Забава
Ева Лонгорија во портокалов костим за капење го привлече вниманието на папараците
Ева Лонгорија (49) го привлече вниманието на папараците додека уживаше со синот Сантијаго Енрике во Марбела, Шпанија.
Таа беше облечена во портокалов дводелен костим за капење. Папараците ги уловија како се качуваат на педалинка во форма на автомобил играчка и уживаат во летниот ден.
Неодамна обожавателите можеа да ја видат во слично издание на плажа кога носеше црвен костим за капење и шешир.
Лонгорија се преселила во Шпанија со сопругот и синот на крајот на април.
„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за цела втора половина од годината“, рекол тогаш анонимен извор, истакнувајќи дека преселбата не е трајна.
Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купиле викендица таму на почетокот на 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Оскаровката ослабе 45 килограми за шест години: „Не сум била толку слаба од факултет“
Американската актерка и оскаровка Кети Бејтс (76) се појави на доделувањето на Еми наградите и воодушеви со нова линија.
Кети последниве години работи на својата тежина. Таа зборуваше за „Варајати“ за улогата на Медлин Метлок во телевизиската серија Метлок и вели дека издржливоста потребна за улогата била нејзиниот најголем предизвик. Открила дека слабеењето и помогнало во тоа.
„Одлично ми помогна тоа што изгубив 45 килограми во последните шест или седум години. Мислам дека не сум била толку слаба откако бев на колеџ“, рече таа.
„Морав да седам секогаш кога имав прилика. Тешко ми беше да одам. Се срамам што дозволив да излезам толку од форма, но сега имам огромна количина на енергија”, рекла таа.
Кариерата на Кети трае повеќе од шест децении. Таа има добиено различни награди, вклучувајќи ги наградите Еми и Златен глобус и Оскар, кој го доби за улогата на Ени Вилкс во трилерот Мизерија во 1990 година. Таа беше номинирана и за Тони и за БАФТА.
Забава
Мајли Сајрус тужена поради песната Flowers, наводно го ископирала големиот хит на Бруно Марс
Американската компанија наречена Tempo Music Investments ја тужеше познатата пејачка Мајли Сајрус.
Имено, тие тврдат дека таа и нејзините колеги текстописци копирале делови од песната на Бруно Марс, When I Was Your Man, кога ја напишале нејзината песна Flowers, која доби „Греми“, пренесува „Ролинг стуон“.
Тие ја поднесоа тужбата во понеделникот на 16 септември пред федералниот суд во Лос Анџелес. „Темпо мјузик“ соопшти дека поседува дел од американските авторски права на When I Was Your Man откога ги откупи од Филип Лоренс, кој ја напиша песната со Марс, Ари Левин и Ендру Вајат.
Бруно Марс не беше именуван како тужител во тужбата.
„Секој обожавател на When I Was Your Man од Бруно Марс знае дека Flowers на Мајли Сајрус не го постигна целиот овој успех самостојно.
„Flowers удвои многубројни мелодиски, хармонични и лирски елементи, вклучувајќи мелодичен дизајн на тон и низа на стихови, поврзувачка бас-линија, одредени рефрени, одредени театарски музички елементи, лирски елементи и специфични прогресии на акордите“, се вели во тужбата до која дојде „Ролинг стоун“.
„Врз основа на овие сличности јасно е дека Flowers не би постоелеа да не беше When I Was Your Man“, се наведува во тужбата.
„Ролинг стоун“ стапил во контакт со претставниците на пејачката, но тие сè уште не се огласиле.
Забава
Деми Мур привлече внимание во црвен фустан на премиерата на филм во Лос Анџелес
Деми Мур (61) привлече внимание на премиерата на филмот The Substance во Лос Анџелес.
Актерката на црвениот тепих се појави во впечатлив црвен фустан со интересен дезен. Таа на премиерата дојде со ќерките Рамер, Скаут и Талула, кои се насмевнаа и им позираа на фотографите.
Фановите често го фалат изгледот на актерката. Деми се појави на насловната страница на септемвриското издание на магазинот „Интервју“, а многумина истакнаа дека актерката изгледа одлично на фотографиите.
Во интервјуто Деми го коментира вниманието што го привлече нејзиното тело во бикини кога имаше 40 години и глумеше во „Чарлиевите ангели“.