Естрада
Експерт за говор на телото тврди: Меган и Хари ја кажаа вистината, но за многу работи се воздржуваа

Пети Вуд, која е експерт за говор на телото, вели дека Меган Маркл за време на интервјуто што таа и принцот Хари го дадоа за Опра Винфри, и покрај тешките признанија, сепак се воздржувала од намерата да каже повеќе.
Таа за магазинот „Мери Клер“ изјавила дека во очите на Маркл била видлива мешавина од емоции, дека била замислена и честопати гледала настрана.
„Има дел од неа што се смее додека се сеќава на тие настани, но има и солзи. Постојат работи што и се драги, како, на пример, свадбата. Но, некои настани ја вознемируваат. Значи, тоа е комплексен сет на емоции. Таа се обидува да ги зaдржи“, рекла Вуд.
Според нејзините зборови, на почетокот на интервјуто Маркл се обидела да се заштити од предрасудите на публиката со тоа што ги прекрстила нозете на заштитнички начин држејќи ги рацете во скутот, што, како што проценува, е обид за заштита на нејзиниот идентитет и женственост.
Вуд исто така проценила дека говорот на телото на Маркл, кога зборувала со љубов за кралицата, открил и нешто покомплексно.
„На самиот почеток на интервјуто Опра ја споменува кралицата, а Меган покажа сложени, негативни вокални и гестикурални знаци за неа. Таа мрмореше. Кога рече дека кралицата е една од првите личности што ги запознала, погледна надолу и направи гримаса. Направи и движење со јазикот. Ова е идеален пример за тоа како невербалните знаци откриваат како таа навистина се чувствува“, објаснила Вуд.
Исто така, продолжила таа, во описот на Меган за нејзината борба со менталното здравје говорот на телото го рефлектирал она за што зборувала – таа навистина се обидувала да го потисне сеќавањето на тој ужасен период.
„Кога плачеше, тоа беа вистински солзи“, рекла Вуд.
Говорејќи за делот од интервјуто во кое Меган зборуваше за загриженоста на палатата за бојата на кожата на нејзиниот син Арчи, Вуд вели дека нејзиното тело многу се сменило и додава дека е очигледно оти за неа тој дел од интервјуто бил најстрашен.
„Го приспособи столчето, што е потсвесна желба да избега од ситуацијата. Израз на чист страв се појави на нејзиното лице. Тоа беше моментот кога Опра се обиде да ја убеди да каже кој ја коментирал бојата на кожата на Арчи. Беше толку исплашена“, вели Вуд.
Во однос на принцот Хари, познавачката на невербалната комуникација проценува дека тој изгледал тажен затоа што не можел да го заштити своето семејство, на што укажува и држењето на телото, кое се чинело повлечено.
Вуд исто така вели дека и покрај тешките теми, говорот на телото на двојката ја покажува нивната љубов и посветеност еден на друг во тешки моменти.
„Анализирав стотици нивни фотографии. Таа го гледа нејзиниот сопруг кога и да зборува. Ако постои можност да се допрат, тие ќе го сторат тоа. Луѓето веројатно се прашуваат каква е состојбата на нивната врска сега. Тие се тука еден за друг и се поддржуваат. Навикнати се да наоѓаат меѓусебна утеха“, заклучува Вуд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
(Видео) Мис ја загуби титулата поради тверкање на „Тик-ток“

На мисот на Папуа Нова Гвинеја, Луси Мајно, ѝ беше одземена круната откако на „Тик-ток“ сподели видео на кое се гледа како тверка.
Критичарите велат дека инцидентот со тверкањето (еден вид танц) ја покажува длабоко вкоренетата култура на омраза кон жените во земјата.
Луси Мајно (25), која била и капитен на женскиот фудбалски тим на Папуа Нова Гвинеја, се соочила со лавина реакции откако на „Тик-ток“ споделила видео на кое се гледа како тверка, објави британскиот дневен весник „Гардијан“.
Иако ваквите содржини се чести на оваа апликација, оние што ја поддржуваат санкцијата по објавеното видео, кое сега е избришано, велат дека тоа не е соодветен пример за другите.
„По објавувањето на снимката, Луси Мајно беше ослободена од должноста мис на Папуа Нова Гвинеја“, наведе Комитетот за избор на мис на пацифичките острови Папуа Нова Гвинеја (MPIP PNG).
„Нашата главна цел е зајакнување на улогата на жените, ние сме уникатна платформа што ги промовира културното наследство, традиционалните вредности и споделувањето преку туризмот“, се вели во соопштението на Комитетот.
Естрада
Aнкета по интервјуто кај Опра: Хари и Меган никогаш претходно не биле толку непопуларни меѓу Британците

Популарноста на принцот Хари и неговата сопруга Меган опаѓа и никогаш не била пониска меѓу Британците по нивното интервју со водителката на американската телевизија Си-би-ес, Опра Винфри, покажаа резултатите од истражувањето објавено денес од „Југов“ (YouGov), пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Агенцијата наведува дека интервјуто дадено од Хари и Меган ја донело монархијата стара 1.000 години во најголемата криза во овој век, а според анкетата спроведена од „Југов“, тоа влијаело не само на нивната туку и на популарноста на некои други членови на кралското семејство.
Според истражувањето, откриено е дека 48 отсто од 1.664 испитаници имаат негативен став кон Хари во споредба со 45 проценти од оние со позитивен став, што е првпат неговата вкупна оценка да биде негативна и претставува пад од 15 поени во споредба со една недела претходно, пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата наведува дека сега само три од 10 лица имаат позитивен став кон Меган, а 58 проценти имаат негативно мислење за неа.
Единствениот друг член на кралското семејство кај кого, според истражувањето, е забележан пад на популарноста е таткото на Хари, престолонаследникот Чарлс, кого сега негативно го оценуваат 42 процента од Британците наспроти 49 отсто од оние со позитивно мислење.
Според анкетата на „Југов“, и натаму најпопуларна е 94-годишната кралица Елизабета за која дури 80 проценти од испитаниците мислат позитивно, а за постариот брат на Хари, Вилијам, и за неговата сопруга Кејт, позитивно мислење имаат три четвртини од испитаниците.
Посебна анкета, која била спроведена делумно пред емитувањето на интервјуто во Британија, покажала дека поддршката за монархијата како целина е во голема мера непроменета – со 63 проценти од Британците што го поддржуваат ваквото уредување, а 25 отсто сакаат избран шеф на државата, соопшти агенцијата.
Естрада
Почина пејачката Марина Пухариќ

Вчера на 66-годишна возраст почина пејачката Марина Пухариќ (1954-2021). Марина Пухариќ е пејачка на народна, староградска и забавна македонска музика. Ќе останат запаметени нејзините композиции: „Мојот разбој“, „Мојот сон “, интерпретациите на традиционалните песни: „Зошто ми се срдиш либе“, „Дали го видовте“, „Кажи Анѓо, кажи душо“, како и песните од забавната музика: „Си одиш ти од мене“ „Есенска елегија“, „Биди насмеан“, „Помина време“.
Има соработувано со композиторите Љубомир Бранѓолица, Ванчо Димитров, Јанко Узунов… Беше дел од групата „Македонија“, како и од женската пејачка група „Сирма“. Талентот го имаше наследено од својата тетка, Нина Спирова.
Целиот свој работен стаж, Марина Пухариќ освен во музиката, го посвети и како наставничка по предметите физика и хемија.Посмртните останки на Марина Пухариќ ќе бидат изложени утре во капелата на гробишта во Бутел од 13:30 до 14:00 часот.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш