Контакт

Забава

Енди Мaрej третпат стана татко, по две ќерки, доби син

Објавено пред

Британскиот тенисер Енди Мареј стана татко по третпат! Неговата сопруга Ким Сирс роди машко бебе.

Тие веќе имаат две ќерки, тригодишната Софија и двегодишната Еди.

„Момче е. Сè уште не го знаеме името. Ја видов фотографијата. Пресреќна сум што сè е завршено и тие се добро“, рече бабата на Мареј за „Сан“.

Забава

(Видео) Том Хенкс во апокалиптична драма „Финч“

Објавено пред

Претстојниот филм „Финч“ со Том Хенкс во главна улога ќе дебитира на стриминг-платформата „Епл плус“ во ноември.

„Финч“ е за инженер за роботика (Том Хенкс) кој се обидува да преживее во нов постапокалиптичен свет, чија површина и население се десеткувани од разорен блесок на сонцето. Со него е четириножниот крзнен сопатник Гудиер и роботот наречен Џеф. Во средиште на сето тоа е решеноста на Том да најде некој што ќе се грижи за Гудиер по неговата смрт.

Научнофантастичната драма се случува по сончев блесок што го уништил животот на Земјата. Инженерот Финч преживеал една деценија постапокалиптичен пустош во подземен бункер каде што живее заедно со своето куче Гудиер.

Во бункерот тој создава робот, а во најавата за филмот се гледа како тројката тргнува на пат да најде засолниште за да избегне смртоносна бура. Нивното патување е поплочено со многу предизвици – екстремни временски услови, немилосрдна топлина, УВ-зрачење, но и со и со хумор. Финч се обидува да ги поттикне Џеф и Гудјер да се согласуваат  и воедно се справува со опасностите од новиот свет.

„Финч“ ќе биде достапен за стриминг на „Епл ТВ плус“ на 5 ноември 2021 година.

Прикажи повеќе...

Забава

36 години подоцна, Ума Турман ја сподели својата „најмрачна тајна“

Објавено пред

Ума Турман ја сподели својата најмрачна тајна, како што напиша, откривајќи дека таа абортирала во доцните тинејџерски денови.

Ѕвездата на Kill Bill („Убиј го Бил“) го сподели своето искуство за прекинување на бременоста во раната младост кога го критикуваше новиот закон во Тексас – кој им овозможува на граѓаните да ги тужат докторите кои вршат абортус и секој друг што ѝ помага на жена да абортира по шеста недела од бременоста – и објасни дека нејзината одлука била донесена делумно затоа што се чувствувала неспособна да обезбеди стабилен дом во тоа време.

Во колумна за весникот „Вашингтон пост“ таа напиша: „Ја започнав актерската кариера на 15 години, работејќи во средина каде што честопати бев единственото дете во собата.“

„Во доцните тинејџерски години, случајно затруднев од многу постар човек. Живеев во Европа, далеку од моето семејство и требаше да почнам нова работа. Долго време се мачев да смислам што да правам. Сакав да го задржам бебето, но како? ”

51-годишната актерка побарала совет од своето семејство и на крајот се одлучила за прекин, одлука која сè уште ѝ предизвикува тага, но таа смета дека таа одлука ја доведе до местото каде што е денес. „Решивме како семејство дека не можам да продолжам со бременоста и се согласивме дека прекинот е вистинскиот избор. Но, како и да е, моето срце беше скршено.“

Ума, која има две деца, Маја (23) и Левон (19), со поранешниот сопруг Итан Хок, и деветгодишната Луна со Арпед Басон, ја сподели својата приказна „со надеж дека ќе ги пренасочи пламенот на контроверзите од ранливите жени, врз кои овој закон ќе има непосреден ефект “.

Таа додаде: „Тоа беше мојата најмрачна тајна до сега. Имам 51 година и ја споделувам со вас од домот каде што ги израснав моите три деца, кои се моја гордост и радост.“

Актерката од Pulp Fiction („Евтини приказни“) ја опиша законската регулатива како „криза за човековите права што дискриминира жени во неповолна состојба“.

Прикажи повеќе...

Забава

Почина актерот Вили Гарсон од серијата „Сексот и градот“

Објавено пред

Американскиот актер Вили Гарсон, најпознат по улогата на Стенфорд Блач во серијата „Сексот и градот“, почина на 58-годишна возраст.

Како добар пријател на Кери Бредшо, Вили Гарсон ги освои срцата на фановите на популарната серија, која за првпат беше емитувана во 1998 година и траеше шест сезони. Гарсон се појави и во двата придружни филмови „Сексот и градот“ и „Сексот и градот 2“, пишува британски Гардијан.

Тој неодамна ја повтори улогата на агент за таленти во продолжението на серијата, под наслов And Just Like That …, која моментално е во продукција.

Не е потврдено како починал, но извори за „ТМЗ“ велат дека се борел со карцином.

Синот на актерот, Нејтен, кого го посвои во 2009 година, му оддаде почест на својот татко во емотивна објава на Инстаграм.

„Те сакам многу тато. Почивај во мир и многу ми е мило што ги сподели со мене сите твои авантури. Горд сум на тебе. Секогаш ќе те сакам, но мислам дека е време да тргнеш во своја авантура. Секогаш ќе бидеш со мене. Ти беше најдуховитата и најпаметна личност што сум ја познавал. Мило ми е што ја сподели твојта љубов со мене. Тоа никогаш нема да го заборавам“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија1 час

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет2 часа

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Свет2 часа

(Видео) Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја....

Македонија15 часа

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија16 часа

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет16 часа

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет17 часа

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион17 часа

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија19 часа

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Македонија19 часа

ДИК со жрепка го утврди редоследот на кандидати на гласачкото ливче на локалните избори

Државната изборна комисија со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните локални избори за градоначалници и...

Регион21 час

(Видео) Вучиќ: Го одбив предлогот на ЕУ за решение, тоа не е компромис туку понижување на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати по седницата на Советот за национална безбедност. На седницата се разгледа актуелната ситуација...

Македонија21 час

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања...

Македонија1 ден

Досега се попишани 1.132.484 лица

Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера. Можноста за самопопишување на лица...

Македонија1 ден

Вархеи во Софија на разговори за бугарското вето за Македонија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј ќе престојува во посета на Бугарија, објави Европската комисија. Детали за разговорите не се соопштуваат,...

Свет1 ден

Претседателот на Бразил наместо во ресторан, вечераше пица на улица

Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела, најверојатно, ќе мора да се задоволат...

Регион1 ден

Седница на Совет за безбедност на Србија за ситуацијата на Косово

На Косово ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици „Росу“ низ северот на провинцијата. Српскиот претседател, Александар...

Свет1 ден

Идентификувани жртвите од пукањето во универзитетот во Русија

Идентификувани се сите шест жртви на пукањето на универзитетот во рускиот град Перм. Како што пренесе ТАСС, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Пендаровски: Одржувањето на перспективата за членство во ЕУ е клучниот двигател за реформите во земјите од Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20. состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што...

Свет2 дена

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Досие