Контакт

Естрада

Здравко Чолиќ со голем концерт во Скопје

Објавено пред

Најголемата музичка ѕвезда на овие простори, легендарниот Здравко Чолиќ, оваа есен ќе одржи голем концерт во Скопје. Организаторите „Прагма продукција“ најавуваат дека 10 ноември е датумот резервиран за незаборавна дружба со миленикот на сите генерации. Локација е вип-арената „Борис Трајковски“.

По четири години од последниот концерт во Скопје, публиката во ноември ќе може да ужива во неповторливата ноќ исполнета со безвременските песни и дружење со Чола. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 1 септември и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, „Пола Југотон” и „Цвеќарница Розе” – Веро 2.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Пејачката Шакира обвинетa за затајување данок од 14,5 милиони евра

Објавено пред

Шпанскиот државен обвинител поднел обвинение за затајување данок против колумбиската пејачка Шакира, која избегнала да плати повеќе од 14,5 милиони евра за период од три години додека живеела во Каталонија, објави „Европа прес“, а пренесува и „Ројтерс“.

Во обвинението се наведува дека Шакира ги навела Бахамите како своја официјална резиденција, но дека практично живеела во Шпанија со својот партнер, шпанскиот фудбалер Џерард Пике, со кого има две деца.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џенет Џексон меѓу познатите рокери на дoделувањето на најважното рок-признание во светот

Објавено пред

На церемонијата на дoделувањето на најважното рок-признание во светот конечно ќе учествува и Џенет Џексон, на која тоа не ѝ успеваше повеќе години.

Конечната листа на музичари кои биле во изборот официјално е соопштена во раните утрински часови во четвртокот, 13 декември, а за првпат во историјата во изборот на музичари учествуваше и публиката со гласање. Во изборот се најдоа 25 кандидати, со повеќе од 25 години музичко искуство.

Церемонија на дoделувањето на најважното рок-признание во светот ќе се одржи на 29 март 2019 година во Баркли центарот во Њујорк, а освен на групата „Кјур”, чест ќе им биде оддадена и на групите „Рејдиохед”, „Рокси мјузик” (вклучувајќи го Брајан Ен) „Деф Лепард“, „Зомби“, како и на пејачките Џенет Џексон и Стиви Никс.

Иако американската пејачка Стиви Никс, всушност, веќе беше во салата на славните како дел од „Флитвуд Мек”, ова е нејзин голем успех како соло пејачка.

„Друштво, успеавме – напиша Џенет, која неколкупати беше номинирана во минатото, но дури сега ѝ успеа.

„Ви благодарам за вашата љубов и поддршка”, додаде таа на „Твитер“.

Во 1987 година Арета Френклин беше првата жена во „Рокенрол-куќата на славните“.

 

Прикажи повеќе...

Естрада

Кит Ричардс се пофали дека веќе не пие

Објавено пред

Кит Ричардс (74) веќе не пие. Славниот гитарист на „Ролинг стонс“ сам се пофали во интервју во средата.

Легендарниот рокер, познат по хедонизмот, како и по својата гитаристичка умешност, кажа за списанието „Ролинг стоун“ дека повремено пие чаша вино или пиво и тоа е сè. На таков режим е последниве години.

„Се заситив. Време е да престанам“, рече рокерот. Тој исто така рече дека му било интересно да свири трезен на неодамнешната европска турнеја на „Стоунс“.

А го пофали и пријателот од групата, Рони Вуд (71), кој пред една година се откажа од својот заштитен знак – цигарите.

Кој би рекол дека тие двајца ќе станат промотори на поздрав начин на живеење.

„Ние сме во седумдесеттите години, но се однесуваме како четириесетгодишници“, се пофали Вуд.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ19 минути

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми пронајдени кај двајца велешани

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми се пронајдени при извршен претрес кај двајца велешани. Полицијата информира дека вчера во периодот од...

Македонија1 час

Мицкоски: Заев како опозиционер се перчеше, а сега не сака да излезе на дебата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера вечер оствари средба со голем број на членови и симпатизери на Општинскиот комитет на...

Македонија2 часа

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Буково и Плетвар

Сообраќајот на автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатната рампа Градско, е целосно нормализиран , информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија2 часа

ЗНМ бира претседател – во трка Чадиковски и Наумов

ЗНМ денеска бира нов претседател. Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи во со почеток во 10 часот во спортската...

Европа14 часа

(Видео) Макрон им оддаде почит на жртвите од нападот во Стразбур

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва, за време на посетата на Стразбур, изјави дека властите работат на разјаснување како напаѓачот од Стразбур,...

Македонија17 часа

Обвинение за скопјанец што му нанел телесни повреди на својот татко

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело телесна повреда од...

Европа18 часа

Кнајсл: Мирот не се постигнува со формирање војска

Министерката за надворешни работи на Австрија, земјата што претседава со ЕУ, Карин Кнајсл, оцени дека денешната одлука за трансформација на...

Македонија18 часа

(Видео) Дебата: Невладините се судрија со власта – „План има, пари нема, помина и оваа зима во чад и задушување“

Во дебатната емисија на „Макфакс“, на која се говореше за проблемот со аерозагадувањето, претставници на невладиниот сектор се судрија со...

Македонија20 часа

Амнестијата ќе донесе и помали затворски казни, дали ќе се менува обвинението?

Кој сè ќе може да побара амнестија од учесниците во настаните на 27 април, најверојатно, ќе биде познато в понеделник,...

Македонија20 часа

(Видео) Јанакиевски: Животните што се хранат од медицинскиот отпад од македонските депонии се поголема закана од фабриката за преработка

По реакциите во врска со највата за изградба на фабрика за преработка на медицински отпад  на земјиштето во дворот на...

Крвав четврток20 часа

Пепиќ: Се колнам во своите чест и вера дека не го удрив Села

Покрај разговорите од одземените телефони на пратениците Јохан Тарчуловски и Љубен Арнаудов на денешното рочиште за крвавиот четврток беше презентирана...

Крвав четврток21 час

Тарчуловски до Мицкоски по апсењата за 27 април: Не е фер да се враќаме во Собрание додека не ги пуштат луѓето од притвор

Во една од вибер-комуникациите помеѓу актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и обвинетиот пратеник Јохан Тарчуловски, кои јавното обвинителство денеска...

Крвав четврток21 час

Василевски пред 27 април: Подобро е во Собрание да одиме без вратоврски, да не ни пречат

На денешното рочиште за крвавиот четврток беа презентирани докази од дополнителната листа на обвинителството. Помеѓу доказите беше и вибер-комуникација помеѓу...

Регион21 час

Злосторство во Босна: Татко си ги заклал децата, по што се самоубил

Ужасна трагедија ги вознемири жителите на Босна и Херцеговина, откако медиумите објавија дека татко ги заклал своите три деца, по...

Крвав четврток22 часа

(Видео) Снимателите денеска куртулија од дополнителни проверки поради снимање на обвинителките

Снимателите кои направија снимки од денешното рочиште за крвавиот четврток, за разлика од вчера, не беа изложени на дополнителни проверки...

Топ23 часа

70-годишен неподвижен маж настрада во пожар во Сопиште

70-годишен неподвижен маж настрада во пожар во Сопиште. Како што информира полицијата, вчера, во 20:20 часот на улица 1 во...

Регион24 часа

Парламентот ги усвои законите – Косово доби војска

Косовскиот парламент ги усвои законите кои овозможуваат трансформација на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили на Косово. Во Парламентот влегле...

Македонија1 ден

Одложено рочиштето за смртта на Никола Саздовски

Се одложи рочиштето за смртта на Никола Саздовски – Саздо, поради оправдано отсуство на еден поротник. Имал смртен случај. На...

Регион1 ден

(Видео) Пронајдени 15 килограми експлозив на автопатот Косовска Митровица – Приштина

Косовската полиција пронашла 15 килограми експлозив на Газиместан, пишува приштискиот весник „Коха“ повикувајќи се на портпаролот на полицијата во Пришина,...

Свет1 ден

Сенатот едногласен: Убиството на Кашоги го наредил принцот

Сенатот на САД едногласно ја усвои резолуцијата во која саудискиот принц Мохамед бин Салман е посочен како одговорен за убиството...

Досие