Контакт

Забава

Ен Хатавеј откри дека имала спонтан абортус во 2015 година: „Тешко е…“

Објавено пред

Актерката Ен Хатавеј откри дека имала спонтан абортус во 2015 година. Таа го откри ова кога беше прашана за нејзината објава на „Инстаграм“ од 2019 година кога првпат спомна дека минува низ неплодност и пекол за зачнување.

„Со оглед на болката што ја чувствував додека се обидував да забременам, би било неискрено да објавам нешто сосема среќно кога знам дека приказната е многу нијансирана од онаа за сите. Не сакав да се срамам од нешто што статистички се чинеше како сосема нормално“, објасни таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Hathaway (@annehathaway)

До таа објава во 2019 година Хатавеј веќе имаше дете, но не беше отворена за своите проблеми со плодноста. Болното искуство во 2015 година беше отежнато со фактот што актерката тогаш настапуваше во целосно женската претстава Grounded, напишана од Џорџ Брант, за жена пилот на американските воздухопловни сили, која е приземјена кога ќе забремени.

„Првпат не ми одеше. Бев во претстава и морав да се пораѓам на сцена секоја вечер“, изјави таа за „Венити фер“ мислејќи на приказната за нејзиниот лик во претставата. Зад сцената на претставата ја сподели тажната вест со своите пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Hathaway (@annehathaway)

„Беше премногу да го држам тоа во себе додека бев на сцената преправајќи се дека сè е во ред“, вели Ана. „Навистина е тешко да сакаш нешто толку многу и да се прашуваш дали правиш нешто погрешно“, додава таа.

Подоцна сфатила дека спонтаните абортуси се чести, иако за тоа не се зборува многу.

Најново

Македонија13 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите – Карбинци се развива

ВМРО-ДПМНЕ ги презентира резултатите од работата во Општина Карбинци во изминатата година, посочувајќи на инвестиции во образованието и инфраструктурата, како...

Свет16 минути

Путин: Европа ги турка своите граѓани кон војна со Русија – изборите во Германија се доказ

Рускиот претседател Владимир Путин го поврза силниот резултат на крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на неодамнешните покраински избори во...

Свет19 минути

Експлозија погоди уште едно складиште за оружје во Бугарија

Силна експлозија предизвика пожар во складиште за оружје во централна Бугарија во текот на ноќта, јавија денеска локалните медиуми и...

Спорт32 минути

Зверев против Шелтон за титулата во Њујорк

Александар Зверев и Бен Шелтон ќе се борат за титулата на Отвореното првенство на САД. Германецот прв обезбеди место во...

Македонија36 минути

Оваа година лотото се падна кај Мицкоски, велат од СДСМ

СДСМ продолжува со обвинувањата за трошењето на парите од АД „Државна лотарија“ за одбележувањето на 35 години независност и бара...

Македонија40 минути

Нова огнена битка: 31 пожар на отворено, три жаришта сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три...

Спорт46 минути

Мбапе: Со години сум најдобар во светот, никој немаше подобра сезона од мене

Килиан Мбапе ја продолжи својата кампања за самопромоција во изборот за Златна топка. Оваа недела, „Лекип“ објави мини-интервју со ѕвездата...

Македонија47 минути

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Грин Машинс, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот...

Свет1 час

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...