Забава
Извлечен добитникот на најголемиот џекпот во историјата на лотаријата

Тикетот продаден во Јужна Каролина освои неверојатни милијарда и 600 милиони долари во американската лотарија „Мега милиони“.
Во вторникот се играше нов круг на американската лотарија, а победничкиот тикет ги содржеше сите пет броја – 5, 28, 62, 65, 70, кои беа извлечени.
Победникот или победниците, ако тикетот бил купен од двојка, семејство или синдикат, имаат две опции: веднаш да им се исплати износ од 904 милиони долари или да го добијат целиот износ на наградата во период од 29 години.
Победничкиот тикет чинеше два долара, а шансите за добивка беа еден спрема 302,5 милиона.
Лото-треската ја тресе Америка од јули кога 11 работници од Калифорнија освоија 543 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Пожарникари спасија пума и ја пуштија во дивина

Пожарникарите во Калифорнија спасија пума која била забележана на дрво во близина на еден имот, пренесе Би-би-си.
Тие стигнале на терен по повик дека пумата се наоѓа на стебло високо околу 15 метри во Сан Бернардино. Пумата ја забележал сопственикот на имотот, кој бил во својот двор.
Откако го обезбедиле подрачјето околу дрвото, пожарникарите привремено ја успале пумата, па безбедно ја спуштиле на земјата. Пумата е пуштена во дивина.
„Оставањето животни на дрво не би било безбедно за заедницата“, рекол пожарникарот Рик Фишер.
Пумите спаѓаат во групата диви мачки, живеат во Северна и Јужна Америка, од Британска Колумбија до Аргентина. Нападите врз луѓето се ретки. Според податоците кои ги објавија „Колорадо Паркс“ и „Вајлдлајф“, во повеќе од 100 години убиени се околу 10 луѓе.
Забава
Желки од Галапагос ја прекинаa љубовната врска по 90 години

Желките Биби и Полди од Галапагос, кои се жители на зоолошката градина во Клагенфурт, Австрија се навистина посебни, бидејќи дури 90 години живееле во среќна врска. Но, од пред неколку години нивната љубовна идила не само што завршила, туку толку се замразиле, што си нанесуваат крвави повреди.
Според експертите од зоолошката градина, Биби е вистинска ,,дива” која сака да се излежува на сонце и обожува да јаде домати. Нејзиниот поранешен партнер Полди ужива во истите работи, но особено сака да го чешкаат по вратот и е познат по својата дружељубивост.
Двете желки дојдоа во светот во 1897 година во зоолошката градина во Швајцарија, а нивната љубов започна во 1920-тите. По педесет години среќна љубовна врска полна со нежност се преселија во Клагенфурт. Двајцата ја преживеаја големата депресија, двете светски војни и влезот во новиот милениум. Сепак, според Атлас Обскур, Биби и Полди ја раскинале идиличната долгогодишна романса во 2011 година.
Едно утро чуварот при обиколката на желките видел нешто необично. Биби го нападнала Полди и му одгризала парче од оклопот нанесувајќи му повреди. До тогаш, тие секогаш спиеле заедно така што оклопите секогаш им се допирале. Поради тоа, нивната нетрпеливост ги зачудила вработените во зоолошката градина. Поради новонастанатиот конфликт двете желки морале да бидат раздвоени.
Сопствениците на зоолошката градина направиле се за да ги смират. Хелга Хап за Дер Шпигел, вели дека се надевале дека ќе успеат во тоа, им организирале различни игри на интимост, им нуделе богата трпеза со домати, се обидувале повторно да ги зближат, но безуспешно.
,,Тие понекогаш се толерираат, но тука нема повеќе љубов”, вели сопственичката на зоолошката градина.
Забава
Сопствениците по три години го пронашле својот изгубен миленик

Сопственици по три години го пронајдоа својот најверен пријател на четири нозе.Иако звучи невозможно, сторијата ја пренесоа медиумите во соседството. Станува збор за кучето Ема кое што исчезнало пред три години од неговиот дом. Сопствениците никогаш не престанале да го бараат. Благодарение на граѓаните и волонтерите на здружението Бета, тоа е пронајдено и вратено неговиот дом во Белград.
Иако не постоела ни најмала надеж, сопствениците деновиве добиле повик од Здружението Бета во Белград дека нивното милениче конечно е пронајдено. На нивната среќа и немало крај.
Граѓаните ја пронашле Ема како скита по улиците и им јавиле на волонтери и активисти за заштита на правата на животните. Волонтерите ја зеле и ја однеле на проверка на чипот и врз основа на тоа дошле до вистинските сопственици.
,,Ја најдоа Ема по толку многу години. Им благодарение на сите што помогнаа, вие сте прекрасни луѓе. Секоја чест”, објави пресреќната сопственичка.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал