Контакт

Забава

Идрис Елба ги негира озборувањата дека е платен да кажува дека е заразен со коронавирус

Објавено пред

Англискиот актер Идрис Елба (47) ја негираше бизарната теорија што кружи на интернет дека на јавните личности им е платено да кажуваат дека се заразени со коронавирус.

47-годишниот актер неодамна откри со сопругата Сабрина (29) дека има Ковид-19.

Тој зборуваше за теоријата на заговор на „Инстаграм“.

„Идејата на некои луѓе дека некој ми платил само за да кажам дека сум добил коронавирус е апсолутно с*ање.Тоа е таква глупост, а луѓето ја шират како вистинска вест“, рече тој.

Не е познато зошто некој би им платил на славните за да кажат дека страдаат од коронавирус, но таа теорија ја поддржала и раперката Карди Би (27).

„Мислам дека дебатата за богатите и сиромашните луѓе и за тоа кој добил тест, а кој не, не е здрава“, рече тој.

„Во ред, добив тест, но исто така добив и вирус, дали тоа ме прави привилегиран? Не го разбирам тоа“, додаде тој.

„Ова не е филм. Не сум актер сега. Јас сум само човечко суштество, кое по игра на случај е во очите на јавноста“, рече тој.

„Затоа сакам луѓето да разберат дека ова е многу реална ситуација. Не се чувствувам привилегиран што сум се тестирал и што го имам вирусот“, заклучи Идрис.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Џенифер Анистон ги одушеви сите, особено медицинската сестра заразена со коронавирусот

Објавено пред

Џенифер Анистон му помогна на својот пријател, телевизискиот презентер Џими Кимел, да направи големо изненадување за медицинска сестра заразена со вирусот Ковид-19 поради што две недели се наоѓа во строга изолација од семејството и двете мали деца.

51-годишната холивудска актерка се вклучи во шоуто на Кимел преку видеоповик за да ја поздрави Кимбел Фербанкс, медицинска сестра од Јута, и јавно ѝ се заблагодари, како и на сите други медицински сестри, за храброста и несебичноста да ги подредат своите животи на пациентите на штета на своето семејство.

„Само сакам да кажам – Бог да те благослови тебе и сите оние што го правите ова. Не знам со кои зборови да ја изразам својата благодарноста за сè што правите ставајќи ги во опаност вашето здравје. Неверојатни сте“, рече Џенифер Анистон.

Џенифер Анистон, која веќе три недели е во изолација од претпазливост во својот дом, на Кимбол Фербанкс ѝ даде подарок-картичка, на која има 10.000 долари, а изненадувањето е уште поголемо што такви подарок-картички ќе добијат сите медицински сестри што работат со неа на одделот.

Прикажи повеќе...

Забава

Поради пандемијата, одложена премиерата на продолжението на „Топ ган“

Објавено пред

Премиерата на продолжението на холивудскиот хит „Топ ган“ од 1986 година требаше да биде еден од најзначајните настани ова лето, но поради пандемијата на коронавирусот, таа ќе се одржи во декември.

Во продолжението на „Топ ган: Маверик“, Том Круз (57) повторно се појавува во улогата на самоуверениот пилот на американските воздухопловни сили – Пит (Маверик) Мичел, но овој пат тој е инструктор за летање.

„Знам дека многумина од вас чекаа 34 години. За жал, ќе трае малку подолго. ‘Топ ган: Маверик’ ќе полета во декември. Останете безбедни сите“, напиша Круз на „Твитер“. Новиот датум на прикажување е 23 декември.

Прикажи повеќе...

Забава

Вал Килмер: Искашлував крв, креветот беше црвен

Објавено пред

Актерот Вал Килмер (60) се бори со рак на грлото од 2015 година. Поради лошата здравствена состојба, холивудската ѕвезда стана непрепознатлива. Во своите мемоари „Јас сум твојот Хаклбери“ тој откри дека неговата поранешна девојка Шер (73) го поканила во куќата за гости кога му била дијагностицирана сериозната болест.

„Се разбудив една ноќ затоа што искашлував крв. Креветот ми беше целосно црвен, како во сцена од ’Кум’. Веднаш се помолив и повикав брза помош. После тоа, ја известив мојата газдарица. Шер ја презеде контролата врз ситуацијата и се снајде многу добро“, рече Килмер за магазинот „Пипл“.

Вал ретко зборува за приватниот живот, а дека има рак на грлото потврди дури во едно од интервјуата во декември 2017 година.

„Се излекував со молитва“, рече тој во тоа време иако многумина сметаа дека Килмер ја премолчел операцијата на која, наводно, се подложил во 2015 година.

Килмер зад себе има еден неуспешен брак со актерката Џоан Вали (58), кој траеше од 1988 до 1996 година, а потоа веќе ништо не се знае за нивниот љубовен живот. Поранешните сопружници имаат ќерка Мерцедес (28) и син Џек (25).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби...

Свет3 часа

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна...

Македонија4 часа

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи...

Македонија4 часа

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на...

Топ7 часа

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Македонија7 часа

Почина уште еден пациент од коронавирус, бројот на новозаразени е 46, а на излекувани три

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст...

Македонија7 часа

Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават присилно отпуштање

Бидејќи некои од работодавците на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона-кризата, Државниот инспекторат...

Економија8 часа

(Видео) Лицата што останале без работа добиваат брз влез во системот на социјална заштита

Лицата што останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија...

Економија8 часа

Бектеши: Ќе се укине забраната за извоз на брашно, резерви храна има доволно

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека ќе се укине забраната за извоз на брашно. Тој рече дека од почетокот...

Македонија9 часа

Град Скопје се откажа од кредитот за луна-паркот, ја намали и таксата за закуп на јавен простор

Град Скопје ја намали комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари за квадрат, колку што...

Економија10 часа

ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањето работници

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата на...

Македонија12 часа

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и за родилките, како и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка...

Регион12 часа

„Твитер“ избриша повеќе од 8.500 налози поврзани со Вучиќ

Компанијата „Твитер“ соопшти денеска дека избришала над 8.500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија....

Регион12 часа

Расте бројот на бугарски пратеници заразени со вирусот

Уште двајца бугарски парламентарци се позитивни на тестот на коронавирусот. Станува збор за претседателката на парламентарната група на владејачката централнодесничарска...

Свет13 часа

Трамп незадоволен кога затвореници во САД завршија на слобода поради коронавирусот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и во Пенсилванија...

Свет13 часа

Кинеските власти објавија 31 нов случај на коронавирус

Кинеските власти соопштија дека има пријавено 31 нов случај на коронавирус, при што 29 се поврзани со лица од странство,...

Регион13 часа

Сасоли: ЕУ бара начин како да му помогне на Западен Балкан да се справи со пандемијата

„Живееме во време на предизвик без преседан, предизвикан од пандемијата со Ковид-19. Глобалните проблеми не може да имаат национални решенија...

Свет1 ден

Британија го зголемува бројот на дневни тестирања на 100.000

Британскиот министер за здравство вети за десетпати дека ќе го зголеми бројот на дневните тестирања на коронавирус, со што до...

Свет1 ден

Над еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна еден милион и сега изнесува 1.000.168, покажуваат податоците на страницата „Ворлдометерс“. Од...

Македонија1 ден

На коронавирус позитивен психијатар од Демир Хисар, колегите од болницата испратени во изолација

Во Психијатриската болница во Демир Хисар доктор психијатар кој работел во болницата е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство,...

Досие