Забава
Илон Маск сега е 100 милијарди долари побогат од Џеф Безос

Илон Маск го потврди статусот најбогат човек на светот додека неговата нето-вредност продолжува вртоглаво да расте во однос на другите најдобри заработувачи во 2022 година.
На најновата листа на „Форбс“, 50-годишниот мегамилијардер ја зголеми својата нето-вредност на 282 милијарди долари, што е над 100 милијарди повеќе од основачот на „Амазон“, Џеф Безос.
Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс икс“ теоретски би можел да го купи секој тим во четирите најголеми северноамерикански спортски лиги, пренесуваат медиумите, додавајќи дека тој е осамен на врвот на Форбсовата листа.
Маск е еден од најголемите заработувчи во ерата на пандемијата имајќи предвид дека на почетокот на 2020 година неговото нето-богатство изнесуваше 26,6 милијарди долари.
Во 2020 година богатството на Маск порасна повеќе од 110 милијарди долари, што е рекорд за секој во историјата на „Форбс“ откога почна да ги следи бројките.
Маск заработи уште 90 милијарди долари во 2021 година по симнувањето на Безос од врвот на листата на богати на „Форбс“.
Новиот член на управниот одбор на „Твитер“ забележа врв на своето богатство од речиси 340,4 милијарди долари кога акциите на „Тесла“ достигнаа рекордно високо ниво во ноември 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Амбер Херд на суд: Деп води крстоносна војна за јавно да ме понижи

Амбер Херд во четвртокот го имаше последното сведочење во судската битка за клевета, иницирана од поранешниот сопруг Џони Деп.
Таа на поротниците им кажа дека се соочува со секојдневно вознемирување и смртни закани откако го обвини холивудскиот актер за семејно насилство.
Херд го заврши своето сведочење во четвртокот тврдејќи дека била „малтретирана, понижувана, заканувана“ на социјалните мрежи откако го обвини поранешниот сопруг за физичка и сексуална злоупотреба.
„Луѓето сакаат да ме убијат и тоа ми го кажуваат секој ден“, рече Херд, додавајќи дека ваквото малтретирање било дел од крстоносната војна на Деп за јавно да ја понижи.
Деп (58) ја тужи Херд (36) и бара оштета од 50 милиони долари, и тврди дека нејзините наводи дека била жртва на семејно насилство се чиста клевета. Херд поднесе против-тужба за 100 милиони долари, бидејќи Деп, наводно, ја оцрнил во јавноста нарекувајќи ја лажга.
Забава
Излезе видеоиграта „Топ ган: Маверик“, вклучува авиони и звучна подлога

Фановите на „Топ ган“ сега можат да одат до полетаат во небото со авионите од штотуку објавениот филм „Топ ган: Маверик“ со видеоиграта Ace Combat 7: Skies Unknown, преку ДЛЦ-то Top Gun: Maverick Aircraft Set што беше објавено во четвртокот.
ДЛЦ – содржина што може да се даунлодира или преземе – не ви дава нова приказна, мисии или мапи. Она што ви го дава е можност да летате со четири нови авиони, да добиете 10 нови амблеми, 12 нови повици (сите од Top Gun: Maverick) и два звучни записи кои Кеики Кобајаши ги аранжираше за повеќе играчи (мултиплеер), вклучително и Danger Zone и химната Top Gun.
Забава
Шоуто на Елен Деџенерис заврши по 19 сезони

Шоуто на Елен Деџенерис, ТВ-емисија што ги забавуваше гледачите, уриваше стереотипи и беше домаќин на големите ѕвезди, дојде до својот крај синоќа по речиси две децении, 19 сезони и повеќе од 3.000 епизоди.
Холивудски ѕвезди често гостуваа во нејзиното ток-шоу, кое стекна популарност во поконзервативните делови на Америка. Нејзина прва гостинка беше актерката Џенифер Анистон, која исто така се појави во финалето во четвртокот.
По успехот како комичарка во 80-тите, Деџенерис се прослави со серијата „Елен“ (1994-1998), а во 1997 година стана прв главен лик од ТВ-серија што ја призна својата хомосексуална ориентација.
Популарното ток-шоу почна да го води во 2003 година.
„Елен го отвори патот. Таа веројатно беше, а можеби и сè уште е, најпознатата ЛГБТК-личност во Америка“, изјави Мери Марфи, вонредна професорка по новинарство на Универзитетот во Јужна Калифорнија, за АФП.
Шоуто веќе не е предизвик за неа, вели Елен.
„Кога го почнавме шоуто во 2003 година, не постоеја социјални мрежи. Истополовите бракови не беа легални“, изјави Деџенерис минатиот месец по снимањето на последната епизода од серијата, која се емитуваше во четвртокот вечерта.
„Гледавме како се менува светот, понекогаш на подобро, понекогаш не“, додаде таа.