Контакт

Забава

Египќанец уапсен во Саудиска Арабија зашто појадувал во ресторан со жена

Објавено пред

Египќанец е уапсен во Саудиска Арабија кога се појави видео на „Твитер“, на кое се гледа како тој и некоја жена појадуваат заедно. На видеото може да се види како човекот, со египетски дијалект, појадува во друштво на жена, на која ѝ е целосно покриено лицето, за која многумина претпоставуваат дека е Саудијка.

Овој настан е во спротивност на законот на Саудиска Арабија, каде што на работните места или ресторани, како „Мекдоналд“ и „Старбакс“, семејства и самци мора да седат на различни места. Жените мора да седат одделно од мажите.

Не им е дозволено да вежбаат без придружба на нивните машки партнери, обично тоа е таткото или сопругот, но може и брат или син.

Човекот е уапсен од страна на Министерството за труд и социјален развој, кое го обвини дека сторил неколку прекршувања на законот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Џаред Лето изнајми остров во Хрватска и ги покани фановите да дојдат

Објавено пред

Џаред Лето и неговиот бенд „Трти секундс то Марс“ организираат фестивал во Хрватска, поточно на едно островче кај Шибеник.

Станува збор за Марс исланд фестивал кој ќе се одржи од 9 до 12 август, а рокерите се активираа на социјалните мрежи и не престануваат да ги повикуваат луѓето да им се придружат на настанот во Хрватска. Тридневниот билет ги вклучува сите активности, сместување и храна.

Цените се движат од 900 евра до неверојатни 5 600 евра. Посетителите ќе уживаат во „интимни концерти” на бендот, но и во масажи, јога, медитација и многу други активности. Инаку, Лето досега Марс исланд го организираше во Калифорнија, а фестивалот беше многу популарен во САД.

View this post on Instagram

PRE-SALE IN 6 DAYS!!! 🕺🏻🕺🏻🕺🏻

A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

“Ќе биде неверојатно, местото е лудница”, им порача Џаред на своите обожаватели преку Инстаграм и ги покани да му се придружат во Хрватска.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Во главниот град на Хондурас се наоѓа аеродром каде слетувањето е посебна приказна

Објавено пред

Не е случајно што аеродромите најчесто се градат во напуштените периферии на светските метрополи. Тоа се прави со цел да се обезбедат совршени услови за слетување и полетување, бидејќи пилотите мора да обезбедат сигурност за патниците.

Сепак, за аеродромот „Тонконтин“ во главниот град на Хондурас, ваквите правила не важат. Иако се наоѓа на периферијата на Тегусигалпа, тој е опкружен со нерамрен планински терен.

Веднаш околу аеродромот има приградски населби, а слетувањето ги става дури и најискусните пилоти на тест, бидејќи за да се избегнат стрмнините и локалните куќи, тие мора да изведат драматично свртување под агол од 45 степени.

Поради тоа, несреќите овде се честа појава, па во период од 60 години регистрирани се околу десетина незгоди. Најголемата била во 1989 година кога „боинг 727-200“ од Сан Хозе не успеал да ја погоди пистата, па удрил во планината при што загинале 131 лице.

И покрај сè, аеродромот нормално функционира и годишно преку него минуваат 600 илјади патници.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Гугл“ воведува нов вештачки глас во својот сервис кој ќе звучи како вистински

Објавено пред

„Гугл“ веќе со години е глобален лидер на полето на паметни мобилни телефони и прелистувачи, а сега оваа компанија влегува на територијата на синтеза на гласот.

Text-to-speech или текст во говор е опција која често се користи на запад, особено во деловното опкружување. Сега „Гугл“ претставува нов вештачки глас кој всушност се генерира во Cloud или т.н. облак платформа.

„Гугл“ пред неколку години купи WaveNet технологија од британска компанија „Дип мајнд“. Оваа технологија овозможува компјутерот да генерира целосно природен глас, а корисниците може да изберат возраст, боја на гласот, па дури и начин на кој се акцентираат одредени зборови.

Оваа технологија се очекува да добие на значење во роботиката во наредните неколку години.

„Гугл“ веќе низа години ги префрла повеќето свои опции на Cloud/облак платформа, па така повеќе апликации веќе долго време работат во синхронизација со облак.

Нешто слично прави и „Епл“ со својата вештачка интелигенција нарачена Сири, но сега „Гугл“ ја презема иницијативата, а целта е, се разбира, целосна интеграција на услугите со вештачката интелигенција и Cloud сервисите.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион34 минути

Најмалку седум деца мигранти речиси измрзнале на планинскиот премин меѓу Хрватска и БиХ

Најмалку седум деца мигранти, кои со родителите вчера тргнале пешки од Босна и Херцеговина преку планината Пљешевица, се сериозно повредени,...

Македонија40 минути

Путин: Постои надворешен притисок околу зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор тука преставува политиката...

Регион1 час

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентираше приоритетите на романското претседателство со Европската унија. „Првата фаза ќе...

Вести1 час

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чии дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија1 час

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и  измена на Законот за празниците,...

Свет2 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет2 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет3 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет4 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет14 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион14 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион15 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет16 часа

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче бара максимална казна за „Македонијалек“ за техничката грешка со декларацијата на МРП-вакцините

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека е завршен увидот на инспекторите од МАЛМЕД во сите места каде што...

Истражувања19 часа

(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици

Цигари, влажни марамчиња, мирисливи свеќи, калап за печење мафини, решо, дрвени лажици, чајник, се дел од работите што Општина Арачиново...

Култура20 часа

Министерството за култура унапредува по етничка основа, а брка реномирани советници

На почетокот на годината Министерството за култура унапреди 20 службеници во разни сектори, а се поздрави со советникот и креатор...

Македонија21 час

(Видео) Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, а ќе има и локални во 3 општини

Поради Велигден, за една недела ќе се помести првичната идеја за одржување на претседателските избори на 14 април. Според процените...

Македонија21 час

(Видео) Џафери: Не чувствувам одговорност, постапив во согласност со надлежностите

Вчера, во својство на претседател на Собранието, во согласност со моите надлежности, потпишав два указа и ги испратив во „Службен...

Вести22 часа

Каменос: Ќе сторам сè актуелната влада да не добие поддршка

Ќе ги искористам сите расположливи механизми што ми се на располагање сегашната влада да не добие поддршка за договорот од...

Македонија22 часа

Иванов: Објавувањето на Законот за јазиците во „Службен весник“ е противуставно и незаконски

Објавувањето на Законот за јазиците во „Службен весник“ е противуставен чекор, велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. Оттаму велат...

Досие