Забава
„Првпат чувствувам надеж“: последната објава на Шенон Доерти крши срца
Шенон Доерти, ѕвездата на „Беверли Хилс 90210“, почина на 53-годишна возраст по долгогодишна борба со ракот на дојката.
На актерката првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојката во 2015 година, а по мастектомијата, болеста ѝ се прошири на лимфните јазли во 2018 година. Една година подоцна дознала дека ракот се проширил и е во четврта фаза и морала да оди на операција на мозокот.
Шенон ја сподели својата последна објава на „Инстаграм“ пред две недели откривајќи како се чувствува како дел од нејзиниот поткаст.
„Првпат не знам колку долго ќе бидам на хемотерапија и дали ќе биде три или шест месеци или за три месеци ќе сфатиме дека тоа не функционира и повторно ќе го промениме третманот“, рече таа.

„Тоа не е нешто што можам да го предвидам. Тоа не е нешто што моите лекари може да го предвидат и е страшно. Иако е голем повик за будење, има и позитивно. Позитивното е што молекуларните структури на моите клетки на ракот неодамна се променија. Тоа значи има повеќе протоколи што може да ги испробаат“, објасни таа.
„Првпат по неколку месеци чувствувам надеж бидејќи сега има толку многу опции. Имав надеж и порано, но сепак се подготвував“, вели таа во својата последна објава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сè повеќе луѓе порано ги украсуваат новогодишните елки – експертите објаснуваат зошто
Сè повеќе луѓе ширум светот ги украсуваат домовите и новогодишните елки многу порано од вообичаено, а стручњаците за ментално здравје велат дека ова може да има значајни психолошки придобивки. Традицијата на украсување постепено се менува, особено по 2020 година, кога – според многумина – раното внесување празнично светло било единствен начин да се пребродат мрачните денови на пандемијата.
„Имаше толку многу темнина и анксиозност што ги вклучив светилките затоа што ми требаа. На сите ни требаа“, изјави тогаш една жена од Охајо за Cleveland.com.
Психологот Мелиса Робинсон-Браун вели дека е сосема очекувано луѓето да сакаат порано да се препуштат на празничното расположение.
„Луѓето жеднеат за среќа и радост“, објаснува таа.
Психологот Рајан Хаус ги охрабрува граѓаните да не се чувствуваат виновни ако сакаат рано да го украсат домот.
„Престанете со осудување. Ако тоа ве прави да се чувствувате добро, ова е годината да го направите“, вели тој. „Ако сте сакале да ја започнете празничната сезона уште во август – само напред и не чувствувајте срам.“
Според експертите, раното украсување може да разбуди убави детски спомени и чувство на носталгија.
„Украсувањето може да служи како потсетник на позитивни емоции и да помогне во спречување на стресот или анксиозноста“, вели психологот Ерлангер Тарнер.
Дополнително, и мирисите играат улога во обновувањето на спомените.
„Ако некој има празничен мирис што предизвикува позитивни емоции, самото негово присуство може да го подобри расположението“, наведува психологот Ребека Лесли.
Според познавачите, раното украсување може да поттикне и радосно исчекување – да нè потсети на моменти како семејни филмови, песни, печење колачи и празнични собири.
Забава
Во втората половина на ноември, 3 хороскопски знаци ги чека награда од космосот: парите ќе им се лепат, а бизнисот ќе напредува
Во втората половина од ноември три хороскопски знаци ќе почувствуваат награда од космосот – подобри финансии, напредок во работа и враќање на позитивната енергија која ја вложиле, пишува „Атма“.
Бик
Биковите по период на непредвидливи промени конечно влегуваат во фаза на стабилизација. Се наградува нивната доследност и трпение: можни се зголемени приходи, наплата на долг или нов деловен договор. Во односите добиваат признавање за својата лојалност. Емоционално – смирување, нови можности и чувство на сила и рамнотежа.
Рак
Раковите, кои долго давале повеќе отколку што добивале, сега добиваат благодарност и поддршка. Можни се подобрувања во домот, преселување или хармонија во семејството. На работа следат нови проекти, дополнителна заработка или признание. Можно враќање на стара шанса или личност. Емоционално – помирување и чувство дека енергијата конечно им се враќа.
Риби
Рибите по година на тешки лекции и работа на себе влегуваат во фаза на стабилност. Со директното движење на Сатурн, проектите добиваат форма, а трудот им се признава. Во емоциите доаѓа мир и чувство на поддршка. Интуицијата им е силна, можни се значајни „случајности“ и пресврти. Финансиски – подобрување, решавање долгови. Главната награда е духовното олеснување и обновената рамнотежа.
Забава
Шакира позира со синовите на црвениот килим во Холивуд
Шакира беше главна ѕвезда на светската премиера на Zootopia 2 во Холивуд синоќа, а особено внимание привлече кога пристигна во придружба на своите синови, 12-годишниот Милан и 10-годишниот Саша.
Семејството прошета на црвениот тепих пред театарот „Ел Капитан“ во беспрекорно координирани виолетови комбинации воодушевувајќи ги сите присутни.

Познатата 48-годишна пејачка повторно го позајмува својот глас на популарниот лик Газел во новото анимирано продолжение. За оваа посебна пригода Шакира, Милан и Саша носеа облека потпишана од дизајнерката Стела Мекартни.
Нова песна за филмот
Покрај враќањето во својата улога, Шакира сними и нова оригинална песна за филмот, наречена Zoo.
Новото продолжение на популарниот филм Zootopia 2 доаѓа во кината во целиот свет на 26 ноември.
фото: ЕПА

