Контакт

Забава

Забрана за вештачки нокти и трепки во парламентот во Танзанија

Објавено пред

На жените пратенички во Танзанија им е забранет влез во парламентот со вештачки нокти и трепки, објави Би-би-си.

Забраната е воведена од страна на претседателот на парламентот, Јоб Ндугаи, откако заменик-министерот за здравство изразил загриженост во врска со ризиците што вештачките нокти и трепки би можеле да ги имаат по здравјето.

Забраната ќе важи и за посетителите во парламентот.

Покрај тоа, на жените пратенички во Танзанија им е забрането да носат кратки здолништа и фармерки кога влегуваат во зградата на највисокото законодавно тело.

Забава

Шеесет и двегодишната Бо Дерек старee достоинствено, без естетски операции, филери и ботокс

Објавено пред

Бо Дерек се појави на премиерата на документарниот филм на Камерон Кроу, David Crosby: Remember My Namе, во Лос Анџелес, каде што им позира на фоторепортерите.

Русокосата убавица, која и во 63. година од животот привлекува внимание со својот изглед, се прослави со улогата во филмот „Десетка“ на режисерот Блејк Едвард. Многумина се сеќаваат на сцената од филмот во која младата Бо трча во едноделен златен костим за капење по плажата, со коса сплетена во многубројни плетенки.

Денес, Дерек ретко се појавува во јавноста и уште поретко дава изјави, но пред неколку години во интервју призна дека не е лесно да се старее во Холивуд.

„Не е лесно да се старее, тоа не е за слабаци. Бет Дејвис беше апсолутно во право во врска со тоа. Понекогаш ме фалат што не сум отишла на затегнување на лицето, а понекогаш ме критикуваат дека треба да одам“, откри Бо, која е веќе 16 години во врска со пет години помладиот актер Џон Корбет, познат по улогата на Ајдан од „Сексот и градот“ и од филмот „Мојата голема дебела грчка свадба“.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Зета-Џонс во фустан со длабоко деколте го придржуваше Даглас на роденденската забава на канадски милијардер

Објавено пред

Холивудската двојка Кетрин Зета-Џонс (49) и Мајкл Даглас (74)  присуствуваа на забавата по повод 60-тиот роденден на канадскиот милијардер Лоренс Строл.

Забавата се одржа во луксузната вила „Лизис“ на Капри. Кетрин цврсто се држеше за својот сопруг и за таа пригода носеше црн фустан со длабоко деколте, додека Мајкл беше во бел костум. Многумина коментираа дека нејзиното „деколте до папокот” е непримерно.

Актерката минатата година ја шокираше јавноста кога во едно интервју призна дека таа и нејзиниот сопруг имаат отворен брак.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Момчето откри детали за познатата јутјуберка која загина возејќи електричен тротинет

Објавено пред

Џејкоб Хазел (28), момчето на телевизиската презентерка и позната јутјуберка Емили Хартриџ (35), која почина минатата недела возејќи електричен тротинет, ги откри деталите што ѝ претходеа на ужасната несреќа.

Тој призна дека ѝ го купил електричниот тротинет за нејзиниот 35. роденден, само една недела пред трагедијата, пишува „Сан“.

„Луѓето ми кажаа дека јас сум виновен за несреќата бидејќи ѝ купив тротинет, но не треба да мислам така. Нејзиното семејство ми кажа дека не сум виновен“, рече Хазел.

Тој, исто така, откри дека Емили починала на пат кон клиника за плодност. Откако задоцнила на терминот кај лекарот, Јаков знаел дека нешто не е во ред. Таа настрадала додека возела по прометна улица и удрила со тротинетот во камион. Таа носела шлем, а нејзиниот трагичен случај предизвика бројни дебати за безбедноста на електричните тротимнети, новиот тренд на улиците и на патиштата низ целиот свет.

„Требаше да основаме семејство. Моето срце е скршено“, вели Јаков.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Жбогар е уверен дека законот за обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар, при денешната посета на Општина Новаци, изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за обвинителството со...

Македонија22 минути

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија2 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија3 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Економија4 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за половина, односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините еуросупер БС-95...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија5 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет7 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет7 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет7 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет8 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет8 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет9 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија19 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија20 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион22 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија1 ден

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие