Контакт

Забава

За милионите на Лагерфелд на суд се борат две жени, пет мажи, но мачката има најголеми шанси

Објавено пред

Карл Ото Лагерфелд беше германски моден дизајнер, креативен директор на „Шанел“, уметник и фотограф, кој целиот живот го помина во Париз. Роден е на 10 септември 1933 година, а почина на 19 февруари 2019 година, на 85-годишна возраст.

Славниот дизајнер почина пред нешто повеќе од една година од рак на панкреасот, а  зад себе остави наследство достојно за титулата „император на модата“, која ја носеше долго и успешно, со силна доза ексцентричност, дрскост и способност да провоцира различни чувства кај сите.

Богатството на Лагерфелд според различни извори се проценува меѓу 200 и 300 милиони евра, а списокот на негови наследници, според тестаментот што се чува во Монако, е сведен на две жени, пет мажи и една мачка, Чупет, која во последните години од неговиот живот била важен дел од животот на дизајнерот. Неодоливата мачка е во центарот на правната битка што може да трае со години.

Наследниците се расправаат за тоа кого Лагерфелд сакал повеќе и кој колку пари ќе добие, а исто така се закануваат со тужби во случај еден од нив да не биде задоволен од поделбата.

Во тестаментот се наоѓа и Себастијан Џондо, поранешен боксер, кој стана модел и кој беше со Лагерфелд две децении. Тој му беше и телохранител и возач, а исто така велат дека тој седел покрај смртната постела на дизајнерот, држејќи го за рака до последен момент од животот.

Друг Французин, Баптиста Џиабикони, е еден од омилените модели на Лагерфелд уште од 2008 година и вели дека на Карл му бил како син.

На списокот се наоѓа и Британецот Џејк Дејвис, уште една машка муза на дизајнерот и заштитно лице на голем број негови кампањи и модни ревии.

Забава

Џенифер Гарнер се релаксира на плажа

Објавено пред

Актерката Џенифер Гранер вчерашниот ден го помина во Малибу на плажа со пријатели, а нејзиниот сега веќе поранешен партнер Џон Милер беше виден со неговата екс Керолин Кемпбел.

Се чини дека сонцето, песокот, морската вода и вдишувањето на морскиот воздух имаат позитивно влијание на Џенифер (48).

Истиот ден, нејзиниот наводно поранешен партнер Џон Милер, извршен директор на CaliBurger, беше виден во Лос Анџелес.

Растрчаниот бизнисмен беше уловен од папараците додека влегува во голем бел џип со неговата поранешна сопруга, виолинистката Керолин Кембел, со која има две деца.

Претхдно оваа недела Џенифер беше на куса дружба на плажа со нејзиниот добар пријател Бредли Купер, кој со себе ја донесе и тригодишната ќерка Леа Де Син.

Во меѓувреме, анонимен извор на списанието In Touch Wekly рече дека Џенифер и Џон веќе не се заедно. Нивната романса траеше речиси две години.

Инсајдерот рече дека се разделиле пред воведувањето на строгите превентивни мерки во Лос Анџелес поради коронавируот, додавајќи дека тие остануваат пријатели, и дека постои можност да ја зацврстат својата врска во иднина, но засега е готово.

Прикажи повеќе...

Забава

Deeper underground festival од Охрид се сели во Скопје

Објавено пред

Deeper underground festival, кој требаше да се одржи во Охрид се сели во Скопје, соопштија од  Авалон Продукција.

Фестивалот ќе се одржи на 15 и 16 август на просторот на А1 арената на отворено, а настапот на Meduza е откажан.

„Историски тешки времиња бараат историски напори, но се надеваме дека сето тоа ќе резултира со навистина историски успешен настан во ова неверојатно тешко време. Па, ве известуваме дека од логистички причини: избегнување на гужви, паркинг и можност за 100% спроведување на протоколите, Авалон Продукција заедно со менаџментот и артистите на фестивалот, одлучи Скопје да биде домаќин на првото издание на Deeper underground festival кој ќе се одржи на просторот на А1 арената на отворено“, соопштија од продукцијата.

Организаторите, исто така, соопштија дека наместо три, фестивалот ќе трае два дена.

„За жал, наместо тридневен фестивал, ќе имаме настан што ќе трае два дена од следнава причина. Имено, поради редуцираните авионски линии за Македонија и околината, како и моменталната состојба со коронавирусот во нивната држава, Италија, не сме во можност да обезбедиме 100 % сигурен транспорт за него и поради тоа, доаѓањето на Meduza во Македонија ќе остане за некоја друга и подобра прилика“, велат од Авалон Продукција.

Пионерите на dnb сцената RONI SIZE & LTJ BUKEM со Dynamite MC ќе настапат на 15 август, а ARTBAT на 16 август.

Цената на дневните билети останува иста- 1.200 денари, а сега блок влезницата за двата фестивалски дена изнесува 1.500 денари и истите може да ги набавите онлајн на avalon.mk, Avalon music & ticket store и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија.

Оние што имаат купено влезници само за Meduza и не сакаат да присуствуваат на Deeper underground festival, средствата ќе може да ги рефундираат од оние продажни места од каде што ги имаат купено билетите.

Во продажба се само 3.000 влезници по вечер, а согласно протоколите за превенција од Ковид 19, капацитетот на просторот кај А1 Арената за овој настан ќе биде адаптиран на 20% од вкупниот кој е за 15.000 посетители.

Прикажи повеќе...

Забава

Богатите купуваат државјанства во страв од втор бран на коронавирусот

Објавено пред

Следниот пат кога ќе бидат принудени да поминат некое време во карантин, богаташите сакаат да имаат план за бегство на оддалечени и сончеви плажи во земји што се справија со пандемијата.

Купувањето државјанство е можно, а токму ова стана тренд меѓу богатите, особено за време на пандемијата на коронавирусот. Тие се спремни да платат за бегство во краишта со море и плажи, а на некои им се привлечни и земјите како Нов Зеланд, кој се избори со коронавирусот.

На богатите на располагање им се програми што гарантираат државјанство во замена за инвестирање во земјата домаќин. Тоа може да го направат преку специјализирани фирми, како што е Henley/Partners, водечка светска консултантска фирма за државјанства.

Правото на живот, работа и студирање во Нов Зеланд чини 2 милиона долари. Малта исто така нуди слична опција, па една брачна двојка може да добие државјанство за 1,2 милион евра вклучувајќи и купување имот на островот.

Многубројни богати семејства се одлучиле да купат државјанство, а побарувачката пораснала 49 отсто во првите четири месеци од годината во споредба со истиот период лани.

Забележан е пораст за 22 отсто кај оние што сакаат да аплицираат за ново државјанство или право на престој.

Богатите се заинтересирани и за Карибите, а покажуваат интерес и за Австралија и Нов Зеланд. Исто така, интересна земја им е и Португалија.

Процесот за добивање државјанство на Карибите трае најмалку три месеци, а многу подолго за земјите од Европската Унија, објави „Блумберг“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски....

Свет52 минути

Германија воведе задолжително тестирање на коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, најверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува...

Свет1 час

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули, виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само околу половина од заболените и излекуваните...

Свет3 часа

Асимптоматските случаи имаат иста количина вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на Ковид-19 носат иста количина вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше да...

Свет4 часа

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Свет4 часа

(Видео) Антивладини протести во Бејрут поради експлозијата

По силната експлозија во Бејрут, во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следуваат демонстрации против владата. Демонстрантите...

Регион15 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет16 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет18 часа

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет19 часа

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија21 час

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија21 час

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион23 часа

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија23 часа

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Македонија24 часа

Кривична пријава против шест полицајци од СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –...

Македонија1 ден

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за април, мај,...

Свет1 ден

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет1 ден

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет1 ден

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Досие