Контакт

Забава

Еден од најдобрите акциски филмови заработи 61 милион долари за два дена

Објавено пред

Шестиот филм од серијалот „Невозможна мисија”, во кој Том Круз сè уште изведува некои од најсложените каскадерски акробации, започна добро.
За само два дена прикажување успеа да заработи 61 милион долари.

„Невозможна мисија” е редок блокбастер што се продава благодарение на ѕвездата Том Круз, а не на бренд како Максвел или „Војна на ѕвездите”, пишува „Бизнис инсајдер“.

„Парамаунт направи мајсторски добра работа ставајќи го Круз во центарот на своите маркетинг-кампањи и публицитет за шестото продолжение ‘Невозможна мисија – Распад на системот'”, изјави аналитичарот Пол Дергарабедиан.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Мајкл Даглас стравувал дека ќе го загуби синот кој бил зависник

Објавено пред

Камерон Даглас (40) уште како тинејџер почнал да пие и да пуши марихуана. Набргу потоа синот на славниот актер Мајкл Даглас (75) станал зависник од кокаин и херион и секогаш носел пиштол со себе.

„Мразев сè што ми се случуваше во животот поради дрогата, но едноставно не можев да го спречам тоа“, рекол искрено Камерон во големото интервју на насловната страница на списанието „Пипл“.

Родителите, Мајкл и продуцентката Дијандра Лукер (63), се чувствувале беспомошни. Сите совети што му ги давале на својот син биле залудни затоа што Камерон не сакал да ги слуша.

„Имаше моменти кога надежта беше целосно исчезната. Животот се претвори во серија кризи. Мислев дека ќе го загубам“, изјавил Мајкл.

Синот на познатиот актер завршил во затвор. Тој бил обвинет за трговија со метамфетамин и кокаин за што бил осуден на седум години затвор.

По затворската казна, Камерон се сменил целосно. Тој е оженет со инструкторката по јога и актерка Вивијан Тибс (41), со која ја има 22-месечната ќерка Лу. Камерон сака да им помогне на другите во борбата со зависноста и поради тоа јавно го споделил своето искуство.

Прикажи повеќе...

Забава

Шарлиз Терон минува низ тежок период, откако имаше три операции

Објавено пред

Актерката Шарлиз Терон (44) откри за странско списание дека моментно се бори паралелно да управува со својата кариера, да одгледува деца, да се грижи за новите миленици и покрај сето тоа – да го закрепне своето тело.

„Мојот живот во моментот е во хаос. Само што поминав низ три операции, промовирам два филма… Немам дадилка, но знам дека не би можела да го сторам сето тоа ако ја немав целата помош и поддршка од семејството“, открива актерката. Таа не откри што оперирала, но рече дека се повредила на снимањето на филмот The Old Guard. „Снимав акциски сцени и буквално го скинав лигаментот од коската, а и лакотот го скршив“, призна таа.

Иако нема дадилка, таа неколкупати објасни дека се потпира на семејството, кое многу ѝ значи и ѝ помага секогаш кога е потребно. „Сите што ги сметам за членови на семејството се таму за мене и ми помагаат. Тоа навистина ми значи многу. На пример, вчера пишував нешто додека другар ми внимаваше на кутрињата. Мајка ми готвеше ручек“, рече Шарлиз за време на интервјуто.

Актерката беше видена со Бред Пит на почетокот од годината, кој закрепнуваше од разводот со Анџелина Џоли. Набргу почнаа озборувања дека се во врска, но Шарлиз изјави дека долго време е сама, од моментот кога се раздели од својот поранешен свршеник, актерот Шон Пен.

Шарлиз има две посвоени деца – седумгодишниот син Џексон и четиригодишната ќерка Аугуст.

Прикажи повеќе...

Забава

Сестрата на Амал Клуни ја нарушува репутацијата на познатата адвокатка

Објавено пред

Тала Аламудин Ле Талец (47), сестра на адвокатката за човекови права Амал Клуни, сопруга на Џорџ Клуни, беше осудена на три недели затвор и казна од 6.400 долари за неколку сообраќајни прекршоци. Покрај тоа, таа е осудена за возење во пијана состојба и ќе ѝ биде одземена возачката дозвола четири години кога ќе излезе од затвор.

Тала живее во Сингапур, каде што ја запрел полицаец кој утврдил дека е пијана и дека вози без посебна сингапурска возачка дозвол и автомобилско осигурување. Како што било утврдено во судот, Тала го зела автомобилот без согласност на својот сопруг, Никола Ле Талец, што претставувало уште едно обвинение против неа.

Полицаецот што ја запрел Тала рекол дека мирисала на алкохол, била збунета и не можела да одговори на прашањето каде оди.

На Тала, која во Њујорк се преселила од Сингапур, ова ѝ бил втор прекршок за возење во пијана состојба.

Мајката на четири деца и сопственичка на модната линија „Тотал Тала“, како што изјавил нејзиниот адвокат, изразила длабоко и искрено жалење поради своите постапки и рекла дека трпи последици поради несаканиот публицитет и објавувањето во медиумите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија12 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија14 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа15 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија17 часа

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија18 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија19 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија19 часа

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет20 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион21 час

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија21 час

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет23 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет23 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет23 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион24 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа24 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија1 ден

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет2 дена

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија2 дена

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа2 дена

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Досие