Контакт

Забава

Италијанец живее 30 години сам на остров: живеам на најбезбедното место на светот

Објавено пред

Што е вистинска изолација најдобро знае Италијанецот Мауро Моранди, кој веќе 30 години е единствениот жител на островот Будели во близина на Сардинија.

Изминатите неколку недели неговата колиба била соодветно изолирано место, од кое можело да се набљудува глобалната криза со коронавирусот.

Со толкав стаж на осаменост со сопствените мисли тој најдобро знае што нè чека сите нас во следните недели и месеци. Моранди, поранешен учител, стигнал случајно на островот Будели покрај брегот на Сардинија додека се обидувал да отплови од Италија до Полинезија пред 31 година. Се вљубил во кристално чистата вода, коралниот песок и заоѓањата на сонцето по што одлучил да остане таму засекогаш. Набргу ја презел должноста на претходниот жител и сега, на возраст од 81 година, сè уше е на островот. Во меѓувреме стекнал репутација на италијански Робинзон Крусо.

Тој и натаму следи вести и знае што се случува во Италија и светот. Вели дека во својот осамен свет моментно се чувствува како да е на најбезбедното место на Земјата. Исто така, сака да сподели неколку совети како е најдобро да се соочиш со самоизолација.

„Добро сум, не се плашам. Се чувствувам безбедно овде. Овој остров нуди целосна заштита. Нема никакви ризици. Никој не доаѓа, дури ниеден брод не може да се види тука“, вели тој за „Си-ен-ен травел“.

Вели дека самоизолацијата е одлична можност луѓето да се занимаваат со својата душа. Во зима вели дека е во куќата, а налето шета по островот. Не му е јасно како луѓето не може да издржат две недели во самотија.

„Многу читам и размислувам. Мислам дека многу луѓе се плашат дека ако тоа го сторат, ќе почнат да медитираат и да размислуваат за работите, а тоа може да биде опасно. Ако почнете да ги гледате работите од друг агол и бидете критични, би можеле да видите каков беден живот водите, или каква лоша личност сте, или какви лоши работи сте направиле“, вели Моранди.

Тој ја пропатувал Европа и на крајот завршил на овој остров. Иако е сам, вели дека никогаш не се чувствува осамено.

Забава

Дерматолозите предупредуваат: Немојте да заспивате на плажа

Објавено пред

Често се случува да задремеме несвесно на плажа, опиени од сончевите зраци и пријатната топлина. Иако звучи безопасно, спиењето директно на сонце не е добра идеја бидејќи може да има сериозни здравствени последици.

„Дремнувањето на сонце всушност може да предизвика оштетувања на кожата. Да се ​​наслоните на кремот за сончање, како единствена одбрана е погрешна тактика. Тоа нема да ве заштити, а особено ќе изгорите во области каде што сте го пропуштиле местото или сте нанесле многу тенок слој од кремата за сончање“, тврди Хариет Далвуд од британското здружение за дерматолози.

„Кремата за сончање може да се отстрани и со потење, и треба да се нанесува најмалку на секои два часа. Исто така, кремата со заштитен фактор треба да биде една од заштитниците од сонце, но не и единствена. Затоа, ги охрабруваме луѓето да користат заштитна облека. Најважно од се’, ако сте на плажа и се чувствувате уморни, засолнете се од сонцето под сенка“, објасни таа.

Предупредува дека многу луѓе сега уживаат да ставаат креми за сончање благодарение на современите формулации кои не се густи и не оставаат бел белег. Но, веројатно немаме навика да ги применуваме толку често колку што треба. Дури и да имаме, тешко дека ќе посветиме подеднакво внимание на секој дел од кожата.

Оштетувањата на кожата, естетски и здравствени, лесно се добиваат додека дремете во вашата градина, на плажа или во парк. Д-р Тиви Марутапу вели дека спиењето на сонце е „дерматолошки кошмар“.

„Вие ризикувате изгореници затоа што не сте свесни колку е силно сонцето и веројатно нема да ставате крема за сончање толку често колку што треба. Ако сепак сакате да спиете, најдете место под сенка, нанесете крем со заштитен фактор и покријте се со некоја заштитна облека.

„Добро е да поставите аларм на вашиот телефон за да не дремнувате премногу долго, и задолжително ставете многу крем со заштитен фактор“, советува Марутапу.

Освен кожата, постојат и други ризици.

Имено, д-р Клаудија Пастидес предупредува дека може да се појави и дехидрираност.

„Телото треба да ја регулира својата внатрешна температура за внатрешните органи да работат правилно. Тоа го прави на неколку различни начини, а еден од нив е потењето. Тоа може да предизвика дехидрираност, а дехидрираноста може да предизвика слабост, замор, главоболки и вртоглавица. Тешката дехидратација може да биде фатална, затоа проверете дали пиете доволно вода кога е топло надвор и избегнувајте да спиете под директна сончева светлина“, објаснува таа.

Други сериозни проблеми што треба да се земат предвид се топлотен удар и зголемена шанса за развој на рак на кожата. Краткиот сон на сонце може да доведе до изгореници кои тешко ќе ги залечите со денови. Затоа, следниот пат, изберете место во сенка или поставете аларм за 20 минути. Вашето тело ќе ви биде благодарно, пишува Гламур.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Среде ноќ затекнала слон во кујната кој си барал храна

Објавено пред

Рејчадаун Пуенграпс од Тајланд се разбудила во раните утрински часови во саботата, бидејќи слушнала врева. Кога излегла од собата, здогледала непоканет гостин во нејзината кујна.

Слон кој живее во националниот парк, а е познат како Банчуџи, го пробил ѕидот во потрага по храна.

Сопственичката ја пронашла просторијата во целосен хаос – слонот ги растурил фиоките, џвакал пластична кеса и ги фрлил садовите на подот.

„Пуенграпсон не знаела што да прави од неверување, но ја снимила оваа необична сцена на телефон“, пишува Гардијан.

Ова не е прв пат Банчуџи, кој живее во националниот парк Тајланд, да го посети блиското село, бидејќи, како што велат вработените, таму има локална продавница која ги привлекува слоновите поради миризбата на храна.

Според тајландските медиуми, Банчуџи предизвикал штета со упадот во кујната од околу 140 фунти.

Прикажи повеќе...

Забава

Европскиот суд: „Јутуб“ не е одговорен за кршење на авторските права

Објавено пред

Европскиот суд на правдата пресуди дека „Јутуб“ во сопственост на „Гугл“ и други платформи не е одговорен за кршење на авторските права за содржината што корисниците ја поставуваат на своите платформи под одредени услови.

Овој случај е најновиот развој во долготрајната битка помеѓу европската креативна индустрија и онлајн платформите, додека првите бараат надомест за неовластено користење на содржината која се пренесува онлајн.

„Јутјуб“ се најде на обвинителна клупа откако музичкиот продуцент Френк Петерсон гпокрена тужба во Германија, оти корисници на мрежата во текот на 2008 година прикачиле видеа на кои се прекршени авторските права.

Во друг случај, производствената компанија „Елсевиер“ во Германија го тужеше „Cyando“ – сервис што обезбедува услуги за складирање на податоци, откако нејзините корисници прикачиле неколку дела на „Елзевиер“ на платформата без нивно одобрување.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 минути

Европскиот Парламент предупредува- Бројот на мигранти расте, мора итно да дејствуваме

Со доаѓањето на летните месеци на надворешните граници на ЕУ, притисокот на мигрантите расте, затоа е потребно итно и солидарно...

Свет21 минута

Во Бразил рекорден број на новозаразени од коронавирус во еден ден

Во Бразил беше постигнат рекорд со над 115.000 случаи на заразени со коронавирус во еден ден, соопштија здравствените власти. Според...

Економија13 часа

Владата го утврди предлогот за поскапување на горивата, на ред се пратениците

Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието. Владата на денешната 82...

Свет15 часа

Европска здравствена агенција: Делта вирусот ќе доминира во Европа ова лето

Делта варијантата на коронавирусот, првпат откриена во Индија, значително ќе се прошири низ Европа во текот на летото, предупреди Европската...

Топ15 часа

Изгоре камп возило на туристи на Матка

Камп возило на туристи од Полска целосно изгоре на Матка, а уште едно возило е оштетено, соопшти МВР. „Вчера настанал...

Македонија18 часа

Пет нови случаи на Ковид-19, почина 39-годишник од Кичево

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на...

Македонија18 часа

Заев: ЕУ има проблем, ние ќе бараме решение и не се откажуваме од заслужената интеграција

„Европа има проблем. Големата идеја за обединета Европа денес има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека...

Европа19 часа

Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод

Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон уништувач на британската кралска морнарица, ХМС Дифендер, откако влегол во руските води во...

Македонија19 часа

Утре и задутре портокалова фаза: Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години

Во текот на следните два дена (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова...

Македонија21 час

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи...

Европа21 час

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

Oткако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана за осветлување на стадионот во Минхен во боите...

Македонија22 часа

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Три балкански држави се најдоа на австриската листа на безбедни земји за патување. Австриското Министерство за здравство ги објави имињата...

Македонија22 часа

Атина гневна зошто Заев на „Твитер“ напишал македонска фудбалска репрезентација

Грција го замрзнува ратификувањето на меморандуми за соработка со Северна Македонија поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за...

Свет24 часа

Најлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за клима

Недостиг на вода, глад, исчезнување на одредени видови животни и растенија, животот на Земјата, неизбежно ќе се трансформира со климатските...

Свет24 часа

Убијците на Кашоги поминале обука во САД, одобрена од Владата

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година, поминале обука...

Македонија2 дена

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија2 дена

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија2 дена

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија2 дена

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија2 дена

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Досие