Контакт

Бизарно

Близначки сакаат да се омажат за ист дечко

Објавено пред

Ана и Луси ди Синке се во врска со Бен Брн веќе шест години, а 33-годишните близначки сега сакаат да се омажат за него, но не можат поради законот за полигамија.

Луси и Ана од австралискиот Перт беа гости во телевизиско шоу каде што апелираа да ги променат законите во нивната родна земја.

Сестрите се познати по својот гламурозен изглед, но исто така и по нивните напори да изгледаат сосем идентично. Со своите  27 000 следбеници на „Инстаграм“, тие редовно ги споделуваат фотографиите кои го докажуваат тоа.

Во австралиското шоу „Hughesy, We Have a Problem“, сестрите открија дека го делат партнерот Бен. „Ние би сакале да се омажиме за него еден ден, но поради законот во Австралија не можеме, што можеме да сториме?” Тие се пожалија.

„Ние го делиме единствениот проблем. Сакаме да се омажиме со истиот човек”, напишаа тие на „Инстаграм“.

Полигамијата е забранета во Австралија од 1961 година.

Бен живее со близначките и нивната мајка од 2017 година.

„Бен нè третира подеднакво. Тој ја бакнува Ана, потоа ме бакнува мене … И двете нè држи за раце кога сме надвор”, рече Луси.

„Ние сите спиеме заедно, но не како во тројка, бидејќи не се мешаме едни на други”.

„Некои велат дека е одвратно, но ние така функционираме.”



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт7 часа

Челзи ќе покрене судска постапка против Сити

Челзи и Манчестер Сити наскоро би можеле да завршат во сериозна правна битка околу Енцо Мареска. Според англиските медиуми, клубот...

Спорт7 часа

(Видео) Борнмут го запре Сити, Арсенал е шампион по 22 години

Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински...

Свет9 часа

Путин со делегација од министри и високи функционери пристигна во Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот лидер Ши Џинпинг ќе разговара...

Култура9 часа

„Златен Елец“ подготвува две нови претстави: „Свињи“ и „Теорема“

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, неодамна почна со подготовки на дуодрамата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија и адаптација...

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова: Наместо Копенхашки реформи, трошиме енергија на политичка ревизија на историјата

Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на...

Свет10 часа

Чешкиот премиер и претседателот во конфликт за тоа кој ќе патува на самитот на НАТО

Чешкиот премиер Андреј Бабиш и претседателот Петр Павел влегоа во отворен конфликт околу прашањето кој ќе ја претставува државата на...

Спорт10 часа

Аферата „Спајгејт“ го остави Саутемптон без можност да се бори за место во Премиер лигата

Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се...

Спорт10 часа

Шок: Алкараз нема да игра и на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го откажа настапот на најпрестижниот турнир во светот, Вимблдон. Алкараз имаше одличен почеток на сезоната, го...

Забава10 часа

Северина: Во друг живот ќе бидам Хајди во кломпи

Во интервју за „Ин Магазин“, Северина искрено зборуваше за мајчинството, животните предизвици и борбата за женски и човекови права. Таа...