Забава
Заедно во јавност – Џенифер Лопез и Бен Афлек не можат да ги држат рацете настрана еден од друг

Џенифер Лопез и Бен Афлек ја оставија јавноста да се прашува за статусот на нивната врска откако беа забележани заедно кон крајот на април, кратко по нејзината разделба од тогашниот свршеник Алекс Родригез.
Но, се чини дека дуото ја потврди својата обновена романса на вечера во отмен ресторан во Западен Холивуд во понеделникот.
Џенифер и Бен стоеа прегрнати додека чекаа да бидат сместени во новиот ресторан „Волфганг Пак“ во отмениот хотел „Пендри“.
Папараците направија десетици фотографии со вљубените. На една од нив, 51-годишната латинодива ја навалува главата во вратот на 48-годишниот оскаровец, а тој цврсто ја држи со едната рака.
Таблоидите објавија дека вечерата траела неколку часа и дека подоцна им се придружил долгогодишниот менаџер на Лопез, Бени Медина, и нејзината продуцентка Елејн Голдсмит-Томас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џереми Ренер го прегазила машина за чистење снег додека се обидувал да го спаси својот внук

Актерот Џереми Ренер се обидувал да спречи машина за чистење снег да удри во внук му, но тој самиот настрадал од машината, која се залетала кон него и го згмечила, дознава британски Би-би-си.
Според полицискиот извештај, Џереми, ѕвездата на „Марвел“, го користел својот плуг PistenBully, тежок шест тони, за да му помогне на Александар Фрис да го исчисти снегот од својот автомобил.
Но, големото возило почнало да се тркала по ридот, се наведува во извештајот на одделот на шерифот на округот Вашо.
Ренер во несреќата добил повреди на торзото, лицето, екстремитетите и на главата.
Актерот оттогаш закрепнува во болница.
Ренер претходно изјави дека во инцидентот скршил повеќе од 30 коски, но нагласи дека тие ќе зајакнат исто како што се продлабочува љубовта и врската со семејството и пријателите.
Несреќата се случи околу Нова година, во близина на автопатот Маунт Роуз, кој ги поврзува езерото Тахо и јужниот Рено, на границата меѓу Невада и Калифорнија.
Забава
Колин Фарел со прва номинација за „Оскар“ за најдобар актер

Колин Фарел изјави дека е благодарен за поддршката што ја доби неговиот најнов филм по веста дека ја заработи својата прва номинација за „Оскар“ за најдобар актер.
Номинациите за годинешните награди на Академијата за филмски уметности и науки беа објавени на 24 јануари, а свечената церемонија ќе се одржи на 12 март во Лос Анџелес.
Ирскиот талент предводи во номинациите со признанија во главните категории, вклучувајќи најдобар филм, најдобар актер, најдобра споредна машка и најдобра споредна женска улога.
Ирската трагикомедија The Banshees оf Inisherin („Духови на островот“) на режисерот Мартин Мекдонах е еден од врвните филмови што добија големо признание со девет номинации. Пред него е само Everything Everywhere All At Once со 11 номинации.
Колин (46) е номиниран за најдобар актер, што му е првпат во оваа категорија. Тој е во трка со Бил Наји (73) и Пол Мескал (26) – и двајцата исто така номинирани првпат.
Забава
Tри филма за Џејмс Бонд го спасија серијалот 007

Според интернет-страницата „Скрин рент“, три филма за Џејмс Бонд го спасија серијалот од изумирање воскреснувајќи го од своите бледи претходници и повторно освојувајќи ги фановите.
Според истиот извор, овој триплет филмови е веројатно најважен во целиот серијал бидејќи од темел го промени, го спаси и ја врати публиката назад во кината заедно со интересот.
Сагата 007 отсекогаш имала свои подеми и падови, и комерцијално и критички. Но, некои нерамнини на патот беа премногу големи за да се игнорираат. Беше потребно обновување на квалитетот и реинвенција на разни елементи.
The Spy Who Loved Me („Шпионот што ме сакаше“) го спаси Бонд по два незначајни филма со Роџер Мур.
Иако Бонд на Роџер Мур во Live and Let Die не беше негово деби во таа улога, овој филм беше добар, генерално. Но, му недостигаше тој посебен ефект што го очекуваат фановите од филм за Бонд. По многу успешната ера на Шон Конери, очекувањата за новиот Бонд беа големи.
Како и неговиот наследник, The Man with the Golden Gun („Човекот со златниот пиштол“), Live and Let Die („Живеј и остави ги другите да умрат“) беше еден од ретките филмови за Бонд што го немаше 007 во воведната секвенција.
Golden Eye („Златно око“) го спаси Бонд по комерцијално разочарувачката ера на Тимоти Далтон.
Продуцентите го гледаа Пирс Броснан како можен 007 уште во средината на 80-тите како потенцијална замена за Роџер Мур.
Casino Royale („Казино Ројал“) докажа дека Бонд може да функционира во 21 век и дека неговата иднина е загарантирана.
„Казино Ројал“ требаше да ги врати работите во реалноста и да го донесе Бонд во 21 век.
Одговорот беше втемелено, зрело и привлечно ремек-дело, кое не само што повторно го измисли Џејмс Бонд туку и ја ревитализира целата сага. Совршено го постави она што, најверојатно, ќе биде најуспешна ера на владеење на кој било Бонд-актер, а тоа е ерата на Даниел Крег. Но, уште поважно, овој филм ѝ докажа на публиката дека Џејмс Бонд може да остане релевантен и денес.