиг што речиси 50 отсто од луѓето што купиле билети за Downton Abbey: A New Era – приказна со чувство на добра забава, сместена во познат серијал – се на возраст од 55 години и повеќе.
Продажбите на билети го доведоа „Даунтон“ на второто место, но не беа доволни да го симнат од тронот Дизниевиот „Доктор Стрејнџ во мултиверзумот на лудилото“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Спасен е кит во Норвешка кој два дена бил заплеткан со јаже

Крајбрежната стража во Норвешка ослободила кит кој бил заплеткан со јаже кај норвешкиот Институт за истражување на морето.
Посадата на локалната норвешка компанија пред два дена го забележала китот и ја известила крајбрежната стража, наведува „Ројтерс“.
„Можевме да видиме дека китот е исцрпен, беше потполно мирен“, изјавил капетанот на стражата.
Четворица чувари со мал чамец отишле во спасувачката акција.
„Приоѓавме многу полека за да не го вознемириме. Беше исплашен и почна да станува агресивен“, раскажуваат спасувачите кои за 15-тина минути успеале да го ослободат китот.
Забава
Поранешнaта менаџерка го тужи Рики Мартин: „Ме лажеше а заработи милиони поради мене“

Ребека Дракер, поранешна менаџерка на Рики Мартин, тврди дека пејачот и должи нешто повеќе од милион долари, за што поднела тужба, пишува ТМЗ.
Во правните документи таа навела дека го застапувала пејачот од 2014 до 2018 година и дека тој повторно ја вработил по две години, во мај 2020 година, кога неговиот „личен и професионален живот биле во тотален хаос“. Ребека тврди дека таа е заслужна што ги вратила во ред неговиот живот и кариера.
Таа тврди дека ги подмирила договорите на пејачот поврзани со снимање песни, турнеи и договарање спонзорства и му помогнала да заработи милиони долари на неговата неодамнешна северноамериканска турнеја со Енрике Иглесијас.
Додала дека во 2020 година ангажирала адвокати да му помогнат кога му се заканувал прекин на кариерата, а за нејзините напори, како што тврдела, требало да добие провизија од три милиони долари, кои Мартин никогаш не и ги дал. Таа тврди дека пејачот ја лажел и манипулирал со неа, пренесуваат светските медиуми.
Сега Дракер го тужи пејачот за три милиони долари и бара судска отштета.
Забава
Кустурицa: Европа ги ограбува Русите!

Прославениот филмски режисер, Емир Кустурица денеска изјави дека во руско-украинскиот конфликт најспорното е тоа што Европа ги доведе во прашање своите најголеми достигнувања, а тоа се човечките права и приватниот имот.
„Европа ги ограбува Русите, не само нивната култура, туку и нивниот имот. На спортистите не им дозволува да се натпреваруваат, ги забранува стеблата кои руските писатели ги засадија, им забранува на најдобрите пијанисти да свират, на најдобрите светски диригенти им дава отказ“ рече Кустурица на форум „Европа и Русија“ во Србија.
Кустурица наведе и дека Србија станува плодна почва за еден заборавен поим, а тоа е слобода.
„Мораме да признаеме, јас неодамна престојував во неколку земји од западна Европа, таму постојат табу теми. Денес Европа молчи и врши самоубиство. Јас мислам дека тоа е потполно наопаку, дека Европа не врши самоубиство, туку дека е задавена“ заклучи Кустурица.