Контакт

Забава

Еден од најпознатите актери во Холивуд снима филм за убиениот новинар

Објавено пред

Американскиот актер Шон Пен го посети Истанбул, каде што подготвува документарен филм за саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги, кој беше убиен пред два месеца во саудискиот конзулат во градот.

Турската новинска агенција „Анадолија“ наведува дека добитникот на два „Оскара“ дошол пред саудискиот конзулат, каде што снимала неговата екипа.

Актерот (58) е познат по своите политички ставови и дебати во САД, но исто така и пошироко. Така, во 2015 година со актерката Кејт де Кастиљо сними разговор со мексиканскиот наркодилер Хоакин (Ел Чапо) Гузман, кој тогаш беше во бегство.

Шон Пен освои два „Оскара“ за најдобар актер – во 2004 година за улогата во „Мистична река“ и во 2009 година за филмот „Милк“ за локалниот советник од Сан Франциско, кој јавно се декларирал како хомосексуалец, но бил убиен во 70-тите години на минатиот век.

Кашоги, колумнист на „Вашингтон пост“, кој ги критикуваше саудиската влада и престолонаследникот Мохамед бин Салман, беше убиен на 2 октомври.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Новиот филм на Тарантино на премиерата во Кан доби шестминутни овации

Објавено пред

Светската премиера на новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“, се одржа вчера на филмскиот фестивал во Кан, а публиката беше толку возбудена што го награди со шестминутни овации.

Леонардо ди Каприо, Бред Пит и Маргот Роби, ѕвездите на деветтиот филм на Тарантино, му се приклучија на режисерот на црвениот тепих пред филмот да добие громогласен аплауз – кој траеше шест минути, пишува „Дедлајн“.

Приказната за златната доба на Холивуд низ призмата на двајца актери пријатели (Ди Каприо и Пит) во време кога светот беше шокиран од веста за убиството на актерката Шерон Тејт (Роби) од Чарлс Менсон освои голем број пофалби.

Филмот во кој се појавуваат и Ал Пачино, Дакота Фенинг, Лина Дунам и други ѕвезди, некои критичари го нарекоа најдобар филм на Тарантино уште од „Евтини приказни“ (1994).

Паралелно со премиерата на филмот на фестивалот, „Сони“ го објави целосниот трејлер на „Јутјуб“.

Во филмот постхумно ќе се појави и Лук Пери, кој почина на 4 март.

Прикажи повеќе...

Естрада

Натали Портман негира дека била во врска со Моби

Објавено пред

Натали Портман негира дека во своите тинејџерски години била во врска со Моби и го нарече пејачот непристоен.

Актерката одговори на тврдењата на Моби, кој неодамна ги објави своите мемоари во кои вели дека во 2001 година Портман го поканила да излезат.

„Бев ќелав и многу пиев, а Натали Портман беше прекрасна филмска ѕвезда. Но, сега таа беше во мојата соблекувална и флертуваше со мене“, пишува Моби во својата книга.

Портман на тоа изјави дека описот е неточен и го нарече Моби манијак што не знае каде му е местото.

„Изненадена сум дека тој рекол оти сме биле во врска бидејќи јас го познавав многу кратко време. Колку што се сеќавам, тој беше многу постар маж што се лигавеше околу мене, а јас тукушто завршив средно училиште. Тој вели дека јас сум имала 20 години – дефинитивно, немав. Бев тинејџер, штотуку наполнив 18. Одвратно е тоа што тој раскажал ваква приказна за да ја продаде својата книга“, вели Портман во интервју со „Харперс базар“.

„Јас бев негов фан и бев на еден негов концерт кога матурирав. Тој беше на турнеја, а јас снимав филм, па се дружевме неколкупати, но набргу сфатив оти тој е возрасен маж кој беше заинтересиран за мене на начин што сметав дека е несоодветен“, додава Портман.

Ова не е првпат Моби да зборува дека бил во врска со Натали Портман.

Во 2008 година Моби изјави дека тој и актерката имале кратка афера поради која тој бил цел на омраза.

„Не може да бидеш во врска со мајката на Лук Скајвокер и да не те мразат“, изјави Моби со јасна референца на улогата на Натали Портман во „Војна на ѕвездите“.

Натали Портман, една од водечките лица на движењето „Времето истече“, вели дека книгата на Моби е полна со лаги и измислици.

„Книгата не подложела на никаква проверка на факти од страна на издавачот“, вели оскаровката и додава дека е сигурна оти тоа било намерно.

„Го знаете старото клише? ‘Поарно да побараш прошка отколку дозвола’“, вели Портман.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Млада актерка се онесвести во Кан поради претесен фустан

Објавено пред

Американската актерка Ели Фенинг се онесвести на филмскиот фестивал во Кан бидејќи нејзиниот фустан беше премногу тесен.

Актерката (21) се онесвести синоќа на вечерата по повод „Трофеј за Шопард“, објави АП.

Фенинг подоцна на „Инстаграм“ објави фотографија со кренат палец и порака „добро помина“ и покрај она што таа го нарече несвестица поради нејзиниот прада-фустан.

Оваа година актерката беше членка на канското жири.

Таа е најмладата личност што некогаш учествувала во деветчленото жири, кое одлучува за „Златната палма“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија3 часа

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија5 часа

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија6 часа

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија6 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија7 часа

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија7 часа

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија8 часа

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет8 часа

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа9 часа

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет10 часа

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Европа11 час

Меј: Парламентот ќе одлучи за нов референдум за брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, синоќа изјави дека на Парламентот ќе му биде дадена можност да гласа за тоа дали ќе...

Македонија1 ден

Прво внатрешни консултации во СДСМ и ДУИ, па ќе продолжат разговорите за нови кадри во Владата

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај...

Македонија1 ден

Влада: Препораката Охрид да стане загрозено светско наследство е стимул за зголемена работа и акција

Владата пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот...

Забава1 ден

Копров ѝ се извини на Србија: Жирито беше составено од анонимуси, а не од еминентни автори

Композиторот Григор Копров преку социјалната мрежа „Фејсбук“ ѝ се извини на српската нација поради тоа што од нашето жири не...

Македонија1 ден

Претседателот ги потпиша указите за 21 закон

Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување 21 закон, кои не беа потпишани од поранешниот претседателел Ѓорге Иванов. Меѓу потпишаните...

Македонија1 ден

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на судските службеници од 2016 година

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на вработените во судската служба од 2016...

Свет1 ден

САД привремено ја укинаа забраната за „Хуавеј“ за 90 дена

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја стави компанијата „Хуавеј“ на црната листа за тргување со американските компании,...

Македонија1 ден

(Видео) Независните од ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат дали ќе гласаат за одземање на мандатот на Груевски

Независната група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не кажува како ќе гласа на седницата за одземање на мандатот на експремиерот и пратеник,...

Регион1 ден

Србија воведе доживотна затворска казна

Српските пратеници ги усвоија измените на Кривичниот законик, со кои се укинува затворската казна од 30 до 40 години и...

Досие