Контакт

Забава

Зошто некои луѓе постојано изневеруваат?

Објавено пред

Некои луѓе изневеруваат дури и кога се заљубени.

dobivaj vesti na viber

„Постојат многу психолошки причини зошто некој сака да изневерува, но најдоброто објаснување е она што го употреби Бил Клинтон кога ја објасни својата афера со Моника Левински. Рече дека го направил тоа – затоа што можел“, објаснува доктор Сузан Еделман, психијатар, во интервју за „Елит дејли“.

Таа објаснува дека луѓето што редовно мамат, без разлика колку го сакаат партнерот, најверојатно имаат проблеми од детството поради што се чувствуваат недостојни за љубов и се плашат од интимност.

Поради тоа, избегнуваат да бидат вистински интимни со партнерот. Друго можно објаснување, тврди таа, е дека тие можеби имаат проблеми со сексуална зависност или нарцисоидни или социопатски карактерни особини.

Докторката нагласува дека е важно луѓето што сфаќаат оти имаат проблем со сериското мамење да побараат помош. „Почнете со тоа што ќе бидете искрени со себе и ќе признаете дека имате проблем. Во спротивно, најверојатно, ќе повредите многу луѓе во тој процес и ќе си ја нарушите вашата самодоверба“, вели Еделман.

Има совети и за оние што веќе изневерувале, но имаат гризење на совеста и не сакаат тоа да им стане навика.

„Ако не планирате да ви стане навика, поштедувањето на партнерот од болка може да биде најдобриот начин доколку навистина сакате да останете со него“, вели психијатарот. „Но, ако се посомневаат и ве прашаат дали мамите, не влошувајте ги вашите проблеми со лажење“, советува таа.

Забава

Кијану Ривс дава редок коментар за партнерката Александра Грант

Објавено пред

Двојката е во врска од 2019 година, но нивното пријателство датира повеќе од една деценија.

dobivaj vesti na viber

Кијану Ривс сподели редок увид во својата врска со Александра Грант.

58-годишната акциона ѕвезда неодамна во интервју за магазинот „Пипл“ се потсети на последниот момент на блаженство, како што рече, со 49-годишната уметница. „Пред неколку дена со мојата душичка“, рече Ривс за својата партнерка, со која е во врска четири години. „Бевме во кревет. Бевме поврзани. Се смеевме, смеевме и се кикотевме. Се чувствувам одлично. Беше навистина убаво да сме заедно“, рече тој.

Слаткиот миг понуди увид во и онака многу приватната врска на Ривс и Грант. Двојката излезе во јавноста со својата романса кога прошетаа на црвениот тепих фатени за рака на гала-свеченоста „ЛАКМА уметност и филм“ (LACMA Art + Film) во ноември 2019 година.

Од тогаш беа видени заедно во Берлин, потоа на пазарување во Њујорк, а присуствуваа и на премиера на мјузикл на Бродвеј.

Последен пат беа видени заедно во јавност во јуни 2022 година во Лос Анџелес додека присуствуваа на гала-настанот МОКА во Музејот на современата уметност.

Додека ѕвездата на „Матрикс“ и визуелната уметница ја официјализираа својата врска пред речиси четири години, нивното пријателство датира повеќе од една деценија.

Двајцата соработуваа на книгата „Ода на среќата“ од 2011 година и „Сенка“ од 2016 година, чиј автор е Ривс, а илустратор Грант.

Прикажи повеќе...

Забава

Британски „Вог“: По ѓаволите со правилата, долга коса сега е стил за постари од 50

Објавено пред

Кога станува збор за непишаното правило дека жените треба да ја скратат косата по одредена возраст, време е да се исфрли застарената книга со правила, вели Кетлин Берд-Мареј.

dobivaj vesti na viber

„Татко ми – поморски офицер – велеше дека должината на косата на жената треба да биде пропорционална со ширината на нејзините колкови. Тој, за жал, одамна почина, но порано сакаше да ја бодри мајка ми (која ја обожаваше) со насмевка секогаш кога ќе видеше дека малку претерала со кратење на фризер. Во реалноста, тој ги сакаше фризурите на својата сопруга и трите ќерки, мешавина од кратки и долги, и се ужасеше ако некоја од нас земеше метро-лента за да види дали косата ни е пропорционална (со колковите)“.

А сепак правилата и понатаму опстојуваат, тврдоглаво, а вниманието што го доби долгата сребрена коса на Хелен Мирен во Берлин неодамна нè потсети дека старата премиса – дека жените на одредена возраст не треба да носат долга коса – нема место во нашиот современ народен јазик, а камоли во денешниот фризерски салон. Присутните беа воодушевени кога Мирен се сврте и одмавна со косата преплавена со самодоверба и доза ароганција.

Па, дали, конечно, тргнавме понатаму? „Мислам дека жените се многу повеќе во склад со своите потреби и желби отколку што некогаш биле“, вели Џоел Гонкалвес, уметнички директор на популарниот лондонски салон Nicola Clarke at John Frieda. „Дури и во споредба пред 20 години, помалку им пречи притисокот од врсниците и се многу посамоуверени да прават со косата она што ним им се допаѓа“.

Сепак, мора да знаете како да ја носите. Храброста што е потребна да се свртите и замавнете со косата на црвениот тепих целосно зависи од актерката, но долгата коса сама по себе е изјава. И можеби затоа расте нејзината популарност – намерна игра на зборови – барем според неофицијалното истражување што го спроведов кај „Џон Фрида“, каде што тие објавија пораст на оние над 50 што сакаат да експериментираат со својата коса, која во повеќето случаи е долга.

„Долгата коса по одредена возраст ви дава присутност наместо невидливост. Станува особина исто толку карактеристична како оние други маркери на кои се потпираме со цел да спречиме, свесно или на друг начин, да бидеме игнорирани“, објаснува британски „Вог“.

Прикажи повеќе...

Забава

Полицаец и дилер станаа глобален хит поради фотографија направена при апсењето

Објавено пред

Криминалците секогаш гледаат да ја избегнат раката на правдата, а често се случува нивното бегство и криење да станат вирален хит на социјалните мрежи благодарение на нивната бизарност или генијалност. Токму затоа еден човек од Британија стана вистински светски хит и тоа поради начинот на кој се обиде да се скрие од полицијата.

dobivaj vesti na viber

Етмонд Лика (32), по потекло од Албанија, е уапсен во пошироката област на Ливерпул, во областа Киркдејл, откога се обидел да побегне од полициска патрола. Но, пред овој настан тој за влакно избегнал апсење качувајќи се на покривот од куќата во која го барале. Во таа пригода се скри над светларникот лежејќи на покривот.

Во еден момент до прозорецот дошол полицаец и ја свртел главата лево-десно обидувајќи се да види дали Лика е можеби таму. Она што не го знаеше е фактот дека тој беше буквално над него, со грбот до покривот.

Токму во тој момент додека Лика лежеше на покривот, а полицаецот гледаше, се создаде речиси нереална слика, која стана глобален хит набргу откако полицијата ја објави.

Лика на крајот беше уапсен и осуден на две години и четири месеци под обвинение дека се занимавал со одгледување, производство и продажба на марихуана. На суд призна сè за што беше обвинет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Ковачевски стигна во Белград, со Вучиќ и Брнабиќ излезе на прошетка покрај Сава

Премиерот, Димитар Ковачевски, стигна во официјална посета на Србија и заедно со неговата српска колешка, Ана Брнабиќ и српскиот претседател,...

Македонија8 часа

(Видео) Ги снема бомбите, одекнаа лажни вести за киднапирање и труење ученици, казните споро патуваат

Стивнаа бомбите во училиштата, но почнаа да одекнуваат лажни вести, кои еднакво ги вознемирија учениците, наставниците, родителите и јавноста. Казните...

Македонија12 часа

Русковска најави борба по предлогот за да ја разрешат: Не сум поразена, не се каам

Вилма Русковска смета дека не е поразена со одлуката на дисциплинската комисија со која се бара нејзино разрешување од обвинителската...

Македонија13 часа

Министерот за правда жали што се дозволило да застари предметот против Мијалков

Жалам што се дозволи да застари уште еден предмет,, Титаник 2” и тоа за ист обвинет. Ваква е реакцијата на...

Македонија14 часа

Обвинителката Трајчева за казната: Не знам како е донесена таква одлука, јас во предметот немам постапувано

Обвинителката Ивана Трајчева не ја добила одлуката со која е казнета од Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност, а поради претресот...

Македонија14 часа

Боки 13 остана речиси без желудник; Хирургот: Пациентот е во ризична состојба, опериравме повеќе од четири часа

Повеќе од четири часа траела операцијата на Бојан Јовановски-Боки 13, кој остана речиси без желудник. Тој беше опериран од тим...

Македонија16 часа

(Видео) Најтежок облик на дискриминација утврден во две основни училишта: родители испишуваат деца за да не учат со Роми

Народниот правобранител констатирал зголемување од 20 проценти на покренати претставки за повреда на човековите права и слободи во споредба со...

Македонија18 часа

Спасовски за „бомбашите“: Има група, кога ќе имаме докази, ќе има и кривична

МВР продолжува со истрагата за откривање на лицата што се закануваа со бомби. Министерот Спасовски соопшти дека за сега не...

Македонија18 часа

Арсовска: Ниту можам ниту сакам да донесам одлука за отстапување на Универзалната, тоа ќе го направи Советот

Дали Град Скопје ќе ја отстапи Универзалната сала на Владата ќе одлучи Советот на Скопје, соопшти денес градоначалничката Данела Арсовска....

Македонија18 часа

Јовески за случајот со починатата Јана: Обдукцискиот наод го немаме, работиме со другите докази

Јавното обвинителство работи на расветлување на случајот со починатото малолетно девојче во битолската болница. Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески,...

Македонија19 часа

Нема да се преиспитува пресудата за „Јавна соба“ од Врховен суд, барањето е одбиено

Советот за казниви дела при Врховниот суд одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат...

Региони19 часа

СПЦ: Украина го прогонува православието

Српската православна црква објави дека владата во Украина врши притисок, насилство и прогон на Украинската православна црква, која е под...

Европа20 часа

Русите планираат да регрутираат уште 400.000 војници, кои ќе се борат во Украина

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата поврзана со војната во Украина. Руските...

Македонија20 часа

Во тек е операцијата на Боки 13; Адвокатот Туфегџиќ: Интервенцијата е животозагрозувачка

Во тек е операција на Бојан Јовановски-Боки 13 во болницата „Св. Наум Охридски“ – Скопје, дознава „Макфакс“. Тој утринава бил...

Свет20 часа

(Видео) Страшни сцени од Филипините: се запали траект со 250 патници, најмалку 30 лица загинаа

Се запали траект со 250 патници и членови на екипажот, најмалку 30 лица загинаа, а седум се водат за исчезнати...

Свет21 час

Се урнаа два воени хеликоптера во Америка, има жртви

Два хеликоптера на американската армија Black Hawk се урнаа за време на тренинг-инцидент вчеравечер во округот Триг, Кентаки, соопштија тамошните...

Свет21 час

Прв смртен случај од беснило на Нов Зеланд

Здравствените власти на Нов Зеланд денеска соопштија дека посетител од странство починал од беснило, па на тој начин оваа болест...

Свет21 час

Резников: Тенковска контраофанзива е можна во април или мај

Украина може да почне офанзива во април или мај, во која ќе се користат тенковите испратени од Западот, сугерира украинскиот...

Македонија1 ден

Децата на обвинителите и судиите скришум од јавноста си ги делеа дипломите

Во Врховниот суд, од страна на Академијата за судии и јавни обвинители денеска свечено беа доделени дипломите на синовите, ќерките,...

Македонија1 ден

(Видео) „Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат“, „Сложни доктори и во петок закопуваат“, со пароли се бараше правда во Битола

Со транспаренти „Секогаш во нашите срца Јаничка“, „Формалности ни го водат здравството“, „Какви реформи“, „Сите сме Јана“, „Купена диплома слугува...