Контакт

Забава

Импресивна историја на љубовни врски на Пит Дејвидсон

Објавено пред

Го добивате она што го гледате кога станува збор за Пит Дејвидсон. Тој е способен комичар со тони тетоважи, кој сака да се шегува дури и за сопствените проблеми со менталното здравје, а сега се чини дека е најбараниот ерген во Холивуд имајќи предвид дека бил во врска со некои од најубавите и најталентирани жени таму.

dobivaj vesti na viber

Последна од нив беше Ким Кардашјан, но по девет месеци и неколку тетоважи посветени на неа, на почетокот на август двајцата решија да се разделат.

Извори блиски до Ким и Пит изјавија за „Е! Њуз“ дека сè уште имаат многу љубов и почит еден кон друг, но нивниот динамичен распоред и далечината ја направиле врската неодржлива. Дејвидсон е во Австралија, каде што работи на филмот „Волшебници“, а Кардашјан е зафатена со подигање на своите четири деца и заедничкото родителство со поранешниот сопруг Канје Вест.

Можеби е тажно да се стави крај на таква виорна романса, но којзнае со кого ќе биде Дејвидсон сега кога ќе се врати на пазарот, коментира „Ју-ес викли“.

Која е тајната на ѕвездата од ‘Сатрдеј најт лајв’? И кого може да вброи меѓу своите могубројни врски?

Меѓу многуте таблоидите ги наброија Аријана Гранде, Каја Гербер, Кејт Бекинсејл, Маргарет Квали…

Забава

Хари и Меган објавија нови фотографии два дена по кралскиот портрет од кој беа изоставени

Објавено пред

Принцот Хари и Меган објавија нови фотографии од самитот за млади лидери „Еден млад свет“ два дена по официјалниот портрет на кралот Чарлс со Камила, Вилијам и Кејт.

dobivaj vesti na viber

Кралот Чарлс и Камила позираа со принцот и принцезата од Велс во текот на настанот што се одржа во Манчестер, а војводата и војвотката од Сасекс Хари и Меган споделија нови фотографии само два дена по објавувањето на кралскиот портрет.

На првата фотографија, Меган во црвена блуза и панталони во иста боја позира покрај Хари, додека на втората црно-бела фотографија се гледа парот од поинаков агол.

Фотографиите од Сасексови ги направи познатиот фотограф Мисан Хариман, кој ги објави синоќа на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Забава

Ким Кардашјан плати глоба од 1,3 милион долари за рекламирање криптовалута

Објавено пред

Ким Кардашјан рекламираше сè, од лижавчиња што го сузбиваат апетитот до ликер со вкус на диња и тоалетна хартија, но нејзиното упаѓање во матниот свет на криптовалути ја стави во незавидна ситуација.

dobivaj vesti na viber

Реалната ѕвезда и претприемач прифати да ја реши тужбата за незаконско рекламирање криптохартии од вредност и да плати 1,26 милион долари глоба и отштета, соопшти американската Комисија за хартии од вредност во понеделникот.

Кардашјан, која има 330 милиони следачи на „Инстаграм“ и 73,7 милиони следбеници на „Твитер“, не откри дека криптокомпанијата EthereumMax ѝ платила 250.000 долари за да сподели објава на „Инстаграм“ за своите EMAX-токени, соопшти Комисијата.

Комисијата во ноември 2017 година ги предупреди познатите личности што сакаат да заработат на просторот на дигитален имот дека правилата на САД бараат да обелоденат кога им се плаќа да поддржат криптотокени.

Оттогаш гонеше неколку други познати личности, вклучително и акционата ѕвезда Стивен Сигал, музичкиот продуцент Диџеј Калед и боксерот Флојд Мејведер Јуниор поради кршење на тоа правило, но Кардашјан е веројатно една од најистакнатите.

Прикажи повеќе...

Забава

„Еманципација“, прв филм на Вил Смит по оскаровската шлаканица, излегува во декември

Објавено пред

Првиот филм на Вил Смит откако му удри шлаканица на Крис Рок на доделувањето „Оскари“ ќе дебитира во кината во декември, потег што го прави филмот прифатлив за златната статуетка следната година.

dobivaj vesti na viber

Дистрибутерот „Епл инк“ го најави тајмингот во понеделникот, а истиот ден беше објавен и трејлер за претстојниот филм.

Историскиот трилер со наслов „Еманципација“ е приказна за човек кој бега од ропство. Филмот е снимен пред Смит да го нападне Рок на сцената минатиот февруари, но датумот на неговото објавување беше неизвесен.

На Смит му е забрането да присуствува на церемонијата на доделување „Оскари“ следните 10 години, но сепак има право да биде номиниран и да победи.

Актерот јавно му се извини на Рок, на филмската академија и јавноста за тоа што му удри шлаканица на комичарот поради шегата за изгледот на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит. Неполн час подоцна, Смит ја доби статуетката за најдобар актер за улогата во филмот „Крал Ричард“, каде го потретира таткото на тениските легенди Венера и Серена Вилијамс.

„Еманципација“ ќе се прикажува исклучиво во киносали една недела почнувајќи од 2 декември, а ќе дебитира на стриминг-платформата „Епл ТВ-плус“ на 9 декември, соопшти „Епл“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Обвинителството: Зеќири го оштетил буџетот за речиси 1,5 милион евра, парите завршиле во приватни фирми

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службената положба...

Економија2 часа

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја...

Свет2 часа

Бербок го обвини Путин за терор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е подготвен за мировни...

Свет3 часа

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со тешки последици, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина ѝ...

Свет5 часа

Азербејџан ја гранатира Ерменија, нови судири на граничниот премин меѓу двете земји

Азербејџанските војници синоќа со минофрлачи и мало оружје ги гранатираа граничните позиции на Ерменија, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија....

Свет5 часа

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на четири украински региони, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи Ко Сон Хуи...

Свет5 часа

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Јан, кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Бројот на загинати од ураганот Јан на Флорида и во Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови вторпат...

Свет5 часа

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет5 часа

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансира проектил

Откако Северна Кореја лансира ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет5 часа

(Видео) Северна Кореја лансираше проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја истрела балистичка ракета која утринава прелета над Јапонија за прв пат по пет години, што предизвика предупредување до...

Регион18 часа

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа20 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет20 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија23 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион23 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија24 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија1 ден

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија1 ден

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет1 ден

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...