Забава
Ева Лонгорија носи божиќен подарок
Ева Лонгорија е видно расположена додека носи божиќен подарок со себе по пристигнувањето во хотел во Беверли Хилс.
Актерката беше фотографирана додека излегува од својот автомобил со бело-црна торба за подароци во рацете.
Латиноубавицата на себе има лежерна облека – тренирки и јакна во црна боја – и бели патики.
Таа посети луксузен хотел во Калифорнија за да помине повеќе време со своите пријатели пред празниците.
Неодамна беше на „грлс најт аут“ со својата пријателка Викторија Бекам и присуствуваше на свечената гала Forces for Change на британски „Вог“.
Лонгорија стана позната во Холивуд со глумењето во хит-серијата на Еј-би-си – „Очајни домаќинки“ од 2004 до 2012 година.
Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ отсекогаш важи за неверојатно згодна жена. Судејќи по тоа како изгледа денес, не би можело да се каже дека некогаш родила, а ни дека има 47 години.
По раѓањето на синот Сантијаго во 2018 година, не чекаше долго за да му се врати на вежбањето. Заедно со Грант Робертс, фитнес-тренер на славни, таа се фокусира на тренинг со тегови. Ева активно минува време со својот син, со кого планинари и танцува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Оскаровката ослабе 45 килограми за шест години: „Не сум била толку слаба од факултет“
Американската актерка и оскаровка Кети Бејтс (76) се појави на доделувањето на Еми наградите и воодушеви со нова линија.
Кети последниве години работи на својата тежина. Таа зборуваше за „Варајати“ за улогата на Медлин Метлок во телевизиската серија Метлок и вели дека издржливоста потребна за улогата била нејзиниот најголем предизвик. Открила дека слабеењето и помогнало во тоа.
„Одлично ми помогна тоа што изгубив 45 килограми во последните шест или седум години. Мислам дека не сум била толку слаба откако бев на колеџ“, рече таа.
„Морав да седам секогаш кога имав прилика. Тешко ми беше да одам. Се срамам што дозволив да излезам толку од форма, но сега имам огромна количина на енергија”, рекла таа.
Кариерата на Кети трае повеќе од шест децении. Таа има добиено различни награди, вклучувајќи ги наградите Еми и Златен глобус и Оскар, кој го доби за улогата на Ени Вилкс во трилерот Мизерија во 1990 година. Таа беше номинирана и за Тони и за БАФТА.
Забава
Мајли Сајрус тужена поради песната Flowers, наводно го ископирала големиот хит на Бруно Марс
Американската компанија наречена Tempo Music Investments ја тужеше познатата пејачка Мајли Сајрус.
Имено, тие тврдат дека таа и нејзините колеги текстописци копирале делови од песната на Бруно Марс, When I Was Your Man, кога ја напишале нејзината песна Flowers, која доби „Греми“, пренесува „Ролинг стуон“.
Тие ја поднесоа тужбата во понеделникот на 16 септември пред федералниот суд во Лос Анџелес. „Темпо мјузик“ соопшти дека поседува дел од американските авторски права на When I Was Your Man откога ги откупи од Филип Лоренс, кој ја напиша песната со Марс, Ари Левин и Ендру Вајат.
Бруно Марс не беше именуван како тужител во тужбата.
„Секој обожавател на When I Was Your Man од Бруно Марс знае дека Flowers на Мајли Сајрус не го постигна целиот овој успех самостојно.
„Flowers удвои многубројни мелодиски, хармонични и лирски елементи, вклучувајќи мелодичен дизајн на тон и низа на стихови, поврзувачка бас-линија, одредени рефрени, одредени театарски музички елементи, лирски елементи и специфични прогресии на акордите“, се вели во тужбата до која дојде „Ролинг стоун“.
„Врз основа на овие сличности јасно е дека Flowers не би постоелеа да не беше When I Was Your Man“, се наведува во тужбата.
„Ролинг стоун“ стапил во контакт со претставниците на пејачката, но тие сè уште не се огласиле.
Забава
Деми Мур привлече внимание во црвен фустан на премиерата на филм во Лос Анџелес
Деми Мур (61) привлече внимание на премиерата на филмот The Substance во Лос Анџелес.
Актерката на црвениот тепих се појави во впечатлив црвен фустан со интересен дезен. Таа на премиерата дојде со ќерките Рамер, Скаут и Талула, кои се насмевнаа и им позираа на фотографите.
Фановите често го фалат изгледот на актерката. Деми се појави на насловната страница на септемвриското издание на магазинот „Интервју“, а многумина истакнаа дека актерката изгледа одлично на фотографиите.
Во интервјуто Деми го коментира вниманието што го привлече нејзиното тело во бикини кога имаше 40 години и глумеше во „Чарлиевите ангели“.