Контакт

Забава

Ерос Рамацоти доаѓа во Скопје

Објавено пред

Во рамките на својата светска турнеја Vita ce n`e’, која ќе ги опфати сите континенти, една од најголемите светски пејачки ѕвезди, Ерос Рамацоти, ќе одржи концерт во Скопје во ВИП Арената на 30 септември 2019 година.

Неговите концертни настапи се познати како едни од највозбудливите во историјата на поп-музиката. Тој доаѓа во Скопје со комплетно своја продукција и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто Ерос доживување низ годиниве, покажано и докажано како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија.

Сите детали околу билети ќе бидат познати на ова исто место, утревечер во 21 часот.
Концертот на Ерос Рамацоти во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Стинг, ако се земе предвид капацитетот на салата.

„Авалон продукција“ информира дека освен во Скопје, го работи и концертот на Ерос Рамацоти во софиската арена „Армеец“ ,која е со капацитет од 16 000 посетители, а кој ќе се одржи на 3 октомври.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба онлајн исклучиво преку новиот тикет-систем на „Авалон продукција“, кој го има на avalon.mk, а исто така ќе има и продажна мрежа што ќе биде објавена утревечер со другите информации.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Квентин Тарантино во шестата деценија од животот првпат ќе стане татко

Објавено пред

Познатиот холивудски режисер Квентин Тарантино (56) и неговата сопруга Даниела Пик (35) го очекуваат своето прво дете, пишуваат американските таблоиди.

„Даниела и Квентин се многу среќни што може да потврдат дека го очекуваат своето прво дете“, изјави портпаролот на реномираниот режисер за списанието „Пипл“.

Веста дека славната двојка очекува принова дојде девет месеци по венчавката. Минатиот ноември Квентин и Даниела решија да стапат во брак по девет години врска. Тие организираа интимна еврејска церемонија во Лос Анџелес за семејството, најблиските пријатели и соработниците.

Прикажи повеќе...

Забава

Актерот Бардем ја пофали Грета Тунберг истакнувајќи дека таа е промената

Објавено пред

Шпанскиот актер, оскаровецот Хавиер Бардем (50), во говорот одржан во понеделникот во ОН ја пофали младата активистка Грета Тунберг, која се залага за заштита на климата нарекувајќи ја составен дел од општествените промени.

„Таа е промената“, рече Бардем.

Гласот на 16-годишната Швеѓанка е значаен во дискусиите за климатските промени токму поради нејзината возраст, знаење и посветеност, рече тој. Тунберг е инспирација за нејзината генерација затоа што, повикувајќи на протести, предупредува на опасностите од климатските промени, рече актерот.

Гласниот поборник за заштита на животната средина, Бардем, зборуваше во ООН како претставник на „Гринпис“, кој се залага за договорот за океаните да се дискутира во Обединетите нации.

Прикажи повеќе...

Забава

Лари Кинг се разведува од својата седма сопруга

Објавено пред

Познатиот водител Лари Кинг (85), по 22 години брак, се разведува од својата седма сопруга, актерката Шон Кинг (59), пренесува „Пипл“. Сепак, како што тврдат странските медиуми, ова воопшто не е изненадување. Иако биле долго време заедно, нивните пријатели велат дека претпоставувале дека тоа ќе се случи.

Лари во еден период стравувал за своето здравје, а Шон наводно го изневерувала во 2016 година.

„Тој сфати дека не е среќен долго време. Тие се расправаа цело време, но Лари сакаше да ги заштити децата. Тие, всушност, се разделени десет години. Дури спијат и во одделни простории“, изјави пријател на Лари.

Лери и Шон се венчаа во 1997 година и имаат два сина, Шанси (20) и Канон (19). Во вторникот адвокатот потврди дека Лари ги предал документите за развод.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион37 минути

Маскирани мажи нападнале гости додека гледале фудбал во кафуле во Хрватска, петмина повредени

Гостите на едно кафуле во општината Бискупија во близина на Книн, го гледале фудбалскиот натпревар на „Црвена звезда“ кога група...

Топ1 час

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ2 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија3 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија3 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија4 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет4 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија5 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа5 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија16 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија17 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион18 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија19 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија20 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија20 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија20 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија23 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија24 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ1 ден

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион1 ден

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Досие