Забава
Италијанците полудеа по ова кафе – чекаат и по два часа за да дојдат до него

Само неколку дена по оторањето, првиот „Старбакс“ во Милано ги освои срцата на граѓаните и туристите што чекаат и по два часа за да купат кафе. Пред „Старбакс“ во текот на викендов се формирал ред од 300 метри, кој во ниту еден момент не се намалувал, пренесуваат локалните медиуми.
„Во петокот врнеше дожд, а во саботата имаше сонце. Но, и во двата дена сцената беше иста“, рекле очевидци.
„Старбакс“ во Милано беше отворен на 7 септември, а иако чекаат и по два часа за да нарачаат кафе, Италијанците се жалат дека цените се високи.
„Два часа во ред за кафе од ‘Старбакс’. Нема да чекам ни да ми платат. Немам зборови“, коментирал Матео Салвини, италијански министер за внатрешни работи, кој е роден во Милано.
Инаку, ова е прва продавница на познатиот американски синџир во Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Американец преживеа напад на пума: „Ме гребеше и ме гризаше, но ја задушив“

31-годишниот американец Тревис Кауфман бил нападнат од пума додека трчал по вообичаената рута во паркот на планината Хорстут. Планинскиот лав одеднаш се појавил на патот и се стрчал кон него.
„Тој дојде пред мене и се нафрли врз мене, а стравот што го чувствував одеднаш се претвори во борбен став. Пумата ме гризна за зглобот на раката и почна да ја влече, со канџите ме гребеше по лицето и рацете. Беше застрашувачки“, раскажува Кауфман. За среќа, очигледно станувало збор за млада пума, па Тревис, иако крвавел, успеал некако да ја поттурне на земјата.
„Од тој момент тоа беше, всушност, борачки меч“, раскажува Кауфман и додава: „Имам мачка дома, сум читал нешто за овие диви животни бидејќи сакам да трчам во планините и знаев дека канџите се најопасни. Се плашев со нив да не ми го распори стомакот оти тогаш ќе бидам готов. Но, успеав некако да го отфрлам планинскиот лав на грб и со нозете да му го притиснам вратот. Неколку пати ме изгризе и изгреба. По десетина минути тој престана да мрда“.
Крвави каснувања, гребнатини по целото тело, изгризан нос, се само дел од последиците што ги добил од борбата со пумата.
„Не знам ни сам како успеав да со совладам, но со овие 20-ина сошиени рани се чувствувам како да сум добил џек пот“, вели Американецот што го преживеа нападот на дивото животно.
Ако имате несреќа да бидете нападнати од некое диво животно, статистички е најмалку веројатно дека ќе преживеете напад од ајкула, волк, змии и – токму од лавот.
Бизарно
Во Јужна Каролина се појавија портокалови алигатори

Два алигатора со портокалова боја на кожата предизвикаа забуни кај целата заедница во Јужна Каролина, пишува Си-ен-ен.
Многумина се обиделе да дознаат зошто алигаторите во езерцето, кое се наоѓа во градот Блафтон, одеднаш добиле портокалова боја. Така, некои сметаат дека алигаторите се обоени од страна на навивачи на американскиот фудбалски клуб „Клемсон Тајгерс“ или, пак, дека станува збор за некој чуден вид албино-алигатори.
Orange alligator takes neighborhood by surprise https://t.co/kyiETyIDUs pic.twitter.com/xUcHlBooAV
— WJCL News (@WJCLNews) February 12, 2019
„Ништо од горенаведеното“, рекол Дејвид Лукас од одделот за природни ресурси во Јужна Каролина.
Тој смета дека овие бои настанале поради ‘рѓа во одводните цевки.
„Алигаторите во зима сакаат да пронајдат место за хибернација“, објаснил Лукас.
Here is Friday’s orange alligator pic.twitter.com/w8Ssbd7ZjO
— Ivan K., Rush Chairman (@ScottAnderson54) February 15, 2019
„Можно е некои од нив да завршат во близина на за’рѓани цевки во текот на зимата, па потоа ‘рѓата да ги извалка“, објаснил тој.
Пред две години, во приближно ист период, се појави уште еден портокалов алигатор во мало езеро во Чарлстон. Во овој период од годината времето затоплува, па алигаторите се будат од состојбата на хибернација.
Забава
Две идентични близначки добиле различни резултати од ДНК-анализа

Чарлси Агро и нејзината сестра близначка Карли од Канада ги купиле домашните тестови „AncestryDNA“, „MyHeritage“, „23andMe“, „FamilyTreeDNA“ и „Living DNA“ и ги испратиле своите ДНК-примероци до сите наведени компании на анализа. Иако нивниот ДНК е речиси идентичен, резултатите кои пристигнале од компаниите не се совпаѓаат, пишува порталот на канадската национална телевизија Си-би-ес.
Во поголем дел од случаите резултатите од анализите на секоја компанија го открива потеклото на сестрите во исти делови во светот, но во различни проценти. Сепак, наодот од компанијата „23andMe“ во Калифорнија сугерира дека секоја сестра има уникатни елементи во нејзиното семејство.
Според наодите од „23andMe“, потеклото на Чарлси е 10 отсто помалку „генерално европско“ отколку потеклото на Карли. Таа исто така има и француско и германско потекло (2,6%), додека нејзината сетра нема воопшто такво потекло.
Идентичните близначки се разликуваат и во источноевропското наследство, па така според податоците, 28 отсто има кај Чарлси, а 24,7 отсто кај Карли. И додека источноевропското потекло на Карли е врзано со Полска, кај Чарлси таква врска не е пронајдена.
„Фактот дека имаат толку различни резултати е многу необичен“, вели доктор Марк Герстејн, биолог на Универзитетот Јеил.
Герстејн се сомнева дека се работи за алгоритми кои секоја компанија ги користи за анализа на податоците. „Проблемот е очиглено во пресметките, начините на кои се изведуваат се различни“, смета Герстејн.
Семејството на близначките соопштило дека нивните предци доаѓаат од Сицилија, од Полска и Украина. Но резултатите од ДНК-анализата укажуваат на изненадувачки, дури и конфликтни факти од семејната историја.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал