Контакт

Забава

„Канибалска дрога“ се шири низ Европа, предизвикува тешка параноја

Објавено пред

Новa дрога која чини помалку од еден сендвич почна да се шири во Европа. Нејзиното име е флака, а ја нарекуваат и „канибалска дрога” и се увезува од Кина.

Луѓето што ја консумираат мирисаат на урина од мачка, но тоа не е најголемиот проблем, бидејќи една жена која ја користела ѝ ги ископала очите на својата мајка, зависник од флака му го одгризол лицето на бездомник, а еден дрогиран човек се обидел да има секс со дрво.

Флака изгледа како сол за капење и може да се јаде, да се шмрка или да се зема интравенозно со инјекција.

Дрогата предизвикува еуфорија и ја зголемува самодовербата, како кокаинот, но разликата е во тоа што флака доведува  до тешка параноја и губење на чувството за реалност.

Забава

Студентка доби рак поради грицкање на ноктите и – палецот ѝ беше ампутиран

Објавено пред

Дваесетгодишна Британка почнала да ги грицка ноктите бидејќи била жртва на мобинг во училиште. Таа никогаш не можела да престане со таа навика. Конечно, станало толку страшно што таа целосно си го одгризала нокотот на својот десен палец. Нокотот никогаш повторно не ѝ пораснал.

Во едно интервју Кортни рече дека многу се срамела поради тоа и на никого не му кажувала, а палецот го криела пред членовите на семејството и пријателите, односно ставала вештачки нокот. Само неколку дена подоцна, кога кожата на нокотот станала црна, студентката им кажала за својот проблем на родителите и побарала помош од лекар.

Кога ја дознала дијагнозата, Кортни била потполно шокирана. Никогаш не помислила дека грицкањето на ноктите може да предизвика рак, изјавила 20-годишната студентка по психологија. По три неуспешни обиди да го спасат палецот со операции, лекарите, конечно, морале да ѝ го исечат прстот. Ракот веќе се проширил толку многу што се заканувал со опфаќање и на раката.

 

Отсега таа мора редовно да оди на контроли и да ја тестира крвта за да биде сигурна дека болеста не се вратила. Бидејќи лекарите не знаат точно каде се наоѓа ракот на нејзината рака, можно е да ја ампутираат ако меланомот почне повторно да расте.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Девојче роди негово дете, а тој тврди дека самата се оплодила со негова сперма

Објавено пред

Маж од државата Њујорк во Соединетите Американски Држави е обвинет за силување  девојче (11) кое остана бремено, а тој тврди дека таа самата себеси се оплодила со неговата сперма, објави „Мирор“.

Роберт Кронин ја изнесе својата одбрана во полицијата откако девојчето се породи. Според ДНК-тестовите, било утврдено дека Роберт е татко на детето.

Таткото на пет деца изјави дека девојчето забременило со користење парче облека на кое претходно тој се самозадоволувал.

Полицијата во Њујорк го обвини дека имал секс со малолетничка.

Тој не негираше дека е татко на детето, но тврди дека немал секс со малолетничката.

Полицијата не му верува, а девојчето и нејзиното бебе се однесени на безбедно место, каде што се добро згрижени.

Прикажи повеќе...

Забава

Папараци ја фотографираа Анџелина Џоли откако се дозна дека Бред има нова девојка

Објавено пред

Светските медиуми ја пренесоа веста дека Бред Пит е во врска со колешката Шарлиз Терон, а со неговата поранешна сопруга, Анџелина Џоли, тој сé уште води судска постапка за развод.

Анџелина, на која, како што пишуваат светските медиуми, не ѝ е сеедно поради новата љубов на Бред, деновиве времето го поминуваше со наследниците. Папараците ја фотографираа додека тренираше  спортско качување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија4 часа

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија4 часа

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Македонија5 часа

Наумовски: Парите за повисока плата се планирани во случај да се промени законот

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, тврди дека засега нема да зема повисока плата и ќе чека законски измени...

Македонија5 часа

МВР за 50 илјади евра ќе се консултира за набавка на услуги за изработка на биометриски документи

Со проценета вредност, без ДДВ, од 3.000.000 денари, или приближно 50 илјади евра, МВР објави тендер за консултантски услуги за изготвување проектна...

Македонија7 часа

(Видео)„О2 иницијатива“: Оставки, доста ни е од пиар-мерки против загадувањето

„Ова што го прави власта не е борба против загадувањето. Ова се пиар-мерки за намалување на бесот кај граѓаните и...

Македонија8 часа

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во...

Економија8 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за...

Бегството на Груевски8 часа

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски9 часа

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести10 часа

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија10 часа

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет10 часа

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија11 час

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион12 часа

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Свет12 часа

(Видео) Супер волшебна месечина: Ретко целосно затемнување на небото во северната хемисфера

Илјадници луѓе на северната хемисфера се бореа со ниските температури за да го видат целосното затемнување на Месечината, феномен познат...

Свет13 часа

Поради снежна бура во САД откажани 5 000 летови

Поради снежната бура и последиците од естремно ниските температури што ги зафатија сојузните држави во централните и северноисточните делови на...

Свет14 часа

„Кликни за молитва“ : Папата Франциско промовираше католичка мобилна апликација

Папата Франциско лансираше нова дигитална платформа во своето традиционално неделно обраќање што ќе им овозможи на верниците да се молат...

Македонија1 ден

Со мерките за загаденоста, властите се борат со последиците наместо со проблемот

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања...

Досие