Забава
Истражување: тетовирањето е најпопуларно во Италија

Која земја има најмногу луѓе со тетоважи?
Според ново истражување, од 18 земји, Италија е местото каде што, најверојатно, ќе налетате на некој со барем една тетоважа – но Шведска и САД не заостануваат.
Анкетата што ја спроведе „Далија“ на 9.054 испитаници од 18 земји сугерира дека Италијанците се нацијата што најмногу лудува по тетовирање, пренесуваат медиумите.
Уделот на испитаниците со најмалку една тетоважа во Италија е 48 %, што ја става земјата на врвот на листата на земји каде што тетоважите се најпопуларни.
Швеѓаните се втори со 47 %, потоа Американците со 46 %, а на четвртото и петтото место се Австралија и Аргентина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Вечерва се одржува главната вечер на Таксират фестивал

Вечерва во Скопје се одржува Главната вечер на Таксират фестивал, а токму со овој настан официјално ќе биде затворено јубилејното 25-то издание на македонскиот најпосетен алтернативен музички фестивал. Во финалниот настан на јубилејниот ТАКСИРАТ кој ќе се одржува во Арената „Борис Трајковски“, публиката ќе има прилика да ужива во повеќе од 10 концерти и настапи кои паралелно ќе се одвиваат на три бини, а на кои ќе се претстават безмалку 20 музички изведувачи.
Главната вечер годинава ги собира Таксират резидентите, имињата потпишани зад најмасовните концерти, артистите кои дефинираа жанрови, но и станаа белег на „Таксират“ или уште поважно, музичката екипа која во моменти одигра значајна улога во опстојувањето на фестивалот. Покрај нив, скопската Арена „Борис Трајковски“ вечерва е збирно место и на новата генерација, актуелниот бунтовен звук, но и светската алтернативна, транскултурна електронска сцена. Во листата со изведувачи се: македонскиот маестрален музички уметник Кирил Џајковски, „Даб Ефекс“ од Австралија, „Ејсид Араб“ од Франција, но и најуспешниот регионален состав „Дубиоза Колектив“, како и популарните „С.А.Р.С.“, Страјк, „Смат“, „Лет 3“ и други.
Влезот за посетителите ќе биде отвроен во 19:30 часот, a почетокот на програмата е во 20:30 часот.
Забава
(Видео) Венеција: Гондола се преврте поради туристи кои одбиле да седнат и да престанат да прават селфи

Група туристи паднала во канал во Венеција кога гондолата со која се возеле се превртела откако не ги послушале наредбите да престанат да прават селфи и да седнат.
Во матната и студена вода завршил и гондолиерот кој се обидувал да маневрира додека пловел со чамецот под мостот кај плоштадот Свети Марко.
Според извештаите на локалниот печат, групата од Кина се возела во гондола и правела селфи кога се случил инцидентот.
Маневарот на гондолиерот под мостот барал максимален баланс на тежината на чамецот, но патниците ги игнорирале неговите наредби да седнат и наместо тоа продолжиле да стануваат и да фотографираат, поради што гондолата се превртела, пишува Гардијан.
Забава
(Видео) Џенифер Лопез во фустан кој ги натера сите погледи да бидат вперени кон неа

Џенифер Лопез прошета на црвениот тепих на доделувањето на наградите на магазинот Elle, а токму поради футуристичкото издание беше една од оние чиј аутфит привлече најголемо внимание.
Jennifer Lopez and Ben Affleck at ELLE’s Women in Hollywood event. pic.twitter.com/xa8yE6MLg9
— Bennifer Updates (@BenniferUpdates) December 6, 2023
Наградуваната пејачка и актерка заедно со нејзиниот сопруг Бен Афлек пристигнаа на доделувањето на наградите „Жени во Холивуд“ на списанието Elle што се одржа во Лос Анџелес.
Jennifer Lopez and Ben Affleck attend ELLE’s Women in Hollywood event. pic.twitter.com/FeLGzAYVQm
— Bennifer Updates (@BenniferUpdates) December 6, 2023
На настанот Лопез носеше долг фустан кој беше составен од две парчиња – сребрен хромиран дел кој и ги покриваше градите и класичен долен дел со изрез позади.
Футуристичкиот горен дел на модното издание бараше актерката да се појави без , а градник, истовремено покажувајќи ја својата гола половина.
Впечатливиот фустан го спои со црни чевли на платформа.
Изгледот го комплетираше со висечки обетки, а косата и беше крената во пунџа. Афлек беше облечен во класичен црн костум и вратоврска.
Познатиот пар, кој се венча во август 2022 година, сподели и бакнеж на црвениот тепих.