Контакт

Забава

Ед Ширан пишува песна за следниот албум на „БТС“

Објавено пред

Британскиот музичар Ед Ширан пишува песна за новиот албум на јужнокорејскиот поп-бенд „БТС“.

Тој и претходно соработуваше со седумчлениот бенд за синглот Make It Right од нивниот албум Map of the Soul: 7 од 2020 година, а сега на пат е нова нумера за хитмејкерите на „Динамит“.

Говорејќи во емисијата Most Requested Live, мегаsвездата (30) рече: „Јас всушност работев со БТС на нивниот последен запис и штотуку напишав песна за нивниот нов запис.“

„А тие се супер, супер кул момци“,додаде тој.

Во август 2020 година „Динамит“, мегахитот на јужнокорејскиот септет, го урна рекордот на „Јутјуб“ со над 100 милиони прегледи во првите 24 часа од објавувањето. „Динамит“, целосно отпеана на англиски јазик, е првата песна во историјата на „Јутјуб“ со 101,1 милиони прегледи во еден ден.

Забава

Висконтеса, родена во Америка, фрла светло на кралската битка на Меган Маркл

Објавено пред

Снаата на грофот и грофицата од гратчето Сендвич, висконтесата Хинчингбрук, се отвора во новиот документарец за војвотката од Сасекс.

Во пресрет на роденденот на Меган Маркл војвотката од Сасекс на 4 август, новиот документарен филм на Channel 5, „Меган на 40 години: Искачувањето до моќ“ го истражува нејзиниот живот.

Говорејќи во филмот, висконтесата Хинчингбрук претпоставува како се чувствувала Меган на патот до војвотка согласно нејзините сопствени искуства како Американка која се омажи во англиската аристократија.

Џули Монтеги е прилично модерна висконтеса, како учителка по јога, ТВ-презентер и претприемничка сила на семејното седиште на нејзиниот сопруг.

„Како член ка кралско семејство, не можете да бидете нешто што сакате да бидете или да правите нешто што сакате или да кажете што сакате да кажете. Вашата должност е кон кралицата, а тоа е многу тешко за некој како Меган“, вели висконтесата Џули.

„Тешко е да го исклучите тој американски сон и да прифатете: сега мора да правиш она што ќе ти кажеме. Тешко е да оддржувате љубов и должност истовремено и тоа е она што Хари и Меган го посакуваа во преговорите со кралицата, таква синергија, но кралицата рече не.“

Прикажи повеќе...

Забава

Емили Ратајковски одмoра во Италија со сопругот и синчето

Објавено пред

Емили Ратајковски сподели низа фотографии од нејзиното патување по крајбрежјето на Амалфи, популарна и романтична дестинација во јужна Италија.

Моделот и актерка (30) одморот го поминува на Сорентскиот Полуостров со сопругот Себастијан Бер Меклард (34) и нивниот четиримесечен син Силвестер.

Атрактивната бринета во саботата го впиваше сонцето во Позитано, еден од најубавите градови на брегот на Амалфи.

А во саботата го покажа своето тонирано тело во танга-бикини. ‘Inamoratawoman’, напиша Емили во објавата, посочувајќи дека костимот за капење е од сопствената модна линија „Инамората“.

Емили позира и со Силвестер во објавата што ја наслови „Пиколино“.

 

Брегот Амалфи, познат и како брегот на лимоните, се протега на јужната страна на Сорентскиот Полуостров и е едно од најпосакуваните летни дестинации во Европа.

Прикажи повеќе...

Забава

Хелен Мирен, кралица на глумата, денес слави роденден

Објавено пред

Една од најомилените холувудски ветеранки, Хелен Мирен, која во својата исклучителна кариера портретираше монарси од кој било период, денес полни 76 години.

Големата театарска и филмска ѕвезда може да глуми полициски инспектор, рокер, убиец, монархиња… и тоа го прави во изминатите пет децении: од раната театарска улога на Клеопатра, и Елизабета Втора во „Кралица“ што ѝ донесе Оскар во 2007 година, до Катерина Велика во истоимената ТВ-серија. Таа е единствената актерка која на филм ги портретирала двете кралици Елизабети.

На почетокот беше отворена млада класична актерка кој жестоко се спротивставуваше на објективизацијата, без разлика дали од весници или ТВ-емисии.

Потоа дојде зрелата Мирен со дарба да глуми монарси (Елизабета Прва на ТВ, Елизабета Втора на филмско платно и на театарска сцена), да ги освојува сите можни награди, да биде прогласена за Dame (дама), и да стекне голема меѓународна слава. Меѓу многуте титули, таа е и амбасадор на Women International.

Семејството на Мирен има благороднички корени: нејзиниот татко Пјотр Василиевич Миронов бил руски аристократ кој ги загубил статусот и богатството по Болшевичката револуција.

Во аристократската Мирен отсекогаш имало авантурист за кој било предизвик.

Една од најнаградуваните актерки во Британија и САД ја носи почесната титула Dame (дама) доделена од британската кралица Елизабета, женски еквивалент на Sir (сер) како форма на обраќање во чест на славата.

Мирен е безвременска дама со уникатен стил, вистинска инспирација за сите генерации. На свечените церемонии, холивудската ветеранка изгледа беспрекорно со совршено одбрани комбинации и секогаш со доза женственост и сексапил.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 часа

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион9 часа

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија14 часа

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија15 часа

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија16 часа

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија17 часа

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија17 часа

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа18 часа

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија18 часа

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет20 часа

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Македонија20 часа

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија21 час

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија2 дена

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион2 дена

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија2 дена

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет2 дена

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија2 дена

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија2 дена

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија2 дена

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија2 дена

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Досие