Контакт

Забава

Ема Вотсон за „Вог“: Среќна сум затоа што сум сама

Објавено пред

Ѕвездата на филмовите за Хари Потер, Ема Вотсон, која во април ќе наполни 30 години, за британскиот магазин „Вог“ зборуваше за притисокот и вознемиреноста што ги чувствува поради фактот дека се приближува кон триесеттата година од животот, а нема постојан партнер, стабилна кариера и нема дете.

„Мислев – зошто сите прават таква врева за тој 30-ти роденден? Не е толку страшно … Тогаш наполнив 29 години и беше – о, Боже, јас сум толку вознемирена поради тоа“.

„Постојано чувствував загриженост поради тие сублиминални пораки. Ако не сте изградиле дом, не сте се омажиле и немате дете, или ако немате стабилна кариера до триесеттата година, ќе почнете да се чувствувате вознемирени затоа што мислите дека тоа е нешто задолжително“, рече таа.

Таа рече дека се откажала да одговара на прашањата дека е „сингл“.

„Ми требаше долго време да сфатам дека сум среќна затоа што сум сама. Јас ќе го наречам тоа врска со себе“, изјави таа за „Вог“.

Вотсон е исто така позната како активистка за женски права, а наскоро треба да се појави во филмот „Мали жени“, заснован врз романот на Луис Меј Алкот.

Таа вели дека било огромно задоволство за неа да глуми со Лора Дерн и Мерил Стрип.

Ема е исто така амбасадор на добра волја на ООН и учествува во кампањата „He for She“ која се залага за еднаквост меѓу мажите и жените.

 

 

Забава

Шакира се соочува со судење поради наводно затајување данок

Објавено пред

Шпански истражен судија увидел доволно индиции за колумбиската поп-ѕвезда Шакира да се соочи со судење за даночна измама, е наведено во судскиот документ објавен во четвртокот (29 јули).

Судијата Марко Џисас Хуберијас ја заврши истрагата за наводите на државното обвинителство дека пејачката не платила 14,5 милиони евра (23,3 милиони долари) данок на приход остварен помеѓу 2012 и 2014 година. Тоа е прелиминарен чекор пред да биде закажано судење.

„Документите (…) приложени кон тужбата се доволен доказ за погрешно постапување за да се продолжи со постапката“, наведува судијата во судскиот документ.

Додека обвинителите велат дека Шакира живеела во регионот Каталонија во тој период, нејзините претставници тврдат дека до 2015 година таа живеела на Бахамите, не во Шпанија, и дека ги исполнува сите даночни обврски.

„Во периодот од 2012 до 2014 година Шакира била даночен обврзник на Бахамите, а не на Шпанија“, тврдат нејзините претставници и додаваат дека повремено патувала во Шпанија, а официјално почнала да живее таму дури од 2015 година.

Претставниците на Шакира во Шпанија во четвртокот преку е-пошта изјавија дека „судскиот документ е очекуван чекор во процесот“ и дека правниот тим на пејачката „целосно соработува со правосудните органи и нема да коментира понатаму“.

44-годишната пејачка е во врска со дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, од 2011 година и имаат две деца.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Луцифер се враќа за сезоната 6

Објавено пред

Сагата за Луцифер е речиси исто толку епска како и библиските приказни што ја инспирираат.

Фановите стравуваа дека крајот беше предвреме близу во неколку наврати, но „Нетфликс“ конечно потврди дека серијата ќе има шеста и последна сезона.

Веста дојде преку официјална објава на Твитер, придружена со броевите „666“ и следнава најава: „Ѓаволот нè натера да го сториме тоа. Луцифер ќе се врати за шеста и последна сезона. Како, крајно финале.“

Завршната сезона ќе има 10 епизоди, а ќе почне да се емитува на 10 септември.

Главниот фокус на серијата е Луцифер Морнингстар, ѓаволот, кој е несреќен и уморен од тоа да биде господар на пеколот. Го напушта престолот и го менува своето кралство со Лос Анџелес, каде води свој ноќен клуб „Лукс“. Тој е повикан да работи како консултант за полицијата на Лос Анџелес.

Прикажи повеќе...

Забава

Алекс Родригез и Мелани Колинс облечени во тон

Објавено пред

Тие уживаа во луксузно патување во Сен Тропе возејќи се на крузер изминатава недела.

А, Алекс Родригез и ТВ-водителката Мелани Колинс во средата беа забележани додека шетаат и разгледуваат продавници во францускиот град.

46-годишникот и Мелани, двајцата облечени во бела облека, посетија голем број продавници само неколку часа откако неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез, која моментално е во Италија со Бен Афлек, застана во истите објекти.

 

Таблоидите шпекулираат дека Бенифер (Бен и Џенифер) заминале за Италија откако дознале дека поранешниот свршеник на Џенифер е во Сен Тропе.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион7 часа

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија9 часа

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија10 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија10 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија13 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија13 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ14 часа

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ15 часа

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет15 часа

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ16 часа

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет17 часа

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет17 часа

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија18 часа

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет1 ден

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет1 ден

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет1 ден

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија1 ден

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија1 ден

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Досие