Контакт

Забава

Како се бодува Евросонг и зошто дојде до пресврт во финалето

Објавено пред

Драматичниот крај на Евросонг во кој до последната секунда со читањето на гласовите од публиката не се знаеше кој ќе победи предизвика бурни коментари на социјалните мрежи околу системот на гласање.

Иако Шведска и Македонија по гласањето на стручното жири беа на врвот на листата, гласовите на публиката целосно ја сменија сликата на табелата и победи претставникот на Холандија, пишува „Индекс“ кој го образложува начинот на гласањето во финалето.

Начинот на бодување според кој првопласираната земја добива 12 поени, втората 10, третата 8 и така натаму е воведен во 1975 година. Од почетокот на ова натпреварување до крајот на 90-те гласаше исклучиво жири комисија, а потоа беше воведено и гласањето на публиката.

Пред неколку години правилата беа повторно сменети и оттогаш највпечатливите можат да добијат гласови и од жири комисијата и од публиката (50:50). До тоа дојде за да се стави крај на „добрососедското гласање“, но и за шоуто да биде поинтересно. Овогодишниот пресврт во финалето е доказ дека тоа навистина ги зачинило нештата.

Секоја земја која учествува има стручно жири составено од поединци кои се истакнати во подрачјето на медиумите и музичката индустрија. Тие составуваат листа на поени и најдобрите 10 песни според нивното мислење добиваат поени од 1 до 12. На исти начин се составува и листата од телефонските гласови.

Доколку дојде до тоа две песни да имаат исти број на гласови, предност има онаа која добила повеќе гласови од страна на публиката.

Иако Македонија (237) и Шведска(239) имаа поголем број гласови од Холандија (231), на крајот од публиката добија помалку гласови и тоа им ја oдзеде победата.

Шведска од публиката доби 93 поени, а Македонија 58, додека Холандија доби 261 поен. Македонија од второто место, по гласовите на публиката заврши на осмото место, што е најдобар резултат постигнат досега на ова натпреварување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Нејтан Џенкинс најсексапилниот пожарникар во светот

Објавено пред

Кога објавивме календар на австралиски пожарникари пред неколку недели за 2020 година, жените буквално излегоа настрана.

Годинава, за првпат, на календарот на австралиски пожарникари се појавија и пожарникари од Германија и Франција, што сведочи за популарноста на овој календар и желбата на сите оние кои се занимаваат со таа напорна работа да бидат во него.

Сепак, еден од пожарникарите се издвојуваше особено.

Неговото име е Нејтан Џенкинс, а во видеото може да се види зошто тој ги фасцинира жените во светот, и тоа не толку со изгледот колку со неговата љубов кон животните.

Календарот може да се купи за 20 долари, а во Австралија, од 1993 година до денес, од продажбата на календарот се собрани 3 милиони долари за добротворни цели.

Прикажи повеќе...

Забава

Кели Мекдоналд ќе глуми во полициска драма

Објавено пред

Кели Мекдоналд ќе глуми во следната серија на полициската драма Line of Duty или Линија на должност, како енигматична инспекторка чие неконвенционално однесување предизвикува сомневање.

Ѕвездата на „Trainspotting“ ќе ја игра главната детективска инспекторка Џоан Дејвидсон, висок истражен службеник во нерешено убиство.

Мекдоналд ќе им се придружи на водечките актери Мартин Комстон, Вики МекКлур и Адријан Данбар во шестата епизода на серијата.

Авторот Џед Меркурио рече дека им претставува чест што ја имаат во тимот актери.

Шкотската актерка неодамна играше ожалостена мајка во „The Victim“ (Жртвата) а моментално е полицаец Сара Вајцман во трилер-серијата Giri/Haji на Би-би-си.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Bрук Шилдс – слика на елеганција во црн фустан без ракави

Објавено пред

Брук Шилдс во понеделникот зачекори на црвениот тепих на модната гала вечер на корпортаивиот фонд Линколн Центар во Њујорк.

Помалку од 24 часа подоцна Брук Шилдс беше повторно во својата најдобра верзија за причина блиска до нејзиното срце: настан организиран од Институтот за деца –  2019 Child Mind Institute Advocacy Dinner – што се одржа во Мидтаун Менхетен.

Меѓу присутните за прославата на 10-годишнината од доделувањто на наградите се најдоа Мери-Кејт Олсен, Џеси Ајзенберг, д-р Рут Вестхајмер и домаќините на гала вечерта Али Вентворт и Џорџ Стефанопулос.

Шилдс (54) се одлучи за црн фустан без ракави, кој ја истакна нејзината фигура во комбинација со појас со потемна нијанса црно околу половината.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија6 часа

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа8 часа

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија10 часа

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Македонија10 часа

Русковска со порака до судија од Апелација: „Од гаќи ќе ве истресам, ако вие сте ја пуштиле Катица“

По најавата на обвинителката Вилма Русковска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите од Апелација кои вчера донесоа одлука за...

Македонија11 час

Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан...

Македонија12 часа

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија12 часа

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија12 часа

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука13 часа

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија13 часа

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Европа14 часа

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Свет14 часа

НАТО проширува операции и во вселената

НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и неодамна и сајбер-просторот, велат извори...

Македонија14 часа

Димитров во Брисел на состанок со сојузниците од НАТО

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува...

Регион1 ден

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија1 ден

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа1 ден

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија1 ден

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Досие