Контакт

Забава

Канје Вест со емотивно деби во живо на новиот албум

Објавено пред

Канје Вест доби бурни овации по премиерата на неговиот долгоочекуван десетти студиски албум „Донда“ на стадионот Mercedes-Benz во Атланта во четвртокот вечерта.

Откривањето на албумот на 44-годишниот рапер беше емитувано преку директен пренос на „Епл мјузик“, а на настанот присуствуваше и неговата отуѓена Ким Кардашјан Вест заедно со две од нивните четири деца.

„Донда“, насловен по покојната мајка на раперот, Донда Вест, им дава на побожните фанови поглед во неговиот турбулентен брак со Ким, а ја прикажува и соработката со Џеј Зи и Тревис Скот.

По пристигнувањето со модерно доцнење на настанот, Вест се појави со полупроѕирна маска на лицето и црвен комплет, кој алудира на соработката Yeezy x Gap. Тој продолжи да чекори низ арената под рефлекторите. Насекаде имаше поставени звучници од кои ечеа разни нумери на албумот.

Арената „Мерцедес-Бенц“ може да се пофали со капацитет од 71. 000 места за седење, а Вест наводно им подарил 5.000 билети на студентите во областа Атланта, Џорџија, а некои фанови платиле неколку стотици долари за место“, според „Шоубиз 411“.

Забава

Принцот Вилијам го отфрли барањето за крштевање на Лилибет во Британија

Објавено пред

Крштевката на Лили најверојатно нема да се случи во Обединетото Кралство, откако висок член на кралското семејство, наводно, сугерирал дека тоа не е добра идеја, тврди кралски коментатор.

Лилибет Дијана, најмладото дете на принцот Хари и Меган Маркл, допрва треба да дебитира на територијата на Обединетото Кралство по нејзиното раѓање во Санта Барбара, Калифорнија, во јуни.

Без јавна фотографија на детето, почнаа да се шират шпекулации за тоа што војводата и војвотката од Сасекс планираат за нејзиното крштевање.

Кралскиот дописник на Ен-би-си, Нил Шон, тврди дека е малку веројатно Лилибет да го помине денот во капелата Сент Џорџ во Виндзор поради наводна интервенција на висок член на кралското семејство.

“Еден од поголемите проблеми со кои Меган се соочува е тоа што сака нејзината ќерка Лилибет Дијана да биде крстена на истото место каде што се венча со нејзиниот сопруг принцот Хари и каде што се оддржа крштевањето на нејзиното првороденче, Арчи,“ тврди Шон.

„Но, очигледно е дека има сериозен застој. И Хари и Меган беа многу заинтересирани да го направат тоа враќање и да се погрижат овој чин да се случи во присуство на нејзиното височество кралицата.“

„Некои луѓе може да речат дека само ја капитализираат својата кралска врска и зошто да не? Така сега заработуваат пари.“

„Но, тука истапи една личност која во основа одлучи дека нема апетит за ова, личност која навидум сега засега не е спремна да се бакне и да се смири со својот помлад брат.“

Шон понатаму тврди дека според добро информиран извор, принцот Вилијам бил тој што во основа рекол: не, ние не мислиме дека ова ќе функционира, тоа не e особено добра идеја.

Кенсингтонската палата одби да коментира.

Прикажи повеќе...

Забава

Ги жалам жените во вашиот живот: Џули Тан возврати на негативните коментари за нејзиното тело 

Објавено пред

Сингапурската актерка Џули Тан, која замина на Малдиви за својот 29. роденден, објавува фотографии и видеа од својот одмор и нејзините нуркачки авантури, вклучувајќи и некои во бикини.

Но, некои луѓе, кои го исмејуваат нејзиното тело и на Инстаграм и на Тикток, ја натераа да возврати.

„Имам многу хејтери со остри коментари за моето тело, рамни гради… аеродром јада јада… Уште еден коментар нема да направи разлика!“ напиша таа во описот на објавата на Инстаграм на фотографија од неа во сино бикини.

Меѓу недоличните коментари беа оние што ги споредуваа нејзините гради со пистата на аеродромот Чани, Сингапур.

„На сите несигурни момци кои коментираат за моето тело, ги жалам жените во вашиот живот. Минато, сегашност и иднина”, додаде таа во коментар.

Прикажи повеќе...

Забава

Командант Крег: Ѕвездата од серијалот 007 стана почесен офицер на кралската морнарица

Објавено пред

Британската кралска морнарица во петокот соопшти дека sвездата на серијалот Џејмс Бонд, Даниел Крег, е прогласен за почесен командант во службата – истиот чин што го има и измислениот таен агент.

Во шпионските трилери на Јан Флеминг, кои всушност ја создадоа филмската сага, Бонд е поморски ветеран од Втората светска војна, кој работи за британската тајна служба со „дозвола за убивање “.

Крег беше прогласен за почесен поморски офицер пред лондонската премиера на No Time To Die, негово петто и најверојатно последно појавување како 007.

Од почетокот на серијалот во 1960-тите, Бондовите трилери донесоа добредојден, иако неофицијален и фиктивен публицитет за британските воени и разузнавачки служби. Вооружените сили на Велика Британија дозволија да се користат бази и персонал за потребите на најновиот филм „Не е време за умирање“.

Првиот Лорд Адмирал Тони Радакин, началник на Кралската морнарица која соработуваше со Даниел и екипата на најновиот филм, рече дека Крег е познат по тоа што во последните 15 години беше командант Бонд – поморски офицер кој ја чува Британија безбедна преку мисиите низ светот, рече адмиралот, додавајќи дека тоа го прави и Кралска морнарица секој ден, користејќи иста технологија и вештина.

Почесните поморски офицери се всушност амбасадори на службата.

„Воодушевен сум што можам да му посакам добредојде на почесниот командант Даниел Крег во Кралската морнарица. Нашите почесни офицери дејствуваат како амбасадори на службата, споделувајќи го своето време и стручност во пренесување порака за она што нашата глобална, модерна кралска морнарица го прави низ целиот свет,“ рече адмиралот.

„Даниел Крег во последните петнаесет години беше командант Бонд – поморски офицер кој ја чува Британија безбедна преку разни мисии. Тоа го прави вистинската Кралска морнарица секој ден, користејќи технологија и вештина како и самиот Бонд.“

53-годишниот актер изјави дека се чувствува привилегиран и почестен што ја доби титулата, што му доделува ист ранг како и неговиот најпознат лик, Џејмс Бонд.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Серија земјотреси во Грција, урнати згради и други објекти

По силниот земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, што утрово го погоди грчкиот остров Крит, следеа неколку...

Европа2 часа

Тесна победа на Социјалдемократите во Германија, партијата на Меркел втора

Германските Социјалдемократи (СПД) изборија тесна победа на националните избори, покажуваат првичните резултати и освоија мандат да формираат влада првпат од...

Свет3 часа

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечниот „локдаун“ за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во останатиот дел од...

Македонија4 часа

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија5 часа

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ19 часа

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион19 часа

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија20 часа

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија24 часа

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа1 ден

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија1 ден

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија2 дена

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија2 дена

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа2 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион2 дена

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа2 дена

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија2 дена

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија2 дена

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија3 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Досие