Забава
Истражување: луѓето што легнуваат доцна имаат супериорна когнитивна функција
Според најновото истражување, луѓето што се сметаат за ноќни птици имаат подобри когнитивни функции од оние што рано стануваат.
Истражувањето било спроведено на 26.000 луѓе, кои доцна си легнуваат, а покажало дека имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција и меморија, пишува денеска „Гардијан“.
Како што покажува оваа студија, верувањето дека оние штп легнуваат доцна не успеваат да направат многу во текот на денот не е точно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ќерката на Синди Крафорд е нејзина слика и прилика: блесна во речиси идентичен фустан
Каја Гербер на филмскиот фестивал во Торонто се појави во фустан сличен на оној што нејзината мајка, легендарната Синди Крафорд, го носеше на Оскарите во 1993 година.
Станува збор за креација на Ерве Леже во бела боја. Изгледот Каја го комплетираше со едноставна шминка, накит и високи потпетици.
На овој фестивал премиерно беше прикажан филмот „Школка“ во кој таа имаше улога.
Нејзината стилистка Моли Дикинсон во интервју за Вог изјави дека Каја и испратила неколку идеи за тоа што би сакала да облече на фестивалот, а една од нив е и овој фустан.
„Мислев дека е одлично да го почитувам иконскиот момент на Синди на овој начин“, додаде таа.
Во далечната 1993 година, Синди се прошета на црвениот тепих со нејзиниот тогашен сопруг Ричард Гир, додека Каја на филмскиот фестивал во Торонто се појави без придружба.
Забава
Кејт Мидлтон се врати на кралските должности, го одржа својот прв состанок
Кејт Мидлтон (42) ја одржа својата прва официјална средба по повеќе од девет месеци пауза поради здравствени проблеми, пишува Дејли Мејл. Принцезата од Велс им се врати на работните обврски.
Таа организираше состанок во замокот Виндзор каде што разговараше за нејзиниот проект за ран детски развој, на кој присуствуваа членови на нејзиниот тим и претставници на Фондацијата за рано детство.
Да потсетиме, Кејт во март објави дека и бил дијагностициран рак по операција на абдоменот и дека ќе мора да оди на превентивна хемотерапија. Таа неодамна ја сподели веста дека завршила со хемотерапија.
Забава
Почна снимањето на новата „Жикина династија“: Никола Којо повторно е Миша, чии синови доаѓаат од Москва
Вчера, во Белград, почна снимањето на долгоочекуваното продолжение на хит-серијата „Жикина династија“.
Продолжението на хит-филмскиот серијал од осмата и деветтата деценија на 20 век, наречен „Враќањето на ‘Жикина династија’“ е во режија на Милан Коњевиќ, според сценариото на наградуваниот српски писател и професор на Факултетот за драмски уметности, Милена Марковиќ.
Главната улога ја толкува Никола Којо, кој по повеќе од 30 години, се враќа во ликот на Миша Павловиќ. Синовите на Миша, кои одамна ги нема видено, доаѓаат во Србија затоа што живеат со Наташа во Москва, но кога ќе пристигнат, момците што ги носат имињата на нивните прадедовци – Жика и Милан, почнува нова луда година, полн со смеа, авантури и семејни вредности.
Меѓу старите ликови се враќа Весна Чипчиќ како фрау Елза, како и Владимир Петровиќ како Боба, а ќе има уште некои изненадувања, најавуваат продуцентите.