Забава
Канје Вест доби тужба, не вратил изнајмена облека

Компанија за изнајмување дизајнерска облека и луксузни модни производи поднесе тужба против Канје Вест бидејќи наводно не плаќал такса за изнајмување и не вратил дел од облеките.
Според документите до кои дојде ТМЗ, компанијата бара 221.000 долари неплатени трошоци за изнајмување и дополнителни 195.000 долари компензација за облеките што недостигаат.
David Casavant Archive е колекција на најретки и најпосакувани облеки во светот“, со седиште во Њујорк, според веб-страницата на компанијата.
„Казавант“ тврди дека раперот и дизајнер не вратил 13 од 49 ретки и вредни парчиња облека што ги изнајмил во март 2020 година. Канје наводно ги вратил другите 36 облеки без проблем, но од крајот на октомври 2020 година престанал да ги плаќа трошоците за преостанати 13.
Помеѓу 49-те артикли наведени во фактурата на Дејвид до Канје – со кој соработувал од 2014 година – има и уникатна винтиџ тексас-јакна од Хелмут Ланг, бомбер-јакна од „Гучи“, чија цена е 5.000 долари, и мрежеста маица од „Долче и Габана“.
Во последните два месеца раперот не беше многу присутен во јавност или на социјалните мрежи, но пред две недели присуствуваше на церемонијата на доделување БЕТ-наградите 2022, каде што му ја врачи наградата за животно дело на Шон (Диди) Комбс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Илон Маск призна дека има таен профил на Инстаграм: Ми служи само за една работа

Најбогатиот човек на светот откри дека има таен профил на Инстаграм, а го отворил само поради сексуалната жед.
Основачот на „Тесла“ Илон Маск беше гостин во поткастот на популарните јутјубери Нелк бојс, а во интервјуто ги откри своите сознанија за вонземјаните, го предизвика Путин на УФЦ борба и ја предвиде третата светска војна.
Меѓу другото, тој се осврна и на темата социјални мрежи, вклучувајќи ја актуелната сага со „Твитер“ и проблемот со слободата на говорот на социјалните мрежи.
Маск, кој неодамна се најде во центарот на брачна афера, откри дека има таен профил на Инстаграм кој служи како „стапица за жед“, алудирајќи на објавување или пребарување содржини со сексуално привлечни конотации.
Станува збор за терминот „замка за жед“, кој се однесува на еден вид објава на социјалните мрежи наменета за сексуално привлекување на корисници. „Жедта“ на гледачот претставува сексуална фрустрација. Замката се поставува со намерно објавување на провокативна содржина која ја мами реакција на другата, заинтересирана страна. Откако епрвпат ќе реагира, личноста паѓа во стапицата и ја признава својата „жед“, односно својата потреба за вас.
Маск призна дека го отворил профилот за да може да кликне на различни линкови, но искуството не му се допаднало.
„Направив многу селфиња и различни с*ања и си реков: ‘Што е ова, човече? Зошто го правам ова?’. Се работеше за тоа како да добијам повеќе лајкови“, призна милијардерот.
Поткаст-епизодата со Маск беше објавена на „Јутјуб“ на 5 август и собра речиси седум и пол милиони прегледи.
Забава
Бред Пит има листа на актери со кои никогаш повеќе нема да соработува

Бред Пит има список на актери со кои повеќе нема да снима повторно, според неговиот колега од „Експресен воз“ (Bullet Train), Арон Тејлор-Џонсон.
Холивудската легенда (58) чува белешки за актери што ги сака и за оние со кои не сака повторно да биде на снимање, исто како и Арон.
„Тој сака да внесе светлина и радост во светот и да биде со луѓе што се таму за да се забавуваат“, рече Тејлор-Џонсон за „Вараети“.
„Работите со многу актери и по некое време почнувате да забележувате: дефинитивно, никогаш повеќе нема да работам со оваа личност“.
Тејлор-Џонсон исто така откри дека Пит сака да глуми со Сандра Булок и Џои Кинг.
Забава
Ен Хеч останува во критична состојба по сообраќајната несреќа

Американската актерка Ен Хеч сè уште е во кома кога нејзиното возило се запали по сообраќајната несреќа“, потврди нејзиниот претставник.
Ѕвездата на „Дони Браско“ беше пренесена во болница по несреќата што се случи во Лос Анџелес во петокот вечерта.
Портпаролот изјави за медиумите: „Претходните извештаи во медиумите во кои се наведува дека Ен Хеч е стабилна не се точни. По несреќата, Ана остана во несвест, падна во кома и е во критична состојба“.
Во соопштението стои: „Таа има сериозна белодробна повреда, која бара механичка вентилација, и изгореници за кои е потребна хируршка интервенција“.
53-годишната актерка глумеше во „Дони Браско“, „Седар Рапидс“ и римејкот на „Психо“ од 1998 година.
Според Противпожарната служба во Лос Анџелес (LAFD), возилото на Хеч „го зафатило силен оган кога се забило во двокатна куќа“.
Тие потврдија дека жената пронајдена во возилото била пренесена во болница во критична состојба, а станарот на куќата е без повреди.