Контакт

Естрада

Здравко Чолиќ со букет рози го посети гробот на својата најверна обожавателка

Објавено пред

Мајда Арнаутовиќ беше најверниот обожавател на Здравко Чолиќ (68). За неговите концерти  земаше слободни денови, годишен одмор.

Таа почина во 2017 година од последици на мозочен удар. Во Зеница не ја пуштиле кај пејачот по концертот и таа плачела и викала. А кога успеала да го види, му се пожалила за тоа. Здравко се сетил на неа на следниот концерт во Бања Лука и побарал да ја доведат на бината.

„Ми донесе кошница со црвени рози, од кои речиси и не се гледаше“, рече Чола.

Пред три години таа го имаше првиот удар и заврши во старски дом. На сите им кажуваше за мобилниот телефон со меморираниот број на пејачот што ѝ го подари Чолиќ.

Некој ѝ го украл и таа се долго време се надевала дека полицијата ќе го најде и ќе ѝ го врати. Таа стрпливо го чекала Чолиќ да ја посети во домот. Вчера, еден ден по концертот во Бања Лука, пејачот отиде на нејзиниот гроб.

Тој донесе голем букет црвени рози, кои Мајда ги сакаше најмногу. Нејзиното име е напишано меѓу 700 најголеми обожаватели на официјалната веб-страница на Здравко Чолиќ. Покрај името се и зборовите на Мајда: „Го сакам најмногу во светот и тој ме сака најмногу“.

Естрада

Се бара список со имиња на многу славни личности кои летале со авионите на осудениот педофил Епстајн

Објавено пред

Податоци од летовите на авионите на милијардерот Џефри Епстајн, вклучително и „Лолита експрес“, ќе бидат изнесени пред судот, што предизвикува страв кај богатите и славните личности кои се дружеа и одеа на забави со овој осуден педофил, кој минатата година изврши самоубиство во затвор, информираат британските медиуми.

Јавниот обвинител на Девствените Острови, каде што милијардерот имал вила и се сомничи дека извршил бројни злосторства, побара да добие документи за тоа кои биле патниците во овие воздухоплови.

Податоците се однесуваат на неговите четири хеликоптери и три авиони во периодот од 1998 година до самоубиството на Епстајн во 2019 година.

Обвинителот Денис Џорџ поднесе тужба, повикувајќи се на 22 точки, вклучително и трговија со луѓе, тешко силување, злоупотреба на деца, занемарување, присилна работа и проституција, пишува „Дејли мејл“.

Џорџ, исто така, бара да види какви било „поплаки или извештаи за потенцијално сомнително однесување“, како и личните белешки на пилотот. Се бараат и имиња и детали за сите кои работеле со пилотите, комуницирале со Епстајн и патниците кои патувале со него.

Пилотот Дејвид Роџерс претходно откри информација од 2009 година која покажала дека британскиот принц Ендрју, Бил Клинтон, Кевин Спејси и Наоми Кембел биле меѓу оние кои патувале со авионите на милијардерот. Сепак, тоа не значи дека тие биле свесни за злосторствата за кои беше обвинет Епстајн.

Според некои извори, ова предизвикало вистинска паника кај богатите и славните, а адвокатите на жртвите наведуваат дека побараните извештаи не вклучуваат податоци од летовите на пилот кој работел за Епстајн повеќе од 25 години.

Прикажи повеќе...

Естрада

Северина заразена со коронавирус: „Денеска добив позитивен резултат“

Објавено пред

Хрватската пејачка Северина на „Инстаграм“ објави дека е заразена со коронавирус.

Како што вели, нема никакви симптоми, а нејзиниот син Александар добил негативен резултат на тестот. Во објавата, таа се осврна и на текстовите во медиумите дека се заразила за време на забавите во Далмација.

Во продолжение, ова е нејзината објава во целост:

 

View this post on Instagram

 

Premda nemam nikakve simptome, danas sam dobila potvrdu da sam pozitivna na COVID 19, dok je test moga sina negativan. Odmah jutros, nakon kontakta s epidemiologom, poduzela sam sve mjere, promptno izvijestila oca djeteta te u dogovori s ocem predala ga dva dana prije određenog termina, da samoizolaciju provede s njim, bez obzira na negativan test. Kako bismo zajednički zaštitili privatnost i izbjegli stigmatizaciju djeteta, ujedno sam zamolila oca za diskreciju. Međutim, 20 minuta nakon što je otac preuzeo dijete, u srbijanskim se medijima pojavila vijest da sam zaražena ‘partijajući po Dalmaciji s djetetom’. Dakle, da, imam pozitivan test, nemam simptome, zarazila sam se od bliske osobe, vjerojatno po povratku u Zagreb, a ne tijekom ljetovanja u Dalmaciji. Budući je ta osoba jučer dobila pozitivan test, odmah smo sin i ja išli na ponovno testiranje, jer je naš prvi nalaz bio za oboje negativan. Apeliram na medije, posebno u Srbiji, da se suzdrže od objava neistinitih, neprovjerenih, odnosno izmišljenih informacija.

A post shared by Severina (@severina) on

„Иако немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивна за Ковид-19, а тестот на мојот син е негативен.

Веднаш утрово, по контакт со епидемиологот, ги презедов сите мерки, веднаш го известив таткото на детето и, во договор со таткото, го предадов два дена пред назначениот датум, за самоизолацијата да ја помине со него, без оглед на негативниот тест. Заради заедничка заштита на приватноста и избегнување на стигматизирање на детето, го замолив таткото за дискреција. Сепак, 20 минути откако таткото го зеде детето, во српските медиуми се појавија вести дека сум се заразила ‘забавувајќи се во Далмација’.

Значи, да, имам позитивен тест, немам никакви симптоми, се заразив од блиска личност, најверојатно по враќањето во Загреб, а не за време на мојот летен одмор во Далмација. Бидејќи таа личност вчера доби позитивен тест, мојот син и јас веднаш отидовме на повторно испитување, затоа што нашиот прв тест беше негативен.

Апелирам до медиумите, особено во Србија, да се воздржат од објавување невистинити и непроверени, односно фабрикувани информации“, се наведува во објавата на хрватската пејачка.

 

 

Прикажи повеќе...

Естрада

Македонски хакери тврдат дека ги блокирале интернет-страниците на пејачките Дуа Липа и Рита Ора

Објавено пред

Хакерската група која што се претставува како македонски анонимуси на „Твитер“ објави дека ја урнале интернет страницата на англиската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, откако на социјалните мрежи таа објави мапа на Голема Албанија и пораки за Косово.

AnonOpsMKD на 22 јули објави дека ја преземале официјалната веб-страница на Дуа Липа и дека тоа го направиле „чисто од научни цели, за оние кои мислат дека немаат капацитет“ и дека сајтот нема да биде функционален еден час, со слика како изгледал истиот по нападот.

Нешто подоцна, групата објави дека извршила напад и врз сајтот на уште една позната пејачка со албанско потекло, Рита Ора, тврдејќи дека нејзината страница нема да биде функционална во следните два часа.

„Косово е веќе поставено правилно на сите мапи, како дел од Србија“, напишаа на „Твитер“ групата AnonOpsMKD.

Се претпоставува дека оваа група стои и зад хакерските напади на Министерството за образование и Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден, како и зад нападот на платформата „Тајм.мк“ на денот на изборите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Македонија9 часа

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Регион11 час

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија12 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија12 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион13 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ14 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет14 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија14 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија15 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет16 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет16 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет1 ден

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија1 ден

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија1 ден

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија1 ден

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија1 ден

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 ден

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 ден

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија2 дена

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Досие