Забава
Како Кинезите го победија Холивуд со партизански спектакли

Кинескиот филм „Битката на езерото Чанџин“ заработи повеќе од 400 милиони долари за шест дена прикажување. Некои медиуми тврдат дека нема сличен пример во историјата на филмот.
Кинескиот подвиг во Корејската војна ја продолжува епската опсада во киносалите во земјата, со заработка од преку 400 милиони долари помалку од една недела по премиерата.
Бројките звучат нереално: за четиринаесет дена прикажување, кинескиот пропаганден воен спектакл The Battle at Lake Changjin („Битката кај езерото Чанџин“) заработи повеќе од 633 милиони долари. Филмот заработи рекордни 769 милиони долари на домашните киноблагајни помалку од три недели од премиерата.
Филмот би требало лесно да достигне 800 милиони долари претстојниот викенд, ако не и порано.
Продуциран од Bona Film Group и филмските компании поддржани од државата Shanghai Film Group и Huaxia, ова е најскапиот кинески филм некогаш направен, со продукциски буџет од над 200 милиони долари.
„Битката кај езерото Чанџин“ ги велича кинеските жртви и херојства во реалниот живот, истоимена битка од 1950 година за време на Корејската војна (или позната во Кина како „војна за отпор на американската агресија и помош на Кореја“). Клучна победа за кинеската страна, во историската битка придружена со успешно разнесување на мостот Шуимен, по што американските воени сили беа принудени да се повлечат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Орки напаѓаат едрилици, дали е тоа само игра

Истражувачите се обидуваат да откријат зошто групи орки постојано ги оштетуваат пловилата во Гибралтарската Теснина – понекогаш дури и ги потопуваат. Многумина веруваат дека таквото однесување не е агресија, туку тинејџерски лудории.
„Отпрвин тоа беше само една орка, која скокна од водата и се нурна меѓу двата трупа на 14-метарската едрилица. Ни изгледаше како извидник“, рече Ејми, една од четиричлениот екипаж на едрилицата што минувала низ Гибралтарската Теснина на пат кон Грција.
„Неколку минути подоцна китот се врати – со неколку други. Пет или шест од нив почнаа да удираат во трупот на едрилицата“, вели Ејми. „Не се исплашив“, додаде таа.
Ејми не била свесна за фактот дека има неколку стотици слични инциденти во истата област – некои резултираа со бродоломи. Сепак, досега нема повредени луѓе.
Од јули 2020 година морнарите во Гибралтарската Теснина и по должината на атлантскиот брег на Иберија пријавија напади на орки на нивните пловила, однесување што дотогаш беше невообичаено и ретко.
Орките, наречени и китови убијци, припаѓаат на семејството делфини. Тие живеат колку луѓето и одржуваат блиски социјални контакти со своите семејства. Без разлика дали во ледените води на Антарктикот или во тропските предели, во крајбрежните води или на отворено море, разни субпопулации на орки постојат речиси насекаде.
Истражувачите откриле дека секоја популација развила свои преференции за храна, јазици и однесувања. Досега само популацијата орка иберика (Orca Iberica) развила склоност кон удирање чамци.
По 20 минути, орките си заминале. Но, во тие 20 минути екипажот доживеал емотивен тобоган: фасцинација од изгледот на животните и чистата моќ измешани со возбуда и загриженост поради ризикот едрлицата да потоне.
„Никогаш не почувствував дека напаѓаат. Изгледаше како меѓугенерациска игра“, рече Ејми.
Биологот Моника Виланд Шилдс вели дека толкувањето на Ејми е најверојатното објаснување за она што се случувало тој ден на едрилицата.
„Ако навистина нападнат конкретно, штетата би била многу поголема“, вели бихејвиористичкиот научник и директор на Институтот за однесување „Орка“, научна организација, која го истражува однесувањето на две популации орки во близина на брегот на американската држава Вашингтон.
Истражувачите велат дека орките ги напаѓаат едрилиците од забава, а не од агресија.
Забава
Принцот Хари: „Папараците ме прогонуваат повеќе од една деценија“

Принцот Хари во вторникот и средата сведочеше во лондонскиот Висок суд во рамките на својата тужба против британските весници на „Мирор груп“ за кои тврди дека го хакирале неговиот мобилен телефон пред повеќе од една деценија.
Соред некои медиуми, војводата од Сасекс беше на жар повеќе од седум часа во судницата додека адвокатите на таблоидите од „Мирор груп“ (МГН) упорно тврдеа дека тој нема цврсти докази дека нивни новинари му го хакирале телефонот.
Сведочењето на Хари беше дел од тужбата што тој и уште тројца тужители ја поведоа против издавачот на три весници на „Мирор“ – „Дејли мирор“, „Сандеј мирор“ и „Сандеј пипл“.
На говорницата Хари детаљно раскажа за болката што му ја предизвикале упадите на таблоидите во неговиот приватен живот. Тој нагласи дека таблоидите објавувале написи со детали за него што би можеле да ги добијат само преку недозволени средства.
„Целиот мој живот печатот ширеше приказни за мене и ги прикриваше своите незаконски постапки“, рече Хари гледајќи во судијата. „И седејќи овде во судницава, додека одбраната ги има доказите пред себе, а нивниот главен адвокат сугерира дека шпекулирам, не знам што би кажал за тоа“.
Светските медиуми потсетуваат дека принцот Хари во една пригода рече дека менувањето на медиумскиот пејзаж е негова животна мисија – и оваа гладијаторска битка во судницата може да биде еден од неговите клучни моменти.
Пред него стојат два исхода во оваа правна битка: прво, одлучност да продолжи без спогодба, и второ, да е доволно богат да го преземе финансискиот удар ако загуби.
Забава
Првпат во својата кариера Џенифер Анистон прави куса пауза

Џенифер Анистон никогаш досега не била на одмор.
54-годишната актерка е редовно лице во Холивуд по стекнувањето светска слава како Рејчел Грин во серијалот „Пријатели“ од 90-тите.
Таа објасни дека има намера да се тргне од светлото на рефлекторите следните неколку месеци бидејќи станала прилично изолирана откако морала да седи дома во текот на пандемијата.
„Во нашата работа мора да барате слободно време или да го издвоите бидејќи секогаш има нешто што ќе се појави. Затоа решив да бидам на одмор цел јуни и цел јули“, изјави Џенифер за „Пипл“.
„Никогаш не сум го направила тоа, но навистина мислам дека ќе го сторам тоа. Ќе патувам затоа што не сум патувала откога почна пандемијата. Станав многу изолирана. Но, време е да го надминам сето тоа. Многу е лесно да се падне во агорафобија по оваа пандемија. И одбивам да дозволам да се случи такво нешто“.
Во меѓувреме, ѕвездата на „Марли и јас“ продолжи да дава совети за добро здравје истакнувајќи дека научила да јаде правилно и да спие правилно за да остане во форма.