Контакт

Бизарно

Една жртва во сообраќајна незгода предизвикана од лубеници што паднале од приколка

Објавено пред

Лубениците што биле превезувани во преполна приколка паднале на патот во Филаделфија, при што била предизвикана сообраќајна незгода, во која загинало едно лице.

Лубениците удриле во автомобил чиј возач ја загубил контролата и излетал од патот. При инцидентот животот го загубил 61-годишен патник во возилото, објави АП.

Возачот на автомобилот бил хоспитализиран, а возачот што ги превезувал лубениците не бил сериозно повреден.

Бизарно

Поранешнa тапанарка тврди дека Бијонсе се занимава со црна магија

Објавено пред

Од

Тешки обвинувања беа упатени кон суперѕвездата Бијонсе – тапанарката Кимберли Томпсон ја тужеше дека се занимава со маѓепсништво и црна магија, но исто така и дека фрлила клетва врз неа. Музичарката која соработуваше со Бијонсе дури седум години ја обвини за злоупотреба која вклучува различни форми на маѓепсништво и црна магија, а сето тоа медиумите го пронајдоа во судските записи.

Gepostet von Kimberly Thompson – Drummer & Educator am Dienstag, 25. Juli 2017

Нејзините обвинувања одат толку далеку што вели дека поп-дивата ѝ ја убила мачката, а во документите што завршиле на суд, Томпсон тврди дека пејачката  го прислушувала нејзиниот телефон и ги контролирала нејзините финансиите, па побарала забрана за нејзино приближување.

Судијата го отфрли нејзиното барање за привремена забрана за приближување, а на бизарните обвиненија познатата Бијонсе нема коментар.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Објавена снимка од Австралиец кој со автомобил гази ему птици

Објавено пред

Од

Австралиските власти го испитуваат потеклото и околностите на настанокот на сурово видео од убиство на ему птици. На видеото јасно се гледа дека возачот свесно и со злобни коментари јури со автомобилот низ поголема група на ему птици, пренесува Би-би-си.

Вознемирувачкото видео прикажува човек што се возило ги удира птиците на патот, брои колку прегазил и притоа воодушевено вика: „Ова е одлично“.

Властите бараат од граѓаните да пријават дали имаат какви било информации за идентитетот на човекот, бидејќи видеото јасно го покажува неговото лице и добро се слуша неговиот глас.

„Силно го осудуваме ова однесување, што очигледно е сурово мачење на веќе загрозени животни кои се автохтони за оваа област“, се вели во изјавата на Кралското друштво за превенција на суровоста врз животните (РСЦПА).

Оттаму велат дека сè уште не утврдено каде и кога се случил овој инцидент.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Кина воведува строг надзор за граѓаните, поведението ќе се оценува со бодови

Објавено пред

Од

Секој што некогаш читал дистописки романи во кои се опишува 24-часовен видеонадзор на целото население ќе бидат обесхрабрен со вестите што доаѓаат од Кина.

Не е тајна дека станува збор за земја со мали лични слободи за луѓето во споредба со западните земји, но плановите на владејачката Комунистичка партија во Кина звучат како да биле копирани од некои од познатите романи на Џорџ Орвел или Алдоус Хаксли.

Имено, властите во Кина имаат намера да воведат систем што го нарекуваат „социјален кредит“, еден вид оценување на поведението на секој поединец во општеството, што во голема мера ќе ги одредува животните шанси на луѓето.

За неколку години, како што наведуваат извори од Кинеската комунистичка партија, овој систем ќе им овозможи на веродостојните граѓани слободен пристап насекаде, додека, пак, оние што се дискредитирани тешко ќе можат да направат дури и неколку чекори.

Како што јавува австралискиот Еј-би-си, „социјалниот кредит“ во Кина е нешто како лична карта со поени што ќе ја добие секој од 1,4 милијарди луѓе во Кина.

Социјалниот кредит ќе има двојна функција – граѓаните со висок социјален кредит ќе имаат ВИП-третман во хотели и аеродроми, евтини кредити, забрзан упис на најдобрите универзитети и пристап до најдобрите работни места.

Се разбира, постои и другата страна на таа монета. Имено, оние со низок социјален кредит ќе можат да добијат забрана за патување, забрана за вработување во државни и јавни претпријатија, како и забрана за подигање кредити.

Оваа програма ќе се спроведува со помош на високотехнолошки системи за надгледување кои ќе бидат контролирани од страна на вештачка интелигенција, на која Кина интензивно работи со години.

Надзорните камери ќе бидат опремени со софтвер за препознавање на лицето и скенирање на телото, односно гео-следење, така што секој граѓанин на Кина ќе биде под постојан надзор. Во моментов се шпекулира дека мрежата за надзор ќе се состои од 200 милиони камери кои ќе го следат секој чекор на луѓето.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура11 час

(Галерија) Почна ,,Браќа Манаки” – Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ беше отворен 39 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На...

Европа15 часа

Почна Октоберфест во Минхен, се очекуваат шест милиони посетители

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтен го отвори 185. фестивал на пивото – Октоберфест, еден од најпознатите и најголемите фестивали во...

Македонија17 часа

(Видео) Шилегов: Од Лисиче до Центар со воз се стигнува за 4 минути, од таму продолжете со велосипед

Европската недела на мобилност 2018 во Скопје заврши со комбинирање на железнички и превоз со велосипед. Активисти од здружението „Прв...

Свет19 часа

(Видео) Над 20 мртви при вооружен напад за време на воена парада во Иран

Дваесет и четири лица се убиени, а 53 повредени во утринскиот напад на вооружени луѓе за време на воена парада...

Македонија19 часа

(Видео) Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките

На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им...

Македонија21 час

Следува период на пост-демократија во која главниот збор не е на избирачите, рече Иванов на предавање во САД

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во...

Топ22 часа

Холанѓанец пронајден мртов во вила во Трпејца

Во вила во охридското село Трпејца, во текот на вчерашниот ден починат бил пронајден 79-годишен Холанѓанец. Како што информираат од...

Македонија22 часа

(Видео) Макрон со обраќање до македонските граѓани: Ниеден договор не е совршен, но се работи за иднината на земјата

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонсите граѓани, при...

Крвав четврток1 ден

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток1 ден

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија2 дена

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ2 дена

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија2 дена

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија2 дена

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија2 дена

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија2 дена

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија2 дена

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет2 дена

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија2 дена

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Досие