Забава
Интернетот се обидува да нè подели: Карди Би реагира на шпекулациите за наводна кавга со Били Ајлиш

Карди Би го мрази интернетот.
29-годишната рап ѕвезда организираше афтер-парти по „Мет галата“ во понеделникот, кога видео на поп-ѕвездата Били Ајлиш како ја нарекува својата колешка музичарка „многу чудна“ за време на забавата стана вирално, а Карди се огласи на Твитер да ги расчисти сите шпекулации за расправија меѓу нив.
Во твитот таа напиша: „Го мразам интернетот бидејќи како прво, како можете да претворите една од најдобрите забави во драма? Второ, Ocean Eyes e песна што ја служам на мојата ќерка. Трето, Били е мојата бејби. Вчера, од Мет до забавата, сè беше без драма. Зошто сакате сè да претворите во неред ?”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Наоми Кембел воодушеви со својот изглед во Кан, но момчето со кое дојде останува енигма

Меѓу многуте ѕвезди што годинава дојдоа на Канскиот филмски фестивал е и славната манекенка Наоми Кембел.
Наоми пред три дена пристигна во Франција, а папараците ја уловија во градот Антиб, каде што престојува со маж, чиј идентитет не е познат.
Со неа и со непознатиот маж е и нејзината едногодишна ќерка, која вешто ја крие од очите на јавноста. Тие беа фотографирани додека шетаат во лежерно издание.
Инаку, таа се појави и на црвениот тепих во раскошна креација на модната куќа „Валентино“ привлекувајќи ги погледите на присутните.
Човекот со кој шеташе низ градот не се појави со неа на црвениот тепих.
Да потсетиме, Наоми минатата година стана мајка и ги изненади сите со веста дека се породила бидејќи не се знаело ни дека е бремена. На почетокот на оваа година манекенката откри дека ќерка ѝ не е посвоена, како што многумина шпекулираа. Сепак, Наоми сè уште не открила кој е таткото на девојчето.
Забава
Џони Деп на суд: Тврдењата на Херд се сурови и лажни

Актерот Џони Деп во средата повторно сведочеше во рамките на судскиот спор против поранешната сопруга Амбер Херд.
Деп се врати како сведок за да го побие тврдењето на Херд во судската битка за клевета потенцирајќи дека наводите за злоупотреба што таа ги изнесе против него се незамисливо брутални, сурови и лажни.
Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ (58) ја тужи Херд и бара отштета од 50 милиони долари бидејќи го клеветела кога тврдела дека трпи семејно насилство. Херд (36) поднесе контратужба за 100 милиони долари поради тоа што Деп и неговиот адвокатски тим ја нарекуваат лажга.
Во средата Деп и неговите адвокати се обидуваа да го побијат сведочењето на Херд дека физички и сексуално ја малтретирал повеќепати пред и за време на нивниот брак, кој заврши во 2017 година.
Забава
Деми Ловато најавува нов сингл

Деми Ловато соопшти дека ќе објави нов сингл, Skin of My Teeth.
Хитмејкерката ги потврди шпекулациите на социјалните мрежи дека ќе го објави главниот сингл на својот осми студиски албум – кој има исто име како и водечката нумера – и покрај тврдењата дека ја остава музиката зад себе.
Откако еден фан напиша на „Твитер“: „Skin of My Teeth е водечка според улиците“, тоа предизвика коментар од друг фан, кој праша: „Која улица“. Коментарите го привлекоа вниманието на поп-ѕвездата, која се приклучи, пишувајќи: „Мојата улица“.
Деми претходно откри дека многу се гордее на новата музика што ја создава додавајќи дека е апсолутна најдобра досега.