Hitech
Запознајте го Huawei nova 9 – динамичен и стилски паметен телефон

Huawei Nova 9 e со екран од 6.57 инчи во дијагонала, 8GB RAM и 128GB простор комбиниран со ултра-тенко тело од 7.8mm, овој телефон може да го носите било каде, било кога и да изгледате модерно правејќи го истото.
Опремен со процесор кој е Upper Mid-Range класа, Snapdragon 778G (4G варијанта), сурфањето, фотографирањето, телефонирањето, користењето на Вашите омилени социјални апликации нема да има никаков проблем ниту кочења или прегревање доколку гледате YouTube подолго време за разлика од многу телефони од оваа класа.
Да зборуваме малку за фантастичниот екран. Станува збор за OLED панел кој нуди апсолутни црни и апсолутни бели бои (а со тоа заштедува батерија). Карактеристиките не застануваат тука – покрај длабоките црни бои и одличните агли на видливост, овој екран се освежува 120 пати во секунда притоа имајќи 1 милијарда бои (да, милијарда, наспроти стандардните кои имаат само 16 милиони бои – телефонот од кој ја читате рецензијава голема е веројатноста да има 16 милиони бои). Тоа отвара големи можности за да видите соддржина како никогаш досега – погледнете го само видеото Costa Rica in 4K на YouTube во 1440p HDR 60fps – каде ќе помислувате на моменти дека боите излегуваат од екран и ќе може да ги допрете и почувствувате со раката.
Ова се сведува и на игрите. Популарните игри како Call of Duty Mobile, PUBG:Mobile, Genshin Impact можат со нагодувања да достигнат и до 120fps, синхронизирајќи се со 120-те освежувања на екранот во секунда. Покрај убавите и реалните бои (благодарение на DCI-P3 палетата што ја поддржува), прецизноста во игрите е на големо ниво – благодарение на 300Hz Touch Sampling Rate. Во превод, екранот го регистрира движењето на Вашиот прст врз него 300 пати во секунда, овозможувајќи не само прецизни туку и брзи маневри додека ја играте омилената игра.
Што правиме со звучниците? Конкуренцијата е остра и доколку немаме добри звучници, тоа може да Ве одврати од истиот, поготово доколку гледате филмови на телефонот. Во ера на стерео звучници, Huawei Nova 9 не само што е во чекор со конкуренцијата, туку е и едно скалило над нив. Има долен звучник исполнет со солиден бас за големината, истакнати средни и доволно високи тонови. Покрај него, горниот звучник (кој служи за телефонирање) исто така служи и како секундарен звучник кој дава убав и исполнет стерео звук. Мора да го видите телефонот во живо, да пуштите видео за да го почувствувате тоа ? .
За тие кои што сакаат да користат слушалки, Huawei Nova 9, како и другите од истата класа, не нуди приклучок за слушалки. Но тоа го надополнува со нивната патентирана технологија – Huawei Histen, која го подобрува и го засилува звукот на Bluetooth слушалките. Дополнително, ако го пред-нарачате телефонот ги добивате одличните Freebuds 4, на кои може да ја искористите Histen технологијата и да си го најдете најубавиот звук, што и да слушате.
Какви се камерите? Со еден збор, фантастични. Проширено: нема да Ви треба никаков дополнителен уред за фотографирање или снимање. Huawei беше прв на пазарот кој нуди одлични слики ноќе без употреба на сталак или дополнителна опрема. Исто така, беше прв на пазарот кој понуди видео со силна стабилизација, широкоаголна камера, како и повеќе камери на задниот капак.
Nova 9, следејќи ја традицијата на Huawei, соддржи неколку камери, а тоа се:
Сите камери имаат електронска стабилизација со помош на вградениот жироскоп, па така може да имате стабилни видеа дури и додека џогирате – како на предната камера, така и на задните.
Сликите што излегуваат од камерата се остри, со реални бои и многу детали. Ноќните се, како што кажавме, најдобри во класата. Било да сликате пејсаж или портрети, автоматската интелигенција на телефонот самата ќе ја одреди сцената и ќе ги прилагоди боите према тоа што го сликате. Вие се’ што треба да направите е да го притиснете копчето за сликање – оставете на телефонот да ја направи магијата зад сцените ? .
Huawei Nova 9 доаѓа со новиот екосистем Harmony OS 2.0 на Huawei кој доаѓа со сопствена App Gallery продавница за апликации која Ви нуди лесен пристап до апликациите што ги сакате. Екосистемот што го изгради Huawei – Harmony OS 2.0 овозможува непрекинато и лесно да ги користите нивните уреди. Тоа значи, доколку имате звучник, паметен часовник, Bluetooth слушалки од нив и секако смартфон – ќе може брзо и лесно да ги управувате од едно место сите тие уреди.
Заклучок, за кого е овој телефон?
За сите млади кои сакаат телефон кој ќе биде секојдневно со нив, за тие што сакаат да снимаат и да сликаат соддржини за социјалните мрежи, за оние кои сакаат убав екран за да гледаат многу видеа и батерија која ќе издржи цел ден со интензивно користење.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Vivo Y76 5G – нов паметен телефон

Vivo Y76 5G е еден од најновите напори на Vivo да донесе 5G во уредите од средна класа. Има пристоен сет на функции со MediaTek Dimensity 700 5G, 6,58-инчен FullHD+ IPS дисплеј и главна камера на задната страна со објектив од 50MP f/1,8.
Во внатрешноста, Y76 има процесор Mediatek Dimensity 700, кој ефикасно ја користи својата 8GB RAM меморија. Во однос на складирањето, Y76 има 128 GB, повеќе од доволно за поголем број на корисници на телефони.
На задната страна има мало испакнување на местото каде што е поставена камерата, што може да ве изнервира. За среќа, маската што доаѓа во пакувањето надополнува голем дел од испакнатоста.
Овој паметен телефон има голем 6,58-инчен Full HD+ IPS и резолуција од 1080 x 2408 пиксели, сооднос од 20:9, пристојна густина од 401 пиксели по инч и има добра осветленост од 460 нита. Има и стапка на освежување од 60 Hz.
Предниот дисплеј има поддршка од 96% NTSC покриеност на опсегот на бои што обезбедува прецизна и многу реална репродукција на боите при гледање фотографии или гледање видео на телефонот.
Освен тоа, доаѓа и со многу неопходен режим за заштита на очите кој помага да се филтрира штетната сина светлина која многу често предизвикува замор на очите по долготрајна употреба.
Во Виво Y76 5G е вграден 8-јадрен MediaTek Dimensity 700 5G чипсет со такт до 2,2 GHz, графички процесор Mali-G57 MC2, 8 GB RAM и внатрешна меморија од 128 GB. Телефонот има поддршка за 5G поврзувањето на мобилна мрежа, со што можете да уживате во поголема брзина на преземање податоци.
Y76 5G е со батерија од 4.100 mAh со можности за брзо полнење од 44 W. При просечна дневна употреба, може да трае цел ден, што вклучува редовна употреба на телефонот како примарен уред за секојдневните задачи и повремено користење на камерата за фотографирање и снимање видеа, гледање видеа и играње онлајн игри.
Потребни се околу 1,5 часа за да се наполни батеријата од 0% на 100%.
Y76 5G има тројна камера од задната страна на телефонот, со главен сензор од 50 мегапиксели, длабинска камера од 2 мегапиксели и макро камера од 2 мегапиксели со LED блиц. Селфи камерата има сензор од 16 мегапиксели.
Сликањето со предната камера е пристојно добро. Тонот на кожата изгледа природно, а боите се соодветни. Y76 5G дури има и AI Extreme Night функција која помага за ноќно сликање.
ПР
Hitech
Денеска се гаси „Интернет експлорер”

„Мајкрософт” ја исклучува својата програма „Интернет експлорер” по 27 години. Од денеска, „Мајкрософт” ќе престане да обезбедува техничка поддршка за најновата верзија на прелистувачот, „Интернет експлорер 11″.
Компанијата пред повеќе од една година објави дека „Експлорер“ ќе биде отстранет од повеќето верзии на оперативниот систем Виндоус 10. Не беше вклучен ниту во нејзината надградба на Виндоус 11, објавена минатата година.
„Интернет експлорер” првпат се појави во 1995 година како дел од оперативниот систем Виндоус 95. Во 2016 година,„Мајкрософт” престана да го развива на сметка на својот нов прелистувач „Еџ”.
„Експлорер“ порано беше најкористениот интернет-прелистувач, а врвот го достигна во 2003 година со 95% удел на пазарот.
Неговата употреба е значително намалена со лансирањето на други прелистувачи и зголемената популарност на мобилните оперативни системи како „Андроид” и „ИОС” кои не поддржуваат „Интернет експлорер”.
Hitech
Нова мобилна апликација со која ќе ги следите само оние вести што ве интересираат

Апликацијата my newz овозможува да ги следите најновите и актуелни вести од преку 250 македонски извори со посебна можност да одберете свои омилени медиуми и категории.
Новата мобилна апликација ви овозможува: Да се информирате брзо, селектирано, проверено и релевантно, да не губите време барајќи ги вестите што ве интересираат, да не прелистувате реклами што ве нервираат, да биде главен и одговорен уредник на вашите вести, да креирате сопствени категории спoред вашите интереси, да ги сочувате вестите и да ги прочитате подоцна.
И можеби најважното – со селекција на вести од релевантни медиуми, апликацијата ве штити од лажни вести.Доколку не сакате спорт, во апликацијата нема да има вести поврзани со спортот, ако политиката ви е напорна, повеќе нема да читате за дневнополитички настани.
Со само неколкуклика ќе го создадете вашиот персонализиран е-весник и во него секојдневно ќе ги следите единствено информациите од категориите и изворите кои вие ќе ги одберете.
Бесплатна, лесна и едноставна за употреба и со само неколку клика my newz ќе стане вашето единствено место во потрага по тоа што ве интересира.Апликацијата my newz е развиена со помош и поддршка од програмата за кофинансирање на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
Оваа апликација е единствена во светот по своите карактеристики и може да се преземе од PlayStore, додека iOS верзијата ќе биде достапна до средината на февруари