Контакт

Бизарно

Жирафа усмртила познат снимател од Јужна Африка

Објавено пред

Кинематографер од Јужна Африка бил убиен од жирафа која ја снимал во резерват во близина на Јоханесбург, соопшти во неделата сопственикот на паркот за животни. Жирафата го убила Карлос Карваљо (47) удирајќи го во глава во паркот Glen Afric Country Lodge.

„Карлос стоеше преку патот кога животното ги истегна нозете, го свитка вратот и со главата замавна кон него“, објаснил за локалните медиуми очевидец на настанот, инаку еден од сопствениците на паркот. Според него, жирафата по име Гералд не сторила ништо лошо.

Јужноафриканската агенција за филмска продукција „Калакру“ објави дека Карлос Карваљо починал во средата навечер во болница.

„Со голема тага ја информираме јавноста за смртта на Карлос Карваљо, еден од нашите омилени сниматели“, објави агенцијата на својата фејсбук-страница. „Карлос снимаше во Glen Afric и имал кобен контакт со жирафа“, се додава во соопштението.

Карваљо, татко на две деца, бил убиен додека бил во непосредна близина обидувајќи се да направи снимки од жирафата. Тој бил добитник на бројни награди, меѓу кои и „Сребрен лав“ на Канскиот филмски фестивал во 2003 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Паника во авион, патник скрил 20 змии во торба

Објавено пред

Од

Еден патник на лет од Германија до Русија предизвика паника кога беше откриено дека носи 20 змии во торбата. Човекот рече дека змиите ги купил на пазар во Германија.

Змиите се ставени во карантин во Москва, бидејќи патникот немал соодветни документи, вклучувајќи го и одобрението на ветеринар за да ги донесе влекачите од Дизелдорф во Русија.

Според извештаите, германските власти истакнуваат дека немало инциденти во безбедносната проверка пред поаѓањето од Дизелдорф и додаваат дека внесувањето змии во авионот не било нелегално, но потребно е соодветно одобрение.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Британски туристки завршиле во затвор во Грција поради шега

Објавено пред

Од

Две британски туристки биле приведени и затворени на Крф затоа што на еден Грк на плажа на шега му ја скриле облеката.

Дваесетгодишните Шона Кокс и Вики Абон од Есекс со месеци штеделе за одмор во Грција кога една безопасна шега се претворила во хорор. Тие се запознале со група момчиња од Грција и решиле да се пошегуваат со едното од нив и му ја скриле облеката додека момчето пливало во морето.

Момчето пријавило кражба во полиција. Двете девојки биле уапсени и поминале 24 часа во келија без храна и платиле 1.600 фунти глоба и уште 600 фунти за часовник „ролекс“, кој бил во еден од џебовите на панталоните на момчето.

Наводно, момчето пријавило во полиција дека девојките го ограбиле.

Девојките се пожалиле во британската амбасада дека им биле загрозени основните човекови права затоа што условите во келијата во која го поминале денот биле нехумани.

„Нашата приказна е предупредување за сите што ќе одат во Грција. Можеби е убава дестинација за летување, но ако западнете во неволја и ако ви треба помош, ќе ве третираат на овој начин“, рекле девојките.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Циркуска камила во САД повреди шест деца

Објавено пред

Од

Исплашена камила повредила шест деца и еден возрасен во циркус во градот Питсбург, објавија американските медиуми. Имено, за време на изведбата на циркусот „Шрајн“ во арената „Пеинтс“ во Питсбург, камилата се преплашила и почнала да галопира додека едно дете седело на неа.

На социјалните мрежи многу брзо се прошири видео од инцидентот снимено од страна на посетител на циркусот, на кое се гледа како камилата трча наоколу додека циркуските работници се обидуваат да ја запрат.

Целиот инцидент траел околу 11 секунди. На снимката се гледа како девојче се обидува да се оттргне од грбот на камилата и иако било во шок, успеало да се симне.

Очевидци опишале дека толпа вознемирени луѓе бегале од камилата низ целиот циркус.

Шест деца биле повредени во инцидентот. Едно дете завршило со скршена рака, што е најтешката повреда во овој необичен инцидент.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Топ9 часа

(Вознемирувачко видео) Крвава тепачка во Аеродром, едно лице во бесвест

Крвава тепачка се случи вечерва во скопската населба Аеродром кај „Тобако 2“. Според очевидци едно лице од силината на ударите...

Вести13 часа

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион14 часа

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија17 часа

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија19 часа

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија19 часа

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија21 час

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија21 час

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија21 час

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија21 час

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија21 час

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет23 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија1 ден

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија1 ден

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија1 ден

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија2 дена

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија2 дена

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток2 дена

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ2 дена

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Досие