Забава
Избрана е најпопуларната туристичка дестинација за оваа година

Tripadvisor ја претстави листата на 10-те најпопуларни дестинации во светот за оваа година.
На прво место е Дубаи, а како што велат од Tripadvisor, рибарското село од 20 век, кое процвета во 21 век и прерасна во глобално жариште за врвни патувања, денес е најпопуларната светска дестинација за оваа година.
Дубаи не е единствената азиска дестинација, а може да се забележи дека на листата доминираат европските градови, како и тропските места.
Зошто Дубаи?
„Дубаи во последните години полека се искачува на листата на Tripadvisor, а сега во 2022 година ја презема круната на најпопуларната дестинација во светот“, изјави Џастин Рид од Tripadvisor.
Дубаи е модерен град со сè: прекрасни плажи, ресторани од светска класа и прекрасни хотели. Со оглед на тоа што наградите Travellers’ Choice Avards се засноваат на прегледи на места за одење, престој и работи што треба да се прават на дестинациите, значи дека дестинацијата доби одлични критики од патниците во сите туристички сектори“, рече Рид.
„И покрај пандемијата, Дубаи продолжува да привлекува посетители од целиот свет и се истакнува како омилена дестинација за патниците кои сакаат малку возбуда“, рече тој.
Во прилог целиот список:
1. Дубаи (ОАЕ)
2. Лондон (Обединето Кралство)
3. Канкун (Мексико)
4. Бали (Индонезија)
5. Крит (Грција)
6. Рим (Италија)
7. Кабо Сан Лукас (Мексико)
8. Истанбул (Турција)
9. Париз (Франција)
10. Хургада (Египет)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Гинисов рекорд: 86-годишна жена работи како стјуардеса веќе 65 години

Жeна од Бостон го собори рекордот како стјуардеса со најдолг стаж во светот, потврди Гинисовата книга на рекорди, пренесуваат американски медиуми.
Бет Неш (86) почна да работи како стјуардеса во 1957 година за Eastern Airlines („Истерн ерлајнс“), потоа продолжи да работи за American Airlines и сè уште е таму без никакви прекини во работниот однос.
Неш откри дека поголемиот дел од својата кариера го поминала на релација Њујорк-Бостон-Вашингтон бидејќи тоа ѝ овозможува ноќта да се врати дома и да се грижи за својот син со хендикеп.
„Гинис“, кој го потврди светскиот рекорд на 1 јули. наведува дека Неш моментално е најстарата стјуардеса во светот. Прославувајќи ја својата 60-годишнина со компанијата во 2017 година, Неш рече дека бизнисот значително се променил со текот на годините.
„Требаше да имаш одредена висина, требаше да имаш одредена тежина. Порано беше ужасно. Доколку качиш некој килограм мораш да се мериш, а ако останеш така ти ја намалуваа платата“, изјави таа за WJLA-T
Забава
Џулија Робертс со порака за сопругот по повод годишнината од бракот

Таа е кралица на романтичните комедии од 90-тите.
А во нејзиниот личен живот Џулија Робертс (54) исто така се чини дека е експерт за прашања поврзани со срцето додека ја слави 20-годишнината од бракот со сопругот Дени Модер (53).
Робертс се огласи на социјалните мрежи, каде што сподели заматена фотографија од нив двајцата, и напиша: „Не можам да престанам да се смеам и не можам да престанам да те бакнувам“.
Робертс се омажи со снимателот Модер во 2002 година, а се сретнаа на снимањето на филмот „Мексиканецот“ (2001) во кој таа глуми со Бред Пит. Двојката има три деца, близнаците Фајнес и Хејзел (17) и Хенри (14).
Џулија доби можност да го покаже својот потенцијал во филмовите „Задоволство“, „Мистична пица“ и „Челични магнолии“.
Познатата филмска дива стекна светска слава во деведесеттите со „Убава жена“, „Свадбата на мојот најдобар пријател“, „Висока мода“, а во 2001 година доби „Оскар“ за најдобра женска улога за нејзината изведба во филмот „Ерин Брокович“.
Таа ги освои срцата на публиката со својата позитивна енергија и харизма.
Џулија беше во врска со неколку познати холивудски актери, меѓу кои Кифер Сатерленд, Бенџамин Брет, Џејсон Патрик и Метју Пери.
Забава
Бритни Спирс на тропски меден месец

Бритни Спирс ги покажа затегнатите стомачни мускули во бикини додека ужива во „дождливиот“ меден месец со својот сопруг Сем Асгари.
Бритни и Сем се венчаа во јуни.
40-годишната хитмејкерка сподели видео на својот Инстаграм на Денот на независноста, а на него се гледа како шета на плажа во бикини. Горниот дел е во неонска зеленa боја, а долниот дел има гепард-принт.
Иако изгледа дека времето е добро, пејачката се пожали на недостаток на сонце, и напиша: „Секако дека на мојот меден месец сонцето не излегува!“.
Се чини дека клипот е снимен од нејзиниот сопруг, чија сенка може да се види насекаде.