Контакт

Естрада

Идолите на новата генерација „Дајте музика“ со спектакуларен концерт на 27 мај во Скопје

Објавено пред

Најпопуларното детско и тинејџерско шоу „Дајте музика“ ќе одржи голем спектакуларен концерт на 27 мај на стадионот на АРМ во Скопје, во организација на „Авалон продукција“.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе може во живо да ги чуе сите нивни огромни хитови од популарниот серијал, како и нов материјал, а концертот ќе биде збогатен и со специјални гости, кои се чуваат како изненадување до самиот настан.

На денешната прес-конференција, првиот човек на „Авалон продукција“, Бобан Милошески, истакна дека интересот за овој настан е навистина огромен уште од првата најава за концертот и дека влезниците се трошат навистина многу бргу. Додаде дека проектот е навистина многу сериозен и дека се работи со апсолутна љубов.

„Да бидеме реални, Македонија во својата независност, а и пред тоа, од областа на забавата има изградено многу малку сериозни брендови. ‘Дајте музика’ како бренд е институција на свој начин и поради тоа, ми претставуваше особено задоволство да влеземе во овој проект, да го обликуваме, да се обидеме да го кренеме на едно концертно ниво и навистина ми е големо задоволство што ќе го организираме и не го делам овој проект од другите светски проекти. Ова за мене е светски проект“, изјави Милошески.

Според него, концертот на „Дајте музика“ ќе биде од секој аспект организиран беспрекорно, а со оглед на тоа дека настанот е наменет за детската популација, најмногу ќе се внимава и на безбедноста на децата.

Цаци Паковска, продуцентка на проектот „Дајте музика“, рече дека децата се идоли на новите генерации и убаво е што македонската младина се идентификува со нив, а не со странски изведувачи.

„Свесни сме дека тие се промотори на добрите вредности, но и дека се главните промотори на македонската музика кај младите генерации. Поради големиот интерес, решивме ‘Дајте музика’ да се претстави со сериозно осмислен и организиран концерт во живо, на кој децата, а и родителите, ќе имаат можност да уживаат и да се забавуваат“, истакна Паковска.

На големо задоволство на новинарите, на прес-конференцијата беа присутни и главните ѕвезди на концертот – Миха Гигов, Кристина Мукаетова, Филип Поповски и Анастасија Џабирска. Тие на новинарите им открија дека подготовките за претстојниот концерт на 27 мај течат со полна брзина и во најдобар ред.

„Овој концерт за нас е огромен предизвик и, се разбира, голема чест. Енергијата на големата сцена на јуниорската Евровизија сакаме да ја доживеат и децата во Македонија и затоа ви ветуваме незаборавно искуство. Ќе пееме во живо, секојдневно имаме часови по пеење, а подготвуваме и бомбастични кореографии. Ветуваме дека овој концерт ќе биде едно незаборавно искуство“, рекоа ѕвездите на концертот.

Тие ги поканија сите обожаватели да дојдат на 27 мај на стадионот на АРМ во Скопје, а посебна покана и билети испратија и до децата од СОС „Детското село“.

Генерален спонзор на концертот на „Дајте музика“ е „Бекутан“, а покровител е „Вива сокови“.

Влезниците сѐ уште се достапни за купување на сите продажни места во мрежата на „Авалон“ во Македонија, на плоштадот Македонија и онлајн на www.avalon.mk, и тоа по цени од 400 денари за партер и 600 денари за фан-пит.

 

 

 

(ПР текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Почина пејачката Џули Круз која се прослави со песните за серијата „Твин пикс“

Објавено пред

Почина американската пејачка Џули Круз, најпозната по песната Falling од хит серијата „Твин пикс“. Таа имаше 65 години, а веста за нејзината смрт на „Фејсбук“ ја објави сопруготот Едвард Гринан, но не ја откри причината.

dobivaj vesti na viber

Пејачката во 2018 година им откри на обожавателите дека боледува од системски лупус.

„Болката е толку силна што плачам и викам по луѓето. Едвај можам да одам. А сега ми е тешко и да стојам“, кажа тогаш Круз.

Круз, често соработуваше со режисерот Дејвид Линч. Тие првпат работеа заедно на филмот од 1986 година „Blue velvet“, а потоа се здружија со композиторот Анџело Бадаламенти за да го направат деби албумот на Круз, Floating Into The Night од 1989 година.

Две години подоцна, во 1991 година, го снимија хитот Falling, кој се најде во славната серија на Линч, „Твин пикс“ и песната се најде на првото место на австралиските топ листи. Круз подоцна глумеше во серијата и се појави во трите сезони на шоуто, но и во филмот од 1992 година, Fire Walk With Me.

Прикажи повеќе...

Естрада

Били Ајлиш за Туретовиот синдром: „Луѓето често ми се смеат и тоа ме навредува“

Објавено пред

Пејачката Били Ајлиш беше гостин во најновата епизода од шоуто на „Нетфликс“, My Next Guest Needs No Introduction („За мојот следен гостин не треба најава“), чиј водител е Дејвид Летерман. За време на шоуто, пејачката имаше тик, што иницира разговор за Туретовиот синдром, кој го има уште од детството.

dobivaj vesti na viber

Кога Ајлиш направи необично движење со главата и устата, Летерман ја праша дали тоа се должи на мува, на што таа одговори дека има тикови и дека во конкретниот случај тие се предизвикани од осветлението. „Ако ме снимате доволно долго, ќе видите многу тикови“, додаде таа.

„Тоа е многу чудно, речиси воопшто не зборувам за тоа. Најчеста реакција на луѓето на тоа е смеа бидејќи мислат дека се обидувам да бидам смешна. И тоа секогаш ме навредува и секогаш завршувам велејќи: ‘Имам Туретов синдром’“, изјави пејачката.

„Никогаш не би погодиле колку луѓе имаат Туретов синдром. Неколку уметници рекоа ‘Oтсекогаш имам Турет’ и тоа беше многу интересно“, рече Aјлиш и додаде дека сака да одговара на прашања за тоа.

„Многу сум збунета од ова нарушување и не го разбирам. Дијагностицирано ми беше кога имав 11 години. Како дете имав поблаги тикови, но со текот на времето тие се менуваа“, отворено рече таа истакнувајќи дека има подобри и полоши периоди, но дека тиковите никогаш не престануваат целосно.

Пејачката објасни дека има некои чести тикови, како што се допирање на увото, кревање на веѓите, движење на вилицата и затегнување на мускулите на раката.

Туретов синдром е невропсихијатриско нарушување со тикови, кое почнува во детството, а неговите основни симптоми се едноставни, сложени и гласовни тикови (гримаси, гласен говор, задишување, трепкање). Во пошироката јавност Туретовиот синдром често се поврзува со ненамерно користење вулгарни и навредливи зборови, што е само еден од симптомите.

Прикажи повеќе...

Естрада

„Дајте музика“ со две „Златни бубамари“ и најава за голем концерт

Објавено пред

Како манифестација за најдобрите и најпопуларни медиумски проекти во земјата, која годинава се одржа со мотото „Да живнеме“, „Златна бубамара на популарноста“ додели две статуетки за идолите на новите генерации од проектот „Дајте музика“: една за најпопуларна детска серија и една за најпопуларен тинејџерски хит за 2021 година.

dobivaj vesti na viber

Миха, Стаси, Филип и Кики на сцената на „Златна бубамара“ првпат застанаа во февруари 2020 година. Оттогаш, како што и самите истакнаа, многу работи се сменети. Освен што се пораснати, тие за наградата рекоа:

„Снимивме вкупно 90 епизоди од серијалот, ја претставивме Македонија на јуниорскиот Евросонг борејќи се за планетата Земја, а спремаме и голем спектакуларен концерт на 27 мај“ .

Наградите ги посветија на целиот тим големи и мали од „Дајте музика“, нивната публика, која постојано ги следи на програмите на Македонската телевизија, и нивните фанови, кои повеќе од 49 милиони пати го посетиле јутјуб-каналот на „Дајте музика“.

Концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на 27 мај на стадионот на АРМ во Скопје во организација на „Авалон продукција“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Османи: МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на ЕУ, за продолжување на нашите европски интеграции

„Имајќи ги предвид досегашните консултации, Министерството за надворешни работи ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската...

Регион7 часа

Асен Василев го доби мандатот за да формира нова Влада во Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Асен Василев, вицепремиерот и министер за финансии во оставка, за...

Македонија8 часа

Мицкоски: Предлогот што е на маса, а Владата го криеше, всушност е истиот што веќе еднаш беше одбиен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест пред Владата. По објавувањето на предлогот, Мицкоски рече: „Предлогот што е на...

Македонија9 часа

Владата го објави предлогот на француското претседателство

Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата денеска на официјалната веб-страница интегрално го објави предлогот на француското претседателство, соопштија владините...

Македонија10 часа

(Видео) Ковачевски: Модифицираниот предлог е добра основа за разговори

Премиерот Димитар Ковачевски, по средбата со партнерите од владината коалиција, рече дека модифицираниот предлог е добра основа за разговори. „Во...

Економија12 часа

(Интервју) Дарко Димовски: Да кажеме стоп на партиските вработувања, има анархија во јавниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска пред Собранието ќе постави столчиња во знак на поддршка на Комисијата за финансирање и...

Регион14 часа

Криптокралица од Балканот меѓу најбараните бегалци во САД: украла повеќе од 4 милијарди долари

Бугарката Руја Игнатова, позната и како криптокралица, се најде на листата на ФБИ со десет најбарани бегалци. Американските истражители ја...

Свет15 часа

Погодена станбена зграда во близина на Одеса: најмалку 17 загинати и 30 повредени

Украинските сили соопштија дека руски проектил погодил деветкатна станбена зграда и одморалиште во близина на украинското црноморско пристаниште Одеса, при...

Европа15 часа

Чешка денеска го презема претседавањето со ЕУ: Украина, климатската криза и мигрантите во фокусот на агендата

Чешка денеска го почнува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, а според најавите од Прага, главниот фокус на европската агенда...

Македонија15 часа

Ковачевски најави лидерска средба по што на веб-страницата ќе биде објавен францускиот предлог

Предлогот од француското претседателство во интегрална форма ќе биде објавено денеска на официјалната владина веб-страница по средбата со владината коалиција,...

Економија15 часа

Од денес повисока цена на струјата

Од денеска поскапува струјата. Почнува пресметката на блок-тарифите, кои се поделени во четири групи, и според најавите од Регулаторната комисија...

Македонија16 часа

Од денеска почнува привремениот режим на сообраќај за тешките товарни возила

Почна со примена привремениот режим на сообраќај во летниот период од 1 јули до 31 август на државните патишта во...

Македонија1 ден

Мицкоски: Владата да го објави предлогот, да не го крие

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара новиот француски предлог веднаш да биде објавен на страната на Владата. „Барам веднаш без...

Македонија1 ден

Ковачевски: Историските прашања не се дел од францускиот предлог

„Францускиот предлог е стигнат после нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт-документите. Официјалните ставови ќе ги поминат филтрите...

Македонија1 ден

Османи: Објавените документи не се финалниот предлог што француското претседателство го сподели со Владата

„Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог...

Македонија1 ден

Рама: Францускиот предлог е конечен, порака за моите браќа Македонци и Албанци, прифатете!

Премиерот Еди Рама се огласи на Твитер порачувајќи дека последниот француски предлог кој е испратен до владата на Северна Македонија...

Македонија1 ден

Петковски до Ковачевски – Тесно ви е мнозинството

Експретседателот на НСДП, Тито Петковски и се обрати на Владата и ѝ порача дека е со тенко мнозинство. Ваквата реакција...

Македонија1 ден

Бербок: Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста што ја нуди францускиот предлог

Според шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок „Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста“ која ја нуди францускиот предлог....

Македонија1 ден

Мишел за францускиот предлог: Сега е време да кажеме „да“

Претседателот на Еворпскиот совет, Шарл Мишел, го поздрави изнаоѓањето решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија. Тој напиша на „Твитер“...

Македонија1 ден

Макрон: Најдовме компромисно решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека чувствува оти е најдено компромисно решение за преговарачката рамка за членство на Македонија во...