Забава
Др Дре заздравува и вели дека се чувствува добро

Рап-легендата и музички продуцент, Доктор Дре, соопшти дека се чувствува одлично благодарение на својот медицински тим кога претходно неделава медиумите објавија дека претрпел мозочна аневризма и бил на интензивна нега.
Според ТМЗ, Дре претрпел аневризма во понеделникот и со возило на брзата помош бил пренесен во медицинскиот центар „Седарс-Синај“ во Лос Анџелес.
„Благодарност до моето семејство, пријатели и фанови за нивниот интерес и желби за брзо заздравување. Одлично се чувствувам и добивам одлична нега од мојот медицински тим“, напиша Дре на „Инстаграм“.
„Набргу излегувам од болница и се враќам дома. Благодарност до сите големи медицински професионалци во Седарс“, додаде тој во објавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Фиби Диневор – од хероина на драма до современа модна муза

Со неверојатни 82 милиони домаќинства што ја гледале хит-серијата „Бриџертон“ во текот на првиот месец – со што драмата е најуспешното издание на „Нетфликс“ досега – слободно може да се каже дека Фиби Диневор е една од најголемите sвезди во 2021 година.
Сепак, додека ги освојува срцата на фановите од целиот свет како слатка, но со силна волја Дафне Бриџертон, Диневор стана најновото заштитно лице на современиот луксузен моден бенд Self-Potrait.
Збогум на корсетите, здраво на современиот шик за главната дама на „Бриџертон“.
Забава
Џорџ Клуни однел куче на аудиција

59-годишниот актер порано со себе носел разни предмети за да го запаметат режисерите за кастинг, но признава дека ваквиот пристап не бил секогаш успешен.
„Бев како човек за реквизити. Еднаш однесов куче на аудиција и само го држев под пазуви, иако немаше куче во сцената. Филмот беше за семејни врски. Не ја добив улогата, очигледно тоа не функционираше “.
Ѕвездата на „Полноќно небо“ им порача на младите амбициозни актери да не вршат премногу притисок врз себе кога станува збор за аудиција.
Тој за магазинот W изјави: „Актерите одат на аудиција, велејќи: ве молам да ви се допаднам, ве молам. Јас секогаш велам: Најлошото нешто што може да се случи е да не добиеш работа што ја немаш. Ми требаше долго време да сфатам дека веднаш штом ќе заборавам на притисокот, аудицијата поминува многу подобро.“
Забава
Канjе Вест потрошил 16.6 милиони долари сопствени пари за својата претседателска кампања

43-годишниот рапер кој се кандидираше за претседател на САД, наводно, го самофинансирал поголемиот дел од својата кандидатура.
Тој обезбедил само 2 милиони долари од надворешни соработници, пишуваат весниците, потсетувајќи дека тој доби само 66.000 гласови, што значи дека секое ливче во гласачката кутија чинело просечно по 200 долари.
Според извештајот на Федералната изборна комисија (ФЕЦ), поголем дел од средствата за кампањата на Канје во износ од 14.5 милиони долари биле платени за „пристап до гласачките ливчиња“, а на крајот на кампањата тој останал со 1.3 милиони долари.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер