Контакт

Забава

Забавата продолжува: Кајли Џенер три дена слави роденден

Објавено пред

Таа го одбележа својот 23. роденден во понеделникот и оттогаш слави.

Кајли Џенер во средата го покажа прекрасниот фустан на креативниот директор на француската модна куќа „Балмејн“, Оливие Растин, испратен за нејзиниот посебен ден.

Во една од низата објави на „Инстаграм“ во средата реалната ѕвезда позира во шарен мини фустан, креација на познатиот француски дизајнер.

Заблагодарувајќи му се на Растин за фустанот, таа во објавата напиша: „Ти благодарам, љубов моја, за најсовршениот роденденски фустан“.

Колекциите на Оливие Растин, креативен директор на француската луксузна модна куќа „Балмејн“ од 2011 година, се секогаш уникатни.

Забава

Кетрин Зета-Џонс објави фотографија од својата ќерка Карис

Објавено пред

Познатата холивудска двојка Кетрин Зета-Џонс (50) и Мајкл Даглас (75) имаат две деца, ќерката Карис (17) и синот Дилан (19), а сега гордата мајка објави фотографија на социјалните мрежи и покажа како изгледа нејзината ќерка, која израсна во вистинска убавица.

Карис Даглас повеќе не е мало девојче, а нејзината мајка Кетрин Зета-Џонс објави фотографија од својата ќерка со зборовите:

„Мојата девојка во градината“, напишала актерката во описот на фотографијата, на која нејзината ќерка позира во бело летно фустанче.

Фановите на славното семејство изјавија дека 17-годишната девојка е иста како нејзината мајка и дека ја наследила нејзината убавина.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Канје Вест ја фрли наградата „Греми“ во тоалетна школка и уринира врз неа

Објавено пред

Канје Вест деновиве објавува на „Твитер“ дека музичката индустрија е ново робовладетелство и дека нема да објавува нова музика сè додека не му истечат експлоатирачките договори со музичките куќи.

Вест дури ги објави сите страници од неговиот договор во целост на оваа социјална мрежа и ги повика и другите музичари да го сторат истото.

Вест напиша:

„Компанијата не сака да каже колку вредат господарите бидејќи тие знаат дека можам да ги купам сите“.

Кога сподели 10 страници од договорот, Канје објави и видео, во кое уринира врз една од неговите 21 „Греми“ награда.

Во друг твит Канје го откри личниот телефонски број на уредникот на списанието „Форбс“, Рандал Лејн.

„Ако сакате да повикате бел супрематист, јавете му се на Рандал“, рече Канје оставајќи им го телефонскиот број на уредникот на милиони следбеници.

„Твитер“ има строга политика против објавување лични податоци, адреси и телефонски броеви на други луѓе на платформата и тие ја блокираа сметката на раперот на 12 часа.

Прикажи повеќе...

Забава

„Кантас“ нуди седумчасовен лет за луѓето на кои им недостига летањето

Објавено пред

Австралиската авиокомпанија „Кантас“ нуди седумчасовен лет околу Австралија за луѓето на кои им недостига летањето.

„’Кантас’ ќе изведе посебен лет над Северната Територија, Квинсленд и Нов Јужен Велс како одговор на честите барања на патниците на кои им недостига летањето и едноставно сакаат да бидат на небото“, се вели во соопштението на компанијата.

„Билетите се распродадоа за 10 минути“, изјави за Си-ен-ен портпаролот на „Кантас“.

„Тоа е веројатно најбгру продадениот лет во историјата на ‘Кантас’. На луѓето очигледно им недостигаат патувањето и искуството со летање. Ако побарувачката е голема, ние, дефинитивно, ќе реализираме повеќе вакви летови додека чекаме да се отворат границите“, рече извршниот директор на компанијата, Алан Џојс.

За патувањето не е потребен ниту пасош.

Авионот ќе полета на 10 октомври од Сиднеј.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион46 минути

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа „Јанис“, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет1 час

Национален парк во Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови во Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија2 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна која ѝ беше изречена на...

Македонија2 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош започна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, кој изминатава недела гореше во два...

Свет3 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет3 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија3 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ4 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа4 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет4 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Регион4 часа

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Македонија15 часа

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ16 часа

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет16 часа

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија17 часа

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Топ17 часа

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Топ19 часа

Откриен случај на детска проституција, макро била 20-годишна велешанка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес поради детска проституција. Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во...

Култура20 часа

„Браќа Манаки“ ќе се одржи само еден ден во Битола и нема да има повеќе од 80 гости

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан...

Економија21 час

Светската банка: Закрепнувањето на глобалната економија ќе трае пет години

Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата може да трае до пет години, изјави денеска главната економистка на Светската...

Македонија22 часа

Седуммина починати и 186 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија седум лица починaа од коронавирус, а потврдени се 186 нови случаи од 1.674 теста,...

Досие