Контакт

Естрада

Жељко Јоксимовиќ никогаш повеќе на Евровизија

Објавено пред

Еден од најпознатите пејачи на овие простори, Жељко Јоксимовиќ, постигна завиден успех на Евровизија, но сега е суров кога станува збор за неговото повторно учество.

Имено, Жељко отсечно одговори дека веќе не сака да пее на Евросонг и постои причина за тоа.

„Никогаш повеќе како изведувач, па тоа е наместено, нели?, изјави пејачот за „Мондо“.

Јоксимовиќ со песната „Лане мое“ го освои второто место во 2004 година во Истанбул, а во 2012 година во Азербејџан со песната „Није љубав ствар“ го освои третото место на Евровизија.

Естрада

Свештеник ja обвини Селин Дион за сатанизам бидејќи бебињата ги облекува во черепи

Објавено пред

Големата музичка дива Селин Дион (51) е обвинета дека е сатанистка откако ја лансира својата линија на детска облека наречена „CELINUNUN”.

На интернет-страницата таа ја претстави својата колекција како облека која ги ослободува децата од традиционалните улоги на момчиња и девојчиња и им овозможува да растат со вредностите на еднаквост и слобода.

Бројни следбеници на социјалните мрежи, како и свештеник, поточно егзорцист, ја обвинија пејачката дека е сатанист и ги повикува демоните.

„Освен што облеката е исклучително грда, таа е морам да признаам и вознемирувачка. Бебе носи кошула на која има череп. Јакната изгледа како кеса за ѓубре. На некои маички, исто така, се гледаат очите на илуминатите. Ова е сатанска детска кампања“ – вели свештеникот во интервју за „Национален католички регистар“.

Свештеникот ја обвини Дион дека на маиците индиректно ги прикажува окултните симболи, а на еден чифт фармерки го имаше бројот три, на други бројот шест.

„Ова е симбол на сатанизмот. Три шестки или 666 се броеви кои се поврзувани со сатаната со векови. Облеката не е соодветна за возрасни, а камоли за деца“, додаде свештеникот.

Прикажи повеќе...

Естрада

Се снима филм за „Секс пистолс“

Објавено пред

Биографскиот филм за кариерата на музичките икони на 70-тите години на минатиот век  „Секс пистолс“ веќе е во подготовка, а инспиририран е од огромниот успех што го постигнат биографскиот филм за групата „Квин“ – „Боемска рапсодија“, според „Рок ен рол гараж“.

Британската продукциска куќа „Старлајт филмс“ веќе 18 месеци работи на филмот за еден од највлијателните панк-бендови во Велика Британија.

Во средиштето на приказната се покојниот менаџер на бендот Малколм Мекларен и познатата модна дизајнерка Вивијан Вествуд, кои во 70-тите години во лондонскиот кварт Челзи водеа бутик што имаше огромно влијание врз британската панк-сцена.

Режисерката на филмот, Ајеша Планкет , изјави за „Дејли стар“ дека биле импресионирани од бројот на продадени билети за „Боемска рапсодија“, потврдувајќи дека тоа само покажува дека постои огромен интерес на публиката за вакви филмови.

„Секс пистолс“ беа формирани во Лондон во 1975 година. Иако траеја само две и пол години и издадоа само четири синглови и еден студиски албум – Never Mind the Bollocks, Here’s the Sex Pistols, покрај „Рамонес“ и „Клеш“ се сметаат за еден од највлијателните бендови на панк-сцената во Велика Британија.

Прикажи повеќе...

Естрада

Леjди Гага во новата биографија отворено зборува за периодот кога се дрогирала

Објавено пред

Американската пејачка Леjди Гага во новата биографија Everyone Loves You When You Are Dead, која излегува на 5 мај, дава редок увид во својот живот пред да стане славна, и отворено зборува за периодот кога била зависна од дрога, пишува NME.

Во еден дел од книгата која ја напиша Нејл Штраус, Гага вели дека понекогаш е преплашена од тоа кога ќе помисли како лежела во својот стан во Њујорк, опкружена со бубачки и бубашваби, со огледала и со кокаин насекаде, без интерес да работи ништо освен да создава музика и да се дрогира.

Гага, чие вистинско име е Стефани Џоан Анџелина Германота, вели дека експериментирала со дрогата заради уметнички цели, инспирирана од Дејвид Боуви и Мик Џегер.

„Немав лошо детство. Сите работи низ кои поминав беа дел од мојата сопствена потрага по уметничко патување да се зафркавам како (Енди) Ворхол и Боуви и Мик”, пишува во книгата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет44 минути

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Топ1 час

Убиени татко и неговиот осумгодишен син во Слупчане

Татко и неговиот осумгодишен син се пронајдени мртви во автомобил во близина на кумановското село Слупчане. Според информациите од кумановското...

Избори 20192 часа

Пендаровски во водство со 4.606 гласа, според последните податоци од ДИК

Стево Пендаровски е во водство со 4.606 гласа, според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК). Од обработени 98,8 избирачки...

Избори 20192 часа

Дука нов градоначалник на Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за Дебар, победи на локалните предвремени избори што се одржаа вчера заедно со претседателските. Дука...

Свет3 часа

Ден на Земјата – што може секој поединец да направи за да ја заштитиме нашата планета?

Додека голем број граѓани од католичка вероисповед од Европа и светот го празнуваат првиот ден од Велигден, 22 Април исто...

Топ3 часа

Еден мотоциклист загина, а друг тешко повреден во сообраќајна несречќа на патот Скопје-Велес

Еден мотоциклист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот „Пријателство“, во атарот...

Вести3 часа

Бројот на жртви во терористичките напади во Шри Ланка се искачи на 290

Бројот на жртви во терористичките напади во цркви и хотели во Шри Ланка порасна на 290, а бројот на повредени...

Избори 201912 часа

Зекири: Горчлива победа, граѓаните знаат да наградат, а и да казнат

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот...

Избори 201913 часа

Дерковски: Силјановска освои 309.799, Пендаровски – 310.751 и Река – 75.519 гласа

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека се обработени 96,92 отсто од гласовите, при што гласале 41,92 отсто...

Избори 201913 часа

Пендаровски: Едвај чекам да се фатам за работа од позиција шеф на државата

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во своето обраќање во медиумскиот центар оцени дека првиот круг од претседателските избори минал во демократски...

Избори 201913 часа

Заев прогласи победа на Стево Пендаровски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прогласи победа на Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека од 98,28...

Избори 201913 часа

Мицкоски: Ја победивме хотел-коалицијата

„Победивме, но целосно не ги поразивме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата по првиот круг од претседателските избори....

Избори 201914 часа

Силјановска: Ако на моите се додадат гласовите на Река, приказната е јасна

Не сум човек што потонува во триумфализам, знам дека допрва следува битката, но мислам дека ако ние добивме толкав број...

Избори 201914 часа

Адеми: Максимално сме фокусирани за победа во вториот круг

Портпаролот на изборниот штаб на ДУИ, Арбер Адеми, не сакаше да го коментира резултатот од изборите во однос на албанското...

Избори 201916 часа

Јанушев: Водиме во голем број места

„Радувај се Македонијо, правдата доаѓа. ВМРО-ДПМНЕ победува. Гордана ќе биде“, со овие зборови генералниот скеретар на партијата, Игор Јанушев, ја...

Избори 201917 часа

(Видео) Бајрами: До ОЈО и МВР нема пристигнато никаква пријава за случајот во Студеничани

Претседателот на Комисијата за следење изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на РСМ, обвинителот Џелал Бајрами, по затворањето на гласачките места...

Избори 201917 часа

МВР: Гласач под дејство на алкохол оштетил кутија, четворица ги фотографирале ливчињата

Во текот на изборниот ден регистрирани се четири фотографирања на гласачки ливчиња, а сторителите се приведени. Гласач во Новаци, пак, под...

Избори 201917 часа

Претседателските избори со најмал одѕив досега

Според податоците од досегашните изборни процеси, неизбежен е впечатокот дека опаѓа одѕивот на македонските граѓани во првиот круг од претседателските...

Избори 201918 часа

Одѕивот до 18.30 часот 39,71 проценти

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 18.30 часот изнесува 39,71 проценти, односно...

Свет22 часа

(Видео) Уапсени седум лица за терористичките напади во Шри Ланка, бројот на жртви се искачи на 200

Уапсени се седум лица, осомничени за бомбашките напади на неколку локации во земјата. Зад нападите би можела да стои локална...

Досие