Контакт

Забава

Како Меланија Трамп ја одржува линијата: никогаш не јаде сурова риба, сака зеленчук и овошје

Објавено пред

Поради нејзината завидна фигура, многумина ги интересира што јаде Меланија Трамп и како ја одржува витата линија.

Првата дама на Америка во своите мемоари откри кое јадење никогаш не го јаде кога патува. „Дадов до знаење дека не јадам сурова риба“, рече таа. Имено, кога Доналд Трамп и таа беа во официјална посета на Јапонија, таа јасно им порача на вработените да не ѝ носат суши на масата.

„Сè уште се обидував да пробам локална кујна секогаш кога е можно. Таа вечер во Токио оброкот беше одличен спој на вкусови и текстури и беше најдоброто претставување на јапонската кујна. Ги задоволи моите преференции“, напиша таа.

Меланија следи здрава исхрана и не сака диети. Пред неколку години во интервју за „Џи-кју“ таа откри дека денот го почнува со смути или овесна каша за појадок.

Нејзината цел е да јаде најмалку седум парчиња овошје дневно, но таа не се одрекува од слатките. Иако се храни здраво, понекогаш се препушта на чоколадо, сладолед или „кока-кола“.

„Немам одредена закуска што секогаш ја јадам. Ако ми се јаде, би грицкала овошје или чоколадо. Мислам дека тоа е она што му треба на телото. Добро е одвреме-навреме да се задоволувате со вашата желба сѐ додека ги балансирате тие работи со здрава исхрана“, рече таа.

За ручек најчесто јаде разни салати, а за вечера месо и зеленчук. Меланија пие многу вода за да остане хидрирана и никогаш не претерува со мрсна или висококалорична храна.

За да остане во форма, таа вежба секојдневно во својот дом, најчесто наутро. Таа рече дека прави пилатес, дома шета со тегови на глуждовите и игра тенис. По раѓањето на синот Барон, манекенката откри дека здравата исхрана и часовите по пилатес два-трипати неделно ѝ помогнале да се врати во форма.

Најново

Свет8 минути

Лавров: НАТО предизвика длабоки кризи секаде каде што интервенираше

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека НАТО предизвикал длабоки кризи во земјите во кои интервенирал, оценувајќи дека...

Регион21 минута

Во Љубљана тестираат трамвај без шини, чини повеќе од два милиони евра

На улиците на Љубљана започна тестирањето на ново возило кое градските власти го нарекуваат батериски трамвај. Возилото, кое се движи...

Македонија28 минути

Беким Сали во Вилнус: Проширувањето на ЕУ треба да донесе напредок заснован на заслуги и конкретни придобивки

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, престојуваше во работна посета на Литванија, во пресрет на...

Македонија30 минути

Во Собранието одбележани 35 години од донесувањето на Уставот

Денеска, во Собранието, се одржа настан по повод – „35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав“, во организација на...

Забава45 минути

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт1 час

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион1 час

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија1 час

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија1 час

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...