Контакт

Бизарно

Израелски тинејџер загина правејќи „селфи“ во национален парк во Калифорнија

Објавено пред

Израелски тинејџер загина во калифорнискиот национален парк Јосемити додека се обидувал да направи селфи, пренесе Би-би-си.

Осумнаесетгодишниот Томер Франкфуртер бил на двомесечна посета на САД, изјавила неговата мајка за израелските медиуми.

Таа рекла дека ѝ било пренесено оти нејзиниот син се обидувал да се фотографира со својот мобилен телефон кога се лизнал и паднал од висина од 250 метри.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека телото на тинејџерот ќе биде вратено во Израел, каде ќе се одржи погреб.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Мартина „ја промени расата”, сега тврди дека ќе раѓа црни бебиња

Објавено пред

Германката Мартина Биг (30) е поранешна стјуардеса која стана популарна поради бројните пластични операции. Откако повеќепати ги зголеми градите и потроши 67.000 евра на операции, таа тврди дека нејзините гради сега се „најголеми во Европа”. Покрај тоа, Мартина, исто така, ја промени бојата на кожата бидејќи, вели таа, всушност е Африканка. Иако е родена со бел тен, таа доби многу потемна боја со помош на инјекции за потемнување во текот на годините.

Таа најави дека сака да го среди носот за да изгледа повеќе „африкански” и сака да стави импланти во задникот од по 1,5 килограм.

Неодамна помина седум недели во Кенија за да дознае повеќе за африканската култура.

„Моите деца ќе бидат црни. Зборував со моите доктори за да видам дали моето тело е здраво и дали можам да дојам и како ќе изгледаат моите деца “, изјави Мартина во интервју за ИТВ.

„Не разбирам како е тоа генетски можно”, кажа водителката Холи Вилоби.

Мартина продолжи со својата исповед. „Мојата кожа станува сè потемна и мојата коса се менува, станува потемна и кадрава”, вели Биг.

View this post on Instagram

MZUNGU MMOJA WA UJERUMANI AJIBADILI KUWA MWAFRIKA akiongea na gazeti la #dailmail amasema alichotaka maishani kinatimia #martinabig alitamani kuwa mwanamke mweusi amechomwa sindano kaza kujibadili ikiwemo ya rangi yake kuongeza matiti na yuko mbioni kuchoma sindano kuongeza matako.. A white ex-stewardess now going by the name of #MartinaBig, 28 claims that she has completed a major step in reaching her goal of being a “wonderful” black woman. ​______________________________​ She Writes: "I have great news​ :)​​ ​I had done the next step in my transformation to a black woman :)​ ​Yesterday I was with an African hairdresser and got a hair extension with curly, African hair :)​ ​To become more and more a black woman, that is such a wonderful feeling 🙂 I'm so happy :)​ ​Next, I’ll have consultations for the butt enlargement and for the African facial features. ​​______________________________​ ​ ​Interestingly,in an interview with #DailyMail Martina she went on record to say then that despite the tanning procedure making her look black, she had no intentions whatsoever of trying to “be a black girl.” Looks like she has a change of heart since then.​ ​______________________________​ She Goes on to a vlog about how hard it was for her as a black woman to get checked into her hotel because her Passport photo did not match and shares a heat-warming comment from one of her more open-minded fans. ​______________________________

A post shared by 366 EnterTainment Media (@366entertainmentmedia) on

По интервјуто, профилите на Мартина на социјалните мрежи беа полни со коментари.

„Ова е најрасистичкото и најурнебесното нешто што некогаш сум го видела”, напиша една следбеничка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Девојче роди негово дете, а тој тврди дека самата се оплодила со негова сперма

Објавено пред

Маж од државата Њујорк во Соединетите Американски Држави е обвинет за силување  девојче (11) кое остана бремено, а тој тврди дека таа самата себеси се оплодила со неговата сперма, објави „Мирор“.

Роберт Кронин ја изнесе својата одбрана во полицијата откако девојчето се породи. Според ДНК-тестовите, било утврдено дека Роберт е татко на детето.

Таткото на пет деца изјави дека девојчето забременило со користење парче облека на кое претходно тој се самозадоволувал.

Полицијата во Њујорк го обвини дека имал секс со малолетничка.

Тој не негираше дека е татко на детето, но тврди дека немал секс со малолетничката.

Полицијата не му верува, а девојчето и нејзиното бебе се однесени на безбедно место, каде што се добро згрижени.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) За да се заштитат од непријателот,  пчелите изведуваат хипнотизирачки танц

Објавено пред

За разлика од своите европски роднини, големите индиски пчели (Apis dorsata) не прават заштитна обвивка околу гнездото, кое се состои од само едно големо саќе, околу 1 метар во дијаметар. Поради тоа, потомството го заштитуваат со сопственото тело, применувајќи необична одбранбена тактика.

Возрасните пчели го обложуваат саќето со своите тела, а потоа ги заплашуваат предаторите со наизменични спирални и брановидни движења.

Во зависност од брзината на движење и насоката од која доаѓа заканата, силата и редоследот на движењата варираат. За жал, овој хипнотизирачки танц ги одбива само предаторските типови оси, додека птиците и другите цицачи не реагираат на него.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Собранието објави оглас за aнтикорупциската комисија, Тасева обвинува дека добрите антикорупционери не се пожелни

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата. Огласот ќе трае 7 дена...

Свет10 часа

Вес Мичел поднесе оставка, идниот месец заминува од Стејт департментот

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини. „Две...

Македонија10 часа

(Видео) Десетина имиња во игра за претседателски кандидат на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека десетина имиња се во игра за кандидат за претседателските избори на СДСМ. Тој најави...

Изборни измени13 часа

Малите партии бараат една изборна единица, па потоа избори

Малите партии ја реафирмираат идејата за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи на гласање. Тие...

Македонија13 часа

(Видео) Дејан од Ѓорче Петров: „Помогнете ми, ама не како Боки 13“

Дејан Костовски од Ѓорче Петров вели дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, не го испочитувал ниту договореното за плаќање...

Македонија14 часа

Теута Арифи за 300 илјади евра каскадно ќе ја уредува Пена

Општина Тетово за 17 милиони денари или речиси 300 илјади евра ќе става потпорни ѕидови на реката Пена во делот...

Македонија15 часа

СЈО испитува дали баџанакот на Ѕинго, Стојан Миланов, наместил тендер на кочанска фирма

Специјалното јавно обвинителство отворило предистражна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување по кривичната пријава која ја поднесе СВР...

Македонија15 часа

Учениците од утре повторно на настава

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната година почнува утре и важи за сите ученици од јавните и...

Македонија17 часа

Владата го испрати Законот за употреба на јазиците до Венециската комисија

Владата ја испрати целосната содржина од Законот за употреба на јазиците на мислење до Венециската комисија, заедно со алтернативниот текст на...

Македонија17 часа

Во 18 часот се укинува бесплатниот јавен превоз во Скопје

Во 18 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз во Скопје поради намалување на загаденоста во градот, соопштија од Град Скопје. И...

Спорт17 часа

Исчезнал авионот со кој летал најскапиот играч на Кардиф

Емилиано Сала (28), кој три и пол години играше за Нант, пред неколку дена потпиша за Кардиф за клупски рекорд...

Македонија17 часа

(Видео) Македонец си ја убил сопругата на паркинг во Австрија

Македонски државјанин кој живее во Австрија ја убил вчера напладне својата сопруга, пренесуваат австриските медиуми. Жената, истотака со потекло од...

Топ18 часа

На Табановце приведено лице кое се барало за издржување затворска казна

Лице кое се барало за издржување казна затвор во траење од една година, било приведено при пасошка контрола на граничниот премин...

Регион19 часа

Српски медиуми: По Путин, во Белград доаѓаат Трамп и Меркел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел во текот на оваа година да ја посети Србија, објавува во денешното издание...

Македонија21 час

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за преспанскиот договор со која ќе се стави крај на 27-годишниот...

Македонија1 ден

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е напад врз правата на пациентите

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски,...

Македонија1 ден

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија1 ден

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија2 дена

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Досие