Контакт

Забава

Каде и да се појави, харизматичната Моника Белучи го забрзува пулсот на присутните

Објавено пред

Таа е една од најгламурозните жени во светот.

Моника Белучи, 55, плени со својата појава на сите манифестации, а тоа се случи и минатиот месец на еден филмски настан во Рим, Италија.

Белучи изгледаше апсолутно феноменално кога пристигна на првиот италијански настан на Академијата за филм, уметност и науки во Рим, во палатата Барберини. Таа се појави во елегантен црн костум и свилен корсет под него.

55-годишната актерка го забрза пулсот на присутните бидејќи под корсетот се наѕираa стомачни мускули и облини.

Голем број од присутните акцентот го ставија на нејзиното богатство, а таа се појави во отмени панталони со широки ногавици, во комбинација со високи потпетици.

Имиџот на бринета со полукратка коса совршено ги заокружи нејзините младешки црти истакнати со гламурозна шминка и дополнително украсени со висечки сребрени обетки.

Ѕвездата на Spectre (од серијалот Џемс Бонд)  го комплетираше својот шик-изглед со елеганта плик-ташна.

Забава

Џорџ Клуни напиша есеј за расните немири во САД

Објавено пред

Оскаровецот Џорџ Клуни напиша моќен есеј за расните немири во Америка, предизвикани од трагичната смрт на Џорџ Флојд во рацете на полицијата во Минеаполис.

„Постои мал сомнеж дека Џорџ Флојд е убиен“, почна Клуни  во текстот објавен во „Дејли бист“ (Daily Beast) во понеделникот. „Расизмот е нашата најголема пандемија. Ги инфицира сите, и по 400 години ние допрва треба да најдеме вакцина.“

Текстот е напишан во време кога Америка влегува во уште една недела на граѓански немири, кога политичките лидери се борат да го контролираат излевањето  бес предизвикан од полициската бруталност, се наведува во медиумите што го цитираат текстот.

Говорејќи за „системски расизам што е вграден во ткивото на американската историја“, актерот додава: Гневот и фрустрацијата што повторно ги гледаме на нашите улици е само потсетник за тоа колку малку пораснавме како земја од нашиот прв грев на ропство.

„Потребна ни е системска промена во спроведување на законот и во системот на казнена правда, односно казнено-правниот систем. Ни требаат креатори на политики и политичари кои одразуваат темелна праведност спрема сите свои граѓани подеднакво “, продолжи Клуни.

Јасно обраќајќи се до претседателот Трамп, тој додава дека на Америка не ѝ требаат лидери што поттикнуваат омраза и насилство

Прикажи повеќе...

Екологија

Откриена нова двојка од најзагрозениот вид мајмуни во светот

Објавено пред

Откривањето на нова двојка мајмуни од видот хајнански гибон дава надеж за опстанок на овој најредок вид  примати, кој се наоѓа на списокот на стоте најзагрозени видови и беше на работ на истребување.

Поради уништување на шумите и ловокрадството, овој вид мајмуни денес живее исклучиво во дел од шумата на кинескиот остров Хајнан.

Во педесеттите години на минатиот век во светот имало околу 2.000 од нив, но во текот на 70-тите тој број опаднал на само десет, пишува Би-би-си.

Според последниот попис, за трипати е зголемен бројот на хајнански гибони (Nomascus hainanus), што значи дека сега се 30, кои живеат во пет одделни групи.

Ваквото закрепнување на загрозениот вид е резултат на напорната работа на луѓето кои работат на проектот за зачувување на хајнанските гибони. Проектот го водат фармата Кадори и ботаничката градина во Хонгконг.

„Не можам ни да замислам како би изгледале шумите кога би ги изгубиле овие прекрасни животни и нивното убаво пеење“, вели Филип Ло, експерт за заштита на животните.

Познато е дека гибоните се движат многу грациозно низ крошните на дрвјата, испуштајќи гласни крикови за обележување на нивната територија. Возрасните гибони обично „пеат“ во двојки за време на зората, со што ги зајакнуваат своите врски.

Гибоните живеат во заедници или семејства кои обично се состојат од еден мажјак, две женки и нивното потомство. Откривањето на петтата двојка што е засебно семејство влева надеж дека овој вид примат нема да исчезне.

Прикажи повеќе...

Забава

Силвестер Сталоне се враќа во документарец за „Роки“

Објавено пред

Трикратниот кандидат за „Оскар“, Силвестер Сталоне, раскажува нов 30-минутен документарен филм за култниот „Роки“ во кој се прикажани снимени сцени кои досега не се видени.

Документарецот ќе се емитува на стриминг-платформата Video on Demand (VOD) почнувајќи од 9 јуни.

Во едноминутниот трејлер „40 години на Роки: Раѓање на класика“, 73-годишниот италијански пастув говори за неговиот иконски лик, боксерот Роки Балбоа.

„Беше рано утро на улиците на Филаделфија. Беше многу ладно, мраз. Само што почнав да чувствувам нешто добро внатре и тие рекоа: Дали си подготвен Слај? Jас им одговорив: Јас не сум, ама Роки е“, вели Сталоне во трејлерот.

„Вие сте среќна личност ако откриете дека најдобриот пријател што некогаш сте го имале е некој лик што штотуку испливал од главата. Некој кој е секогаш тука кога работите стануваат тешки и никогаш не се откажува од вас.“

Документарецот е златен нагет за фановите на Роки и за приврзаната публика, изјави 37-годишниот режисер Дерек Вејн Џонсон за „Индивajр“ (IndieWirе).

„Тоа е шармантно парче филмска историја раскажано од самиот Роки, Силвестер Сталоне, а на публиката ќе ѝ пружи интимно и на моменти емоционално доживување“, вели човекот кој го направи документарецот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија2 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион3 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет3 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет4 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт4 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа4 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет5 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет16 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет16 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија17 часа

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија21 час

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија22 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија23 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија24 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија1 ден

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион1 ден

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија1 ден

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија1 ден

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Досие